Зависи од самата личност. Постојат многу добри глумци во денешно време кои знаат да направат разни интриги за да те убедат во нешто и да ја стекнат твојата доверба за после да те скршат. Постојат и такви кои не глумат и се понаивни, па не секогаш знаат како да ја стекнат твојата доверба. Не можам на секого да верувам. Понекогаш тешко ми е самата на себе да си верувам и имам доза на сомнеж, не па во некој друг. Многу тешко стекнувам целосна доверба во некого, но штом ја стекнам, најчесто таа останува. По природа сум личност во која секогаш може да се има доверба и затоа се стремам тоа да го докажам, не само да зборам. На крајот, веројатно тој што треба да ти се довери, ќе ти се довери. Тој што треба да те повреди, ќе те повреди. Колку и да ги анализирам луѓето, секогаш, ама секогаш делата покажуваат сè. Тие или ги потврдуваат кажаните зборови или го покажуваат спротивното.
Довербата е човечка потреба за нечија поткрепа која тешко се стекнува, а лесно се уништува. Низ годините луѓето ја злоупотребуваат наклонетоста и го менуваат значењето на поимот со постапките. Ретки се оние што зборовите ги претвораат во дела.Секојдневието покажува дека разочарувањата се поголеми од вербата и блискоста. Довербата постои се додека не се појави сомнеж.
Добербата не претставува ништо друго освен една единствена молекула која го содржи хормонот oxytocin. Луѓето кои имаат поголемо количество на oxytocin во телото, имаат повеќе доверба, моралност, емпатија и конекција со другите луѓе. Но нивото на хормонот oxytocin во телото го променува социјалното однесување на еден поединец, и истото зависи од повеќе фактори. Јас воопшто немам доверба во никого, ниту пак другите емоции за кој овој хормон е одговорен но сум научила како да живеам на тој начин и тоа ми е сосема прифатливо, како и разбирливо од научен и од психолошки аспект. Со оглед на моето минато, би рекла дека причината поради која јас имам многу ниско ниво на oxytocin е поради траумата која го спречува чувството на емпатија. Многу добро знам дека на човек никогаш нема да можам да верувам и затоа кај мене автоматски се исклучува производството на хормонот за доверба - не сум способна за вистински односи и емоции со други луѓе бидејќи моето тело научило една важна лекција од минатото. Исто така, не можам да ги сфатам луѓето кои ги обвинуваат другите кога нивната доверба ќе ја злоупотребат - вистината е дека секој треба да биде свесен за постапките од своите дејствија. Ако едно од тие дејствија е и доверувањето, секој треба да биде свесен дека тоа носи и одреден ризик. Затоа апсурдно е да се обвинуваат другите кога вие самите сте одлучиле да споделувате нешто во доверба со некој друг. Ама знам дека не сум целосно виновна за ова - навистина ми е патетичен фактот што човекот ја уништува довербата како една од основните алатки со кое општеството треба да се конструира и надоградува. Самиот човек е свесен дека претставува социјално суштество по природа и дека нивото на не/доверба ја создава самата општествена реалност во која луѓето живеат. Ова покажува дека човекот е навистина деструктивен кон себе бидејќи општеството се наоѓа на работ помеѓу доверба во она што е познато од секојдневното искуство и непредвидливоста на нови можности. Без доверба, секогаш треба да се земат предвид сите можности, а тоа брзо доведува до параноја и до парализа на неактивноста. "Trust is good, control is better" - Vladimir Ilych Lenin
Довербата тешко се стекнува, долго се гради, а може лесно да се изгуби. Имам доверба во најблиските, а за останатите мерам, анализирам и внимавам.
Правилната доверба е двонасочна улица. Ако често луташ во слепа улица,тогаш џабе ти се обидите за блискост.