Добричко утро за сите. Станав уште во 7 и половина. Си ја испив чашата со несквик. Сега си ги подготвив макарончињата. Плус органското чајче. Убаво ми е. Со дечко ми имаме светла можност пред нас. Имаме големи шанси да создадеме нешто наше, интимно. Се бориме за нас, може досега тоа одеше со бебешки чекори, но барем истите се цврсто изодени со искреност и љубов. Денеска сакам да му се заблагодарам на животецот што ми го донесе него.
Добро утрооо, ви посакувам сите да имате прексрасна работна недела и уживајте во сонцето додека го има
Добро утро феминки , денес е нов ден , нова надеж , правете го тоа што ве исполнува и ве прави среќни и нема да зажалите
Секој нов ден е нов благослов. Не дозволувајте вчерашните грешки да ви ја уништат убавината на денешниот ден бидејќи секој нов ден ветува нова надеж, љубов и нова радост. Добро утро! Имајте среќен ден и успешна работна седмица!
Добро утро Феминки!!! Утрото нека Ви започне со добро, јако и утринско кафе. Сите Вие кои сте на работа, денеска не се оптоварувајте со газдите и не им ставајте премногу акцент зошто се страшни снобови. Терајте си ја работата и најдете нешто убаво во малите,ситни нешта без да се замарате зошто на тој начин сешто е грдо околу вас ќе исчезне. Сконцентрирајте се на ,,платата,, која едвај си ја чекате и која што нема да Ви ги покрие ниту осмина од трошоците. Поздрав и добро утро и до оние кои не се на работа, преместете се на другата страна од перницата и спијте уште малку зоштовремето надвор е ужасно. ПОЗДРАВ И УТРО НАЈГОЛЕМО ИСПОЛНЕТО СО НАСМЕВКИ ДО СИТЕ!!!