Добро утро! Бојава е инспирација од небото денес, прекрасно е уште од сега. Кој рано рани, се тушира со топла вода. (Ова важи за тие што живееме во студентски дом да не се разбереме погрешно..) Освежена и разбудена си го пијам првото нескафе. Денов ми започна со песнава: http://www.youtube.com/watch?v=_4fCUCLg_Ts Ја немав слушнато одамна, а порано едно време многу ја сакав.. Имајте убав ден, што и да правите уживајте и искористете го времето до максимум!
Добро утро и од мене! http://www.youtube.com/watch?v=kIJ7f2-BQrU имајте убав ден, не го испуштајте сонцето.
Мора да биде добро! Кафе и скок во спална кај мама и тато ко да имам три годинки. Појадоче и дремење пред компјутер - барање сајтови со душеци, за мојот кревет да добие нов газ! Рокнете гласно музика што ви се допаѓа и грицкајте го денов полека, во мали залаци. Чиао!
Добро утро и од мене! Не верував кога вчера ја читав временската прогноза за денес.. Си реков нема шанси бе! Се разбудив сабајлево, гледам врне снег и правец назад во кревет. Не мора да се оди денес на факултет. Барем ова можам да си го дозволам сеуште. Кога ќе се почне со работа ќе биде научна фантастика..
Добро утро,среќен празник и од мене Нека ни е наздравје кафето ,па одам по набавка на поклони.Знам дека ќе биде хаос,иако на времево ич,ама ич не ми се искача Имајте убав празничн ден
добро утро женички мои, нека ви е среќен празникот мене ми почна убаво со бакнежи, цвеќе и бонбони од колегите. ви посакувам прекрасен ден