Нека е за арно девојки. Проблемите од вчера, се смалија денес. Проблемите денес се поголеми од тие утре. Ама се живее, се тера. Се додека се будам во вакви утра, добро е.
Добро нека е. Сакам кафево да ми траеше денес некако подолго, многу брзо го испив! Ве поздравувам со прекрасната Ерта Кит. http://www.youtube.com/watch?v=uZ1zrXC5 ... re=related
Добро утро од мене Одам да го искористам денот,пред да се упропасти со пензионерите Расположена за шопинг и кафе со најмилите
Бидејќи ретко се случува да станам вака рано, еве и јас еднаш да ви посакам добро утро. На сите вас феминки! Имајте убав ден, исполнет само со насмевки
Еј ти... да ТИ... Добро утро! Ми се допаѓа твојата насмевка... Затоа не заборавај да се насмeеш денеска..ок?
Најдобро нека е! Открив нова фасцинација - растурање стар накит и од него калемење нови парчиња Денес на таа ракотворба ќе се посветам колку можам. Се’ до поинтересното следно нешто, па да излезам надвор
Добро утро и од мене драги мои Кога на некој ќе кажеш добро утро, нели е барем културно да ти врати? толку од културата за денес Убав ден, кафе, сонце, кварцање по сабајле надвор
Добро утро девојки..ајде станувајте сабота е , викенд ,слободен ден, нека ви биде исполнет и многу убав