1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доверба

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Webstica, 22 јули 2012.

  1. Webstica

    Webstica Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    52
    Сите знаеме дека е тешко да се стекне доверба во некого, а истата може да се изгуби само за еден трен.
    Што кога ќе ја изгубите довербата во некого? - дали се трудите истата да ја повратите? А што ако некој кај вас ја изгуби? Дали сте ја повратиле некогаш довербата кон таа личност во целост? :?:

    Јас многу тешко стекнувам доверба кај некого но кога е стекната е стекната, човекот многу го почитувам и тешко ја губам но ако така стекната доверба нешто ме наведе да ај изгубам тоа за мене е големо разочарување и кога ќе ја игубам повеќе на тој човек не можам да му верувам ама речиси никогаш нема да му верувам! :!:

    а што се однесува до мене јас имам приметено дека луѓето многу бргу стекнуваат доверба, многу големи тајни ми имаат доверено те кај мене останувале, секогаш се трудам да бидам реална и директна и најверојатно тоа ги прави да ми веруваат, но ако изгубам нечија доверба се трудам да ја повратам на сите можни начини, како што сум ја стекнала така се трудам да ја добријам но ретко кој изгубил доверба у мене барем засега така има заприметено.

    На форумот не приметив дека има тема за Општа дискусија за довербата, но ако сметате дека истата е дупла тогаш може да оде во канта.
     
    На Janina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Доверба.

    Нешто што тешко се стекнува а лесно се губи-кај мене барем.
     
  3. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Доверба.

    Немам доверба кај луѓето. Но кога ќе ја имаат кај мене малку потешко ја губат. Макар што се зависи од ситуацијата :)
     
  4. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Доверба.

    :clap: за темава...Многу нормално дека кога ќе избубиш доверба во некого многу потешко ја стекнуваш повторно..дури понекогаш никогаш не ја стекнуваме... :!: И според мене (многу тешко во ова време можеш да стекнеш доверба кај луѓето зашто секој гледа на некој начин да те за*бе ,а он да биде у плус)исто така кога ќе ја стекнеш при првата грешка веќе ја губиш... :| :x :nod:
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Доверба.

    Кога доверба е во прашање, човек мене комотно може да ми се исповеда што би се рекло и ништо од тоа што ми го кажал во доверба, нема да го проговорам на друга страна.Нема шанси.Бидејки ме почитувал како личност со самото тоа што ми го кажал во доверба, а и поради тоа што сум така воспитана.Не сум таков тип на човек што кажува работи на друга страна кои не се за кажување.
    Додека, за мојата доверба кон некого, тоа го правам доколку увидам дека се работи за личност која знае да го зачува тоа што и е кажано во доверба, зависи од тоа како таа личност ќе се постави спрема мене, како и тоа доколку ја познавам со години.Доколку се случи јас да ја изгубам довербата во некого, едноставно нема да бидам блиска со таа личност и толку.За некои нешта да опстанат, треба да бидат взаемни.
     
    На CaperucitaRoja и Serafima им се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Доверба.

    Никому не верувам целосно, ниту дечко ми, ниту никој. Само самата себе си верувам. А јас сум човек од доверба, ценам што некој се отворил пред мене да каже за некои работи и не зборувам кај ке стигнам. Но јас, неможам така, има многу работи кои никој не ги знае, без разлика дали се чувства и емоции или некои скриени мисли. Јас не знам како е можно некој целосно и слепо да верува и да кажува се што има на ум на дечкото или сопругот. Сестра ми еднаш ми рече: Мажот нека те знае од вратот до стапалата цела, ама да не знае што во главата мислиш. Има многу вистина во тоа, знам за случаеви каде во доверба ке кажат на дечкото нешто и токму од него после прекин на врската излегува тоа во јавноста, зборува каде ке стигне. И затоа многумина од машките можат своите девојки да ги вртат на малото прсте, бидејки знаат се за неа, и знаат точно каде да удрат за да биде по нивно. Значи, по мое, мала доза мистичност не е на одмет. :)
     
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Доверба.

    Ја стекнувам кај луѓето многу полесно отколку што тие ја стекнуваат кај мене.
    Свесен сум дека имам проблеми со довербата во луѓето, но тоа и не е баш хендикеп во денешни времиња.
    Сум ислушал многу исповеди, тајни и ништо не "протекло" на друга страна, никогаш.

    Ми се случило да ја стекнам во некој и да ме разочараат, после што е неверојатно тешко да се вратат нештата во нормала. Односно, мислам и дека не се случил рикверц од таква ситуација.
     
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Доверба.

    Кај никој немам целосна доверба, ама баш кај никој, секогаш постои мало жарче на сомнеж и не знам како е можно целосно да се верува на некого. Себе си најмногу си верувам. Има работи за мене кои никој не ги знае, буквално никој, остануваат кај мене. Не верувам дека еден ден ќе сретнам некој на кој целосно ќе можам да му кажам се, моите тајни, слабости, чувства, емоции... Тешко стекнувам доверба во луѓето, додека пак луѓето лесно стекнуваат доверба во мене, не знам зошто. Секој може да ми каже било што без да се грижи дека тоа ќе испадне од мене, бидејќи го почитувам фактот дека таа личност што ми кажала нешто го кажала тоа бидејќи имала доверба и почит кон мене како личност и која корист би ја имала јас ако го кажувам тоа наоколу? Никаква. А кај личност кај која сум имала доверба и ја изневерила, ставам крај, значи толку е, односите стануваат поладни и ништо не е како порано, ја избегнувам таа личност колку што можам, а за споделување со неа не правам ни муабет.

    Еднаш кога ќе се изгуби нешто, тешко се враќа. Дури и да се врати, ништо нема да е како порано. Затоа отварам 4 очи пред некому да кажам било што.
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Довербата ја стекнувам во зависност од тоа каква личност е и како се однесува. Ако мислам дека ја познавам доволно личноста и според постапките ја заслужува довербата тогаш ја има мојата доверба.
    Што кога ќе ја изгубите довербата во некого?
    -Ако ја изгубам довербата во некого многу тешко повторно ја враќам назад или воопшто не ја враќам. За повторно да имам доверба треба многу да се потруди личноста да си ја поврати довербата или ич да не се труди зошто нема да ја добие.
    Не сум многу доверлива иако ете ќе ја споменам Горде таа е единствениот форумски лик на кој и открив една тајна која никој не ја знаеше на форумов (знае таа која), се погоди моментот и и кажав зошто ја сметав како доволно зрела дека ќе ја зачува тајната и така и бидна. :)
    Ми имаат откривано тајни, ама се што ми кажале останало помеѓу мене и личноста. Дури многу интимни тајни ми имаат кажувано веројатно зошто ме сметаат за човек од доверба и тоа и сум. Кога ќе речам дека нештото останува помеѓу тие четири ѕида и тоа е така. :)
     
  10. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Довербата е нешто што кога ќе се изгуби неможе да се врати. Тешко се стекнува а лесно се губи. Стекнав и изгубив доверба само со 1 личност која на некој начин и ме освести каков е светов и колку лицемерството владее со него...
    Затоа целосна доверба немам ама баш во никогу. Искрено кога би требало да побарам совет или мислење за нешто повеќе би се доверила на форумов каде што знам дека ќе ми се даде искрен совет и мислење отколку на некои личности кои (не)намерно би ми го кажале она што (не)сакам да го слушнам...
    Имам 2 другарки кои се доста стабилни како личности па би можела да кажам дека покрај мајка ми тие се единствените во кои имам доверба дека ако барем ништо друго нема муабетот да го слушнам раскажан во некоја 3та варијанта.
    На дечковци никогаш не се доверувам многу бидејќи и некогаш неможам да планирам и да знам до кога тој дечко ќе се задржи во мојот живот па затоа кажувам толку колку што мислам дека е доволно за врската да функционира.
    И да, никогаш не кажувам нешто на некогу што сум ветила дека нема да го кажам никогаш на никогу.
     
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Малку сум чудна, ама што да правам :wasntme: .
    И да ја изгубам довербата во некој, пак ќе најдам некое малечко делче од мозаикот и пак ќе ги оправдам нивните постапки. Навистина ги заборавам и оние нешта кои ми ги направиле. А за понатаму, иста сум. Некако не ми дава душа да се променам и да бидам како нив.

    За себе само би кажала, довербата си е доверба. На никој не би кажала нешто што е кажано во доверба :) .
     
  12. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Кога еднаш ја губам довербата , нека си ебе мајката :D доволно е само здраво со тој човек , многу сум лошичка :devil:
     
  13. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Јас не губам лесно доверба во некој. Треба да ме разочара неколку пати за да видам дека не ме почитува, дека залудно е се што правам кога не е возвратено, дека ме лаже упорно и слично. Давам шанса, давам уште една, трета ако треба, ама ако после тоа остане исто, тогаш толку и од доверба и од се.
     
  15. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Во сите имав доверба ама не требало така :shake::shake: цц сите ја изгубија довербата во мене и сега тешко ќе ја стекнат
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Немам во никој 100 % доверба,ниту сум имала некогаш,немојте ни вие,еден добронамерен совет ви давам,имајте си свои тајни и маки кои ви лежат на душа,и нека бидат само ваши,зошто како рекле тоа што му го доверуваш на твојот пријател може да го каже на неговиот пријател:D
     
    На 2212 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  17. Anna-marija.

    Anna-marija. Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Во денешно време не може да се верува на никого и ништо.
    Иако, довербата е бесплатна и не кошта ништо, често е на невидено. На крај, ако ја загубиме - ја плаќаме по највисока цена и скоро никогаш во потполност не ни се враќа.
     
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Негде прочитав - не треба да се има доверба нити на сопствената сенка, во мракот и таа те напушта!

    :!: среќничка сум и имам личности во кој имам безрезервна доберба :nod: рака во оган ставам!
     
    На elimkd, I I и Anna-marija. им се допаѓа ова.
  19. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Постарите велат: Не вервај од левото на десното (демек око). Се помал е бројот на луѓе во кои можеме да имаме полна (100%) доверба, но сепак има исклучоци кои ни покажуваат дека и во огромни трња никнува чат-пат по некој трендафил. Инаку, довербата е таква работа што кога ќе се разниша никогаш повторно не може да биде цела.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Од ден на ден, се помалку доверба имам во луѓето.. и некако тешко ми е :(
    Можеби постапките се виновни?
    Не се доволни зборови за доверба.. најчесто празни муабети се без дела.