Си се присетив вчера на едно дамнешно време, кога телевизорот не ни се менуваше од програмата на МТВ. Кога се будевме и заспивавме со Дајте музика, Ѕвон, бушавата азбука, македонските народни приказни и оној бушав сладок актер кој некоја година потоа умре мислам дека ми беше меѓу првите љубови Пеевме во дует со мама една песничка, па ми се разубави денот, неделата...Се будам со песна, ги измислувам, ископувам од праисторија. Се смееме. Ме нарекува бонбонче (поради моите изуми за дождовна облека, од теме до пети во ќеси). Ја сакам. Убави детски денови, ние сеуште си крадеме по малце од детската душа додека се будалиме. Таа секогаш гледа позитивно, па и кога не кара си прави некоја смешка По едно цвеќенце за сите мајки денеска. Нека ви е добро утрото. Повелете сеќавања http://www.youtube.com/watch?v=-Mhb84VOcso
Добро утро, девојки Имајте прекрасен ден, бидете опкружени со оние што ги сакате. Бидете среќни, но најважно, не дозволувајте некој да ја расипе вашата среќа.