Добро би ви годело едно кафенце Времето надвор е баш овака,искористете го денот и онака е празник,немате работа Може да седнете со друштво на појадок,супер ке си поминете. http://data.whicdn.com/images/39646831/ ... _large.jpg Имајте убав ден!
Префорсираност насекаде. Фацијални експресии кои те издаваат и дефицит на концентрација. Тиња беше, признавам. Периодов ми е некако ... што знам, неинспиративен можеби?! Сакам да се вратам во нормала. И ќе се вратам. А денов така убав. Штета ќе биде да не се искористи, барем еден мал дел од него. Добро утро девојки, излезете надвор и оставете да ве погали сонцето. И дишете. Дишете со полни гради од се'што ви се нуди денеска. Впивајте и давајте позитивност, на светот му треба. http://www.youtube.com/watch?v=x9MvUdR6j3w
Добро утро, фино утро, миризливо утро на нова постелнина и чиста коса. Можеше ли да биде поубаво? Кафенце, турско, во убава шоља, појадок, не во кревет, надвор, во трева, со карирано ќебенце околу рамењата и чинија со јуфки и сиренце. Ова е навистина убаво
Топло и меко ќебенце, стандард чајче од портокал, убава музика и денот може да започне. Размислувањето и тупењето на мозок за непотребни работи ќе го оставам настрана. Барем денеска. Имам големи очекувања и искрено се надевам дека нема да ја укакам работава и овој пат! Едноставно, силно посакувам промена! А, како беше онаа клише изреката „Ако нешто силно посакуваш целата вселена ќе направи заговор тоа да ти се оствари“. Добро утро девојки. За мене секое утро проследено со својата убавина, е од круцијално значење! Денеска сакајте! За возврат ќе добиете многу повеќе.