Добро утро на сите Среќен 8ми март Денес во 8 требаше да станам,а станав во 10... Многу ми се спиеше Порано ќе завршиме на училиште, па ќе одам да купам цвеќе за мајка ми. Ама оти снег да врни уште?
Ви посакувам мои сончеви пријатели, какво што беше и моето, и уште поубав ден! Стапката на убавина нека постепено се зголемува. Се разбудив без будилник ( ), утринскиот ритуал од доручек и кафе е завршен, звучникот е до максимум.... и ова грдо времиште нема да ме спречи да уживам во животот. Има да излезам, макар пеела walking in the rain. Без разлика дали синоќа си легнавте рано или пак имавте малце побурна ноќ, напијте се по едно кафе, дали сами или во друштво, но нека биде кафе онакво какво што најмногу ви прави мерак, затоа што по утрото денот се познава. Ете јас ќе ја споделам мојата шолја кафе со вас... затоа што сметам дека е одличен начин да го започнеме денот. Се надевам денес само убавини ќе ве снајдат. И иако надвор се чини дека небото ќе ни падне врз глава, вие замислете си дека летаат роеви пеперутки. Ако не ви успева да си замислите, врзете си неколку на чадорот. И веднаш светот станува поубав. Ве поздравуваат Кокиче, Бубамара, Скакулчо и убавата Јас П.С. И не го заборавајте доручекот
Добро утро и од мене. Не дозволувајте врнежливото време да ви го расипи расположението. Имајте убав викенд.
ДОБРО УТРО НА СИТЕ.. Јас пред пола саат бев разбудена ос моето кутре кое отвара врати ми влезе почна да ме лиже и ме разбуди..СРЦКА МОЈА МАЛА.