Добро (есенско) утро. Милина ми е. Не ми се излегува од пижамкиве со бели цветичи и топлинките што Тој ми ги купи да ме греат кога не е тука . Уживајте
Иако сум само 5-6 саати спиена, не ми смета. Добро утро на сите, имајте прекрасен почеток на неделата.
Добро утро фемина! Сеуште сум во потрага по песна за вторник, не сакам да е тмурна, нит весела. Некоја која баш ќе му одговара на вторник (ако имате некоја на ум, пуштете ми ја ). Го избркав месје Поаро од сонот, фантазијата му ја оставам на креветот. Во денов има многу што да се дофати и постигне. Толку многу незнајни лица што секојдневно прават херојски чекори, толку многу мајки што се борат на правиот начин да си ги израснат своите деца. Малите работи го прават човекот голем, дури и оние толку секојдневни и дел од животот кои се нормални да течат. Кафе ми треба за да не бладам вака чудно по темава на здравје денов и да, пожолтуваат лисјата на дрвјата, инспирации навираат, а јас сакам да сум овде, да ловам чувства, роси и да ве поканам на шолја чај и колачиња Спојлер
Добро утро и од мене до сите вас,имајте убав ден-мојот започна веке одамна со пензионериве ,се буткаат се тепаат-абе хаос!!!!
Крајно непродуктивен период, пропратен со голема доза на самодеструктивност и квази автентичност. Се прашувам само каде исчезна онаа хиперактивност која знаеше да ме замота околу себе и да не ме пушта долго време. Егоистичната страна доминира, дури и најдобрите егоисти некогаш - би можеле да ми подзавидат. Интересно е чувството кога имаш подочњаци до колена и си спиен само еден саат, а денов што следи гледам дека ќе ме исцрпи максимално. Мајка ми ме прашува што ми е. Е и јас сакам да знам. Она стаклено ѕвоно кое ме покрива, ме спречува да истражувам.. А од областа вегетирање и остало, благо речено се усовршив. Почнати и недовршени книги и еден куп шолји за чај, е се што имам околу мене периодов. Колку оригинално, нели? Утрово сакам да шетам низ празни улици со топло какао во рацете, дебел џемпер и мозочните ќелии ќе ги земам успат, доста беа во фаза на изумирање. Ми фали оној утрински спокој и тупење мозок за разно-разни непотребни работи. Никогаш не сум можела целосно да ја дефинирам онаа фаза на индолентност и слично, арно ама времиња се менуваат. А јас денеска се што сакам е денов да го преспијам. Па не барам многу! Сакам што поскоро да дојде понеделник и се да започнам повторно со полна пареа. Вие имајте добро и убаво утро и држете ми среќа да го поминам денов некако . Колку е глупав петоков, ни самиот не е свесен ...
Добро утро на сите Да ви кажам право многу убаво ми почна денов,се надевам и ќе трае убавото во него барем до вечер.Самата помисла дека е петок ти го разубавува денот нели ?
добро утро. кај мене кафето испиено, сега одиме на витамини - малце овошје, за убаво да ми помине денов сепак ова ми долгоочекуваниот петок...јеее