Добро утро Феминки. Ви посакувам убав неделен ден. Едно кафенце, излезете на тераса , одморете од напорната работна или учебна недела и уживајте во прекрасниот пролетен ден .
Добро утро девојчици. Ако сака небово нека се отвори и истури од дожд, вие бидете си вакви . Јас ќе сум .
Добро утро на сите феминки Кај мене времето е ужасно ама нема да дозволам да ми го расипе доброто расположение со кое се разбудив Ви посакувам убав ден и на сите вас, започнете го со вашата омилена песна и уживајте во секоја минута.
петочно, дождливо утро. ме држи опасна главоболка од вчера а тек во школо треба да одам. да се надеваме ќе бидам подобро . Добро утро!
Лејдис, иако надвор е сиво, тмурен и дождлив ден ... вие бидете сончеви и расположени и поделете шолја кафе и некој интригантно интересен муабет со вашите пријателки.
Тоа е тоа будење кога времето одеднаш е есен, сите постови и статуси се меланхолични, и просто сакаш да се телепортираш на плажа. Но што ако! Добро утро драги мои, гушнете го небово, ико се мршти!
Добро утро на сите кои станале покасно. Немојте да му се лутите на времево. Наместо тоа, соберете се и зближете се со блиските под еден кров. А со љубениот, уште толку љубете се.
Добро (ј)утро радни народе! После 12 е ден, арно ама тука спанки има доста. Спремни ли сте за супер хупер дождлив ден ? Ви почна ли денот рано како на мене? Јаооо звучам ко водителка на утринска програма! Изволте, куќа части! Ова ме опишува мене денес:
Убаво започнат ден, се надевам ке биде воедно и совршен ммм Продолжено со играње фудбал на тераса со братчето мое
Добро утро,девојки и од мене.Имајте прекрасен ден,иако претпоставувам може да не изненади,сепак уживајте...