Добро Утро Феминки ! Станата сум веќе 2 часа, па редно беше да ја посетам и Фемина ~ Имајте убав ден.
Отворив СДК и таму една листа постови со натажени мисли и влажни очи. Да не звучам како старите безобразни страници на весниците па да ви речам да го зграпчите денот или дека после дождот сонце изгрева или па да го цитирам Владо со што и да е ќе помине. Она што е важното, е надежта да остане. Еден ден сме долу, другиот 10спрата погоре. Ако сме доволно силни, се ќе пребродиме, сепак...жени сме нели Добро утро фемина http://www.youtube.com/watch?v=B3t2T30lfq4
..Моменти полни со исчекувања, а тука се провлекува и доза на хедонистичка нишка, која го прави истото ова утро посебно и единствено во низата утра. Денеска не барам ништо повеќе од спокој - по можност од оној утринскиот, молим лепо. Шолја полна какао со многу цимет, за добар почеток на денот, а богами и на неделата . И не знам дали имам некогаш спомнато, ама Скопје е најубаво насабајле. Кога улиците се полу - празни, а ти одиш по улица Македонија, вдишуваш со полни гради од утрото и сфаќаш дека покрај се' - ти тука припаѓаш. И продолжуваш да сонуваш со отворени очи, не спротиставувајќи се на реалноста. Добро утро http://www.youtube.com/watch?v=zywDiFdxopU
Добро утро! Уште една непроспиена ноќ, ама вредеше колку илјада најслатки соништа... мир, тишина, спокој, најпосле убави и позитивни мисли, малку креативност, малку музика... после долго долго време го гледав изгрејсонцето и просто ми падна криво колку изгрејсонца имам пропуштено, а секој ден го има...
Епа добро утро и од мене, денов ми почна рано, удрив еден туш и сега ќе одам на турнир во училиштето. Чао.
Добро утро фемина и Среќен празник на сите. Нека ви биде денов насмеан било да сте на излет или протест еве за со кафенцето од Сара Убаво мириса утрово
Добро утро драги феминки, имајте убав и весел ден. Нека им е честит празникот на сите кои го празнуваат http://www.youtube.com/watch?v=yZRKigaPDO0