Договор за доживотна издршка и договор за поклон

Дискусија во 'Правни совети' започната од kara-kara, 18 март 2013.

  1. kara-kara

    kara-kara Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Прво сакам да кажам дека целиот имот кој се води на име на мојот татко е стекнат во брак со мајками кои сеуште се живи.Од нивниот брак тие имаат две деца кои исто така се живи .Пред неколку години таткоми дел од имотот го има препишано на едното дете со еден догорор за плодоуживање, а друг дел го има подарено исто така на истото дете со договор за поклон и дел има оставено на негово име.Моето прашање е :Дали мојот татко има право да направи такви договори со едното дете без согласност на мајками и дали овој договор може да се поништи по смртта на мајками ,бидејки имот стекнат во брак е сопственост на брачните другари подеднакво,и дали овде е повредено правото на мајками ,и дали по смртта на мајками јас може да барам нужен дел од дел на мајками ,бидејки таа нема дадено согласност на тие два договора и јас како нејзин наследник може од нејзината половона да барам нужен дел?Сакам некој да ми одговори кој дабро ја познава оваа материја .
     
  2. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Ova prasanje e mnogu interesno i slozeno i bara poseopfatna analiza, bidejki od ova sto go naveduvas ne moze mnogu da se objasni bez da se vidat i procitaat site dokumenti i da se izanalizira popodrobno.
    Samiot dogovor za plodouzivanje ne e praven osnov za prenos na pravoto na sopstvenost, toa e samo praven osnov odredeniot imot da go vladee i koristi, megjutoa so toa ne se zadira vo moznosta ponatamu toj imot da se nasleduva. Vo vrska so dogovorot za dar, dokolku e povreden nuzniot del, moze da se pobiva so redovna tuzba pred nadlezen sud, no samo dokolku darot e napraven vo poslednite 90 dena od zivotot na darodavacot.vo ovoj slucaj ne mozes da go pobivas so takva tuzba bidejki tatko ti e uste ziv, a i pominati se (najverojatno) 90 dena otkako e napraven. Vo slucajov, majka ti moze da podnese tuzba pred redoven sud da se PONISTI dogovorot za podarok bidejki e napraven i sklucen bez nejzina soglasnost!!!( ova e propust i na samiot notar koj MORAL DA POBARA SOGLASNOST I OD BRACEN DRUGAR PRI NEGOVATA SOLEMNIZACIJA !...bidejki se raboti za imot steknat vo brak !!! taka da trk i odma da se podnese tuzba za utvrduvanje nistovnost na dogovor za podarok vo koja tuzen ke bide tatkoto a tuzitel majkata !!!
     
  3. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Машки
    Ова прашање е многу интересно и сложено и бара посеопфатна анализа бидејќи од ова што го наведуваш не може многу да се каже без да се видат сите потребни документи и да се изанализира подетално.
    Самиот договор за плодоуживање не е правен основ за пренос на правото на сопственост, и претставува основ одреден имот да се владее и користи, без да се задира притоа во правото на негово наследување.
    Договорот за подарок може да се напаѓа со тужба пред редовен суд, доколку со него е повреден нужниот дел на нужниот наследник, но само доколку е сторен во последните 90 дена од животот на оставителот, што во конкретниот пример не е случај.
    Она што може да се примени во случајов е мајката да бара со тужба пред редовен суд Утврдување на ништовност на договорот за подарок, затоа што е склучен надвор од нејзината волја, и без нејзина согласност, (правото на поднесување на оваа тужба не застарува), а ова е пропуст и на самиот нотар кој НЕ СМЕЕЛ да солемнизира ваков договор без согласност и на брачниот другар, затоа што станува збор за имот стекнат во брак !!!
    Затоа трк и одма да се поднесе тужба за утвдување на ништовност на договорот за подарок, во која како тужител ќе се јави мајката а тужен ќе биде таткото !!!
     
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.943
    Пол:
    Женски
    Дали договорот за издршка се наследува?
     
  5. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    137
    Мене ме интересира дали е возможно да се откажи определена личност(А) од потпишаниот договор дека поклонува стан на друга личност (Б) по нејзината смрт, а во меѓувреме наследникот умира ?
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    si.exs знаеш како те разбрав јас, дали може умрениот да се откаже од договор за дар што го дал :rofl:
    Значи уште еднаш, кој да се откаже, тој што го дава подарокот или тој што го прима?
    Еве од закон за облигации во кои ситуации може да го отповика дарувачот договорот

    Отповикување на дарот и договорен поврат на дарот
    Член 563
    (1) Дарувачот може да го раскине договорот и да го отповика
    направениот дар, во случај кога даропримачот со своето однесување кон
    него или на нему блиско лице, покаже крајна неблагодарност.
    (2) Ова право преминува и на наследниците на дарувачот.
    (3) Ова право престанува со истекот најмногу на една година сметајќи
    од денот кога дарувачот дознал за неблагодарноста на даропримачот, а
    најмногу по истек на пет години од покажаната неблагодарност.
    (4) Во случај на отповикување заради неблагодарност, даропримачот
    е должен да врати се што примал на име дар.

    Отповикување на дар поради немање на средства за живот
    Член 564
    (1) Дарувачот кој нема доволно средства за живот, или за издржување
    на лицата кои по закон е должен да ги издржува, може да го раскине
    договорот, а ако предметот веќе го предал на даропримачот може дарот да
    го отповика и да бара даропримачот да му го врати она што од примениот
    дар се уште се наоѓа во имотот на даропримачот.
    (2) Даропримачот може да го избегне отповикувањето, доколку се
    обврзе дека на дарувачот, во адекватна мера ќе му дава средства што му
    недостасуваат.
    (3) Ако дарувачот направил повеќе дарови, отповикувањето се прави
    по обратен ред од настанувањето.
     
  7. catherinetudor

    catherinetudor Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Zdravo bi sakala da prasam slednovo, ziveeme vo zaednica (8 godini so sega) jas i majka mi so baba mi i vo nejzina baraka koja sto ja ima nasledeno po smrtta na maz i i pritoa decata i bile maloletni i barakata se prefrlila na nea (pritoa na majka mi i dale togas imala 16 god da potpise nekoj dokument i sama neznae sto e toa sega, najverojatno nesto za da bide barakata na ime na majka i), po smrtta na tatko i (majka mi raboti i gi izdrzuva site vklucuvajki ja i majka i koja sto celiot zivot nema nisto raboteno i majka mi ja izdrzuva nea i ostanatite dve deca dodeka ne se omazila). Toa sega na majka mi i se osporuva normalno.
    Sega problemov e sleden dali baba mi moze bez solgasnost od majka mi da ja dodeli barakata na sin i( kako podarok) i da ja iskluci majka mi od del koj bi go naaledila i dali majka mi moze da prigovara na toa, so ogled na site okolnosti sto gi napomenav prethodno) i dali moze da bara stanarsko pravo bidejki tuka zivee 8 godini moze i nesto podolgo od toa?
    Inaku dedo mi barakata ja ima dobieno posle zemjotresot, znaci ne e steknata vo brak so babata. Dali majka mi sepak moze da si bara nuzen del ili tatkovina, iako baba mi po se izgleda saka se da ostavi na sinot, a ima uste dve kerki, megu koi i majka mi.
    Blagodaram.
     
    Последна измена: 14 јули 2017
  8. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    14.625
    Пол:
    Женски
    Секако дека баба ти може на кого сака да му препише нејзин имот и без нечија согласност . Мајкати веке се откажала од имотот од нејзиниот татко ... Станарско право не постои ... Освен ако мислиш на Владение
     
  9. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    14.625
    Пол:
    Женски
    Патем кој ке го препорача како најдобар Договорот за издршка , нека каже колку е и данокот
     
  10. catherinetudor

    catherinetudor Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Јас сум слушнала за станарско право, а за владение не. Може ли да ми објасните повеќе околу тоа? Како се стекнува и дали имаме право т.е дали мајка ми има право на тоа, дури и ако склучат договор, за издршка или дар? Благодарам.
     
  11. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    14.625
    Пол:
    Женски
    Владение е ако го владееш место , кука , стан , повеке од 10 години а не е твој ...
    Едно да ти кажам и свати го .
    Ако баба ти му го препише на било кој , може да се оспорува ... Но мора тужби , суд , адвокати и таму да го оспори и поклон/дар , или договорот за издршка .... Значи треба силни докази и јак адвокат .... Мој совет е да ја убедите да не превзема ништо
     
  12. catherinetudor

    catherinetudor Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Ние живееме во една соба во барака, 8 години веке тука, кај баба ми. Инаку за убедување, неможеш со нејзе да излезеш на крај, таа на сопственото дете му е душман, другите син и керка ги сака, мајка ми не ја сака, факт е тоа и сите знаат значи доказ/сведок за тоа има. Инаку во друга темна на форумов ми кажаа доколку се склучи договор за доживотна издршка, тој дека е тешко скоро невозможно да се оспори, незнам сега дали навистина е така или сепак се оспорува и тоа?
     
  13. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    14.625
    Пол:
    Женски
    Тешко е но може да се оспори , треба да се докАжува дека не ја гледал како што пишува во договорот за издршкА или кАко во еден случај што го знам , докажаа дека старатА била склеротична и таквити дијагнози ( не се разбирам во медицина) докажаа дека таа била болна .... Доколку почине а нема ништо препишано , тогаш мајкати може да си бара дел
     
  14. catherinetudor

    catherinetudor Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Па претпоставувам дека може да се оспори, со тоа што тој 13 14 години работи на брод, и се работи само за материјална помош која и ја дава (да речам да и замачка очи), инаку он повеќе од времето не е тука, а сега и се ожени во странство, па така што не верувам да живее тука понатаму. Додека ние постојано живелиште ни е ова на оваа адреса.
     
  15. matilde***

    matilde*** Нов член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    здраво,јас сум нов член тука и имам едно прашајне ако знај некој да ми одговори
    случајов кајмене е ваков
    имам 2 постари брајча и јас најмала сестра.Пред 4 години почина мојот татко а јас дури сега разбрав дека брајчата мајками и таткоми биле на суд без мое знаејне и направиле поделба на имотот т.е таткоми му подарил по една кујча на двајцата и нивите ги подарил на едниот брат. Значи сето се случило пред неполн месец пред да почини.И сега ми кажува братми дека судо го прашал таткоми дали сака да и остави дел на мајками кој го печалеле двајцата заедно од игла па до кров..и дека таткоми рекол не и остава ништо на мајками дека имотот му го подарува на синовите .А во случајов не го прашале дали има и трето дете... и братми ме убедува дека јас немам право на ништо .Поделбата е направена а мене никој не ме побара да потпишам дали барам или небарам дел...
    Ве молам да ми кажите дали имам некакви права и како е можно татко ми да не и остави дел на мајками кога од игла печалеа се заедно
     
  16. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    677
    Пол:
    Женски
    Imas pravo na nuzen del od ostavinata, mozes da go baras so podnesuvanje na tuzba
     
  17. Jovanka2010

    Jovanka2010 Нов член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo jas sakam da prasam vo vrska so kukata sto tatkomi mi ja dade na poklon a istata toj ja dobi na poklon od negoviot tatko. Mojot brat kojsto ziveese vo kukata pocina a pred da pocine vo kukata ja donel zenata so koja ima dete. Deteto ne e priznaeno od bratmi go nosi prezimeto na majkamu. Sega taa zena bara del od kukata za nejziniot sin. Taa zivee vo kukata okolu 2 godini i ne saka da izleze a kukata veke e na moe ime. Podnesov tuzba kaj advokat i cekam na odgovor. Dali e mozno da dobie del za deteto.
     
  18. johnny-bt

    johnny-bt Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    10
    Ako na nekogo mu treba pravna pomos i prezemanje dejstva od strana na advokat, slobodno neka me kontaktira.
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Ако куќата е на твое име, нема право на дел.