Уште еден ден за исполнување или рушење соништа. Октомври е полн изненадувања, веќе еднаш реков ми стојат чизмичките во плакар. Кафето ми има сомнителен вкус утрово, погледот од прозорец ист, воздухот во канцеларијава загушува, додека животот надвор продолжува, земјата си се врти, некој исполнува... И ладно и топло и меко и портокалово. Оваа есен, како пролет, само со потврда земја под засушената трева, а нашите цвеќиња дома се во полн цут, се радуваат, шаренеат. Убави бои, убави музики. Нека потрае. Добро утро, убав ден, впијте сонце на кожа, портокалови нијанси на очи, зраци што продираат романтично и нежно и љубовно, листови што крцкаат од бол или љубов. Насмевнете се http://www.youtube.com/watch?v=KMVougGT7xI
Добро утро! Нека овој ден денесе повеќе радост и смеа, повеќе љубов и насмевки. Да се радуваме на ваквите прекрасни денови зошто се многу ретки. Уште малку студот ќе го чувствуваме во коските. Овој ден е создаден за убави работи...
Веќе е добар ден xD Времето е супер за да се прошетам,но училишните обрврски не сакат да ги напуштам...............
Почнав да размислувам што се случува со мене во последниов период. Што има ново, до каде имам всушност стигнато. И заклучив дека периодов немам ама баш никаква цел. Немам кон што да ги насочам мислите, ниту кон што да се стремам тенденциозно да го исполнам тоа. Нула, зиро. Ми се пие топол чај од јагода, ми се тропка со чизми низ улица Македонија и ми се јаде топло ѓеврече со многу сусам. Сакам слики, сакам спомени, сакам жолти лисја. Сакам свеж воздух и планина. Сакам ајвар, макар вредел некое кило плус. Гајле ми е. Ќе ги средам и тие наредната недела . Денеска ќе собирам спомени. Само ќе бидам пажлива ептен, не сакам некој да ми помине туку така низ прсти. Сакам да го впијам и да уживам во него. Mи се штрака со апаратот, а ме мрзи да го наполнам. А во овој период најмногу си го сакам маалово. Ми мириса на ајвар, ми мириса на чад, ми мириса на свежо сечени дрва. Раштркани мисли, вишак енергија и тек-таму зраци од нескромново сонце. Добро утро, денеска трошете го денов рационално. Јас заминав да го гледам светов како се буди...