Добро утро мои феминки,незаменливи трачарки,најубави критичарки,одлични психолози,бесплатни психијатарки со вистински вкус и изглед на дами.Ве поздравувам.Уживајте во уште еден сончев ден
ама доброутро-што да ви кажам врти се сучи се цела нок не можев да заспијам, а во 2 и нешто на мама и се случило нешто навистина страшно(да не си ги чуствува рацете) почна да се плаши, да плаче цела во паника со татко ми, само што слушнав, веднаш станав и што да видам-за срека реагираше на моите нокти, значи нервите се ок, ама од што така и се случува незнам, а на доктор не може да оди-нема кој да ја замени на работа, колешката е на деловен пат, и надлежните нема да и одобрат слободни денови кутричка моја мајка, паничарка е , и се си зема при срце.гледам околу 7 часот се разбудила, и ми кажува на татко ми што да прави-да си остави тестамент се по ред како што треба, а мене ми објаснуваше некои работи што и како да направам во случај неа да ја нема-не ми требаат ни пари, ни накит, ни имот ни ништо СИ ЈА САКАМ МАМИЧКА и незнам што би правела доколку неа би ја немало, ме фака страв(и таа ми призна дека и неа исто и е страв) арно му велеше таа на дедо ми покоен(татко и ) да оди по цркви и манастири, да пали свеки и да се моли за сите нас ама тој не ја послуша-од како го паметам дедо ми не бил побожен
Во точак фазон сум утрово, не знам што ми е И си најдов сликичка со кафенце и во него се измолкнало едно точаче. Па наздравје! И бидете среќни и умни.
Денес,зрачете со својата единственост,со својата уникатност,бидејќи вие сте посебни,неповторливи,нема копија на вас,затоа сте прекрасни такви какви што сте! ИМАЈТЕ ПРЕКРАСЕН ДЕН!