Имам еден од оние дежа ву денови каде што седиш со какаото во раце и гледаш низ прозорот слика која веќе 100 пати си ја видел, ништо не се движи, а ни менува. А јас? Јас се`уште мечтаам по моменти. Погледнувам напати надвор и тмурново време ме исполнува до бескрај. Колку и да се неправедни некои работи, пред нас е денот ... А и животот. Преку глава ми е од оние кои постојано само вегетираат. Покрај се', барем утрата искористете ги максимално. Ова е уште едно во низата утра, кои те оставаат без здив. Те зграбува и те носи во водите на спокојот, убавото и реалното. Ми лајк ит а лот. Повлекувам линија тука и одам пред книгата, додека желбава за учење не киднала . А, и да, сакам нови пижами! Со некој лик од цртан филм! Така утринсково тлеење би ми било исполнето до врвот. Добро утро! http://www.youtube.com/watch?v=LLsg_Lk8 ... re=related
Медиокритет насекаде, неразбирлив сарказам и срцепарајучи муабети на ниво. Ете како ми помина вчера денот. Ме освести за убавините и глупавоста на нештата и за потребата од постоењето. Очајно многу ми требаше самоударов, ми делуваше како утринско кафе - ме расони! Работиве што ги изнакажав колку и да се не сврзани, толку се и логични кај мене во глава . Иронија на постоењето. Безтензично утро, стандард какаото до мене и список на песни за симнување. My life is a roller coaster & stuff фазон, заврши. Ако, се радувам. Т.е не, тукушто почнува. Ќе се шишам. Кратко. Сакам да сменам. Кога и да сакам да сменам нешто, секогаш почнувам од косата . Сабајлево сончево и глупаво надвор. Не знаеш што да облечеш, се осеќам како посрана гугутка. Што ако јас лупнам балетанка а некоја у школо ми дојде со чизма? Ово че бити неизвесен ден, предосечам уште од петокот кога закажав. Добро утро, терајте го денов како што знаете и умеете, вие влечете ги конците на марионетата. http://www.youtube.com/watch?v=lT67liGjZhw Се заразив со песнава, мислам дека на секое можно место ја постирам. Сега и во мобилен ќе си ја ставам.
Добро утро мили феминки.. Иако за мене не е добро,почнува работно,во брзање,и збунетост,тие што уживаат во утрото блазе им... поззз