Добро утро Ден од кој зависи многу. Го пијам кафето ,додека мм се тушира,а двајцата не кажуваме збор.После неколку разоарувања,може ќе ни се насмевне среќата. Имајте си убав вторник. Како што гледам заладување некое и нема баш Наздравје кафе
Добро утро и од мене, нека ни е на здравје кафенцето на сите што го пиеме во моментот и имајте убав ден.
Добро утро женски. Наместо кафе, си направив чај од мед и камилица. Наместо со автобус, пеш ќе одам денес дома. Наместо да јадам џанк фуд, ќе си зготвам летно манџиче денес. Наместо да кукам дека сум сќофтана, ќе си возам точак вечер. Важно е да се почне од некаде!
Добро ви утро my darlings Нешто многу ми се затера последниве неколку дена рано да станувам. Некогаш од што морам, почесто од што не морам. Денов ќе ми биде работен. Вам нека ви биде ден за уживање http://www.youtube.com/watch?v=QCpTRyKM ... ure=relmfu Ви подарувам љубов грст.
Добро утро џенцки. Ајде да си имате убав викенд, да се одморите, да наполните батерии и да се изнауживате со вашите најмили.
Еве и јас порано да станам, до вчера си легнував ова време, ама денес рекорд, во 5 легнав. Добро утро. Имајте убав викенд каде и да сте.
добро утро феминки...и јас да се наспијам како што треба, после месец дена... времево денеска е прекрасно,сонцево блеснало еве баш вака ..заминав да уживам во денот, имајте и вие убав и исполнет ден.