Добро утро и добар ден, како за кого ... успешен и позитивен почеток на неделава ... Љубов во големи количини
Ај добро утро. Имајте убав ден сите денес, не се замарајте многу, многу и онака нема фајде. Ај уште по едно кафе отсабајлечки и може да стартува денот.
Едно од ретките утра кое ти овозможува да дишиш со полни гради од денот. А јас решив денеска да дишам со полни гради не само од денот, туку и од животот. Онака, вдишувам и пробувам што повеќе да задржам во мене . ,,Свежо'' утринско сонце, стандард какао со цимет и очи полни сатисфакција. Денеска се чувствувам како апгрејтирана и не можам да го симнам идиотскиов смешак од лице. И што да ви кажувам, од кога чекам само еден дожд да заврне а никако го нема. Сакам времево да е тмурно и одвратно. Ми фали мрчење на таа тема. Добро утро бе девојки .