Добро утро Феминки!!! Утрото нека Ви започне со добро, јако и утринско кафе. Сите Вие кои сте на работа, денеска не се оптоварувајте со газдите и не им ставајте премногу акцент зошто се страшни снобови. Терајте си ја работата и најдете нешто убаво во малите,ситни нешта без да се замарате зошто на тој начин сешто е грдо околу вас ќе исчезне. Сконцентрирајте се на ,,платата,, која едвај си ја чекате и која што нема да Ви ги покрие ниту осмина од трошоците. Поздрав и добро утро и до оние кои не се на работа, преместете се на другата страна од перницата и спијте уште малку зоштовремето надвор е ужасно. ПОЗДРАВ И УТРО НАЈГОЛЕМО ИСПОЛНЕТО СО НАСМЕВКИ ДО СИТЕ!!!
Добро ви утро на ситееее, се наспавте ли ? Нека денот ви помине во добро расположение,бидете позитивни среќни весели За кое кафе го одбирате за да се расоните ?
Добро утро феминки. Имајте убав ден исполнет со насмевки и со луѓе кои ќе ве стоплат на ова студенило! Посакувам и јас да имав... Туку одам во Скопје, држете ми среќа по мое да испадне работата што ја имам...
Добро утро мачиња!! Имајте убав ден исполнет со позитивни мисли и завршени работи како што треба . Даниела ти држиме среќа
Добро утро на сите! На сликава е прикажан мојот омилен почеток на денот и сакам да го споделам со вас. Утрово се разбудив свежа и полна со елан, уживајќи во топлото додека го гледам студот од безбедно. Имајте убав ден, а јас одам да си го направам првото .
Добро утрооо на ситее. Феминки сакам на сите да ви посакам убав ден убава работна недела и убав крај на 2013 година. Уживајте сите во последните денови од оваа година,смејте се бидете исполнети ,среќни здрави,сакани,почитувани...
Добро утро женски Ни дојде уште еден понеделник. Иако временцево вришти и не тера да останеме дома, не му го прајте ќејфот ! Имајте убава работна недела, бидете вредни, продуктивни, среќни и задоволни за после да имате уште подобар викенд. Да се расониме со кафенце