1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Договор за издавање стан

Дискусија во 'Правни совети' започната од MeliUK, 18 јули 2011.

  1. MeliUK

    MeliUK Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Sakam da ja izdadam mojata kuka vo Makedonija i da spremam dogovor za izdavanje stan. Ako mozhe da mi pratite primerok vo Word bi vi bila beskrajno blagodarna.

    Pozdrav,

    Kamelija

    [mod-kirilica:rb179bkq][/mod-kirilica:rb179bkq]
     
  2. zanasne

    zanasne Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Ke ve molam i mene ist takov dogovor mi treba.. imeno nesto i mi e poznato. no bi ve molela eden pisan dokument ako sakate da mi ispratite, so toa sto iminjata na sopstvenikot i korisnicite ke gi zamenam ili stavam na slobodnite mesta.. odnapred vi blagodaram, iskren pozdrav,
     
  3. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ЗА тоа ке си одите на нотар , ке ви направат договор и ке ви го заверат, околу 500 денари мисалм се плака.
     
  4. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Само една забелешка- вредноста на ваков договор кај нотар е поголема ако го прави нотарот (нотарски акт) одколку адвокат, па само да се оди на заверка.
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Ама кога и адвокатот ќе наплати за составувањето на договорот, вредноста ќе излезе речиси иста ;) Само прашање е кој ќе ги земе парите :D
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.199
    Допаѓања:
    235.317
    Како бре тоа кај нотар за договор.
    Ај пак на нотарите да им се даде надлежност и да судат |( .
    Се знае каде се оди за договор, кај адвокат.
    А каков ќе биде договорот кај нотар, а каков кај адвокатот, тоа ти е друга работа.
    Нотарите се полнат со пари, плус сеа кај нив се платните налози и оставинската постапка. Додека на адвокатите работата и те како им се намалува, не мислам на Скопје, таму буквално дерат, ама во другите градови, во судовите и кај адвокатите е очајно. Нема работа.
    Ама кај нотар на ред чекаш. И кај извршител :!: .
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Јуци во надлежност на нотарите е да составуваат нотарски акти, отсекогаш така било. Уште од времето кога се основаше нотаријатот во Македонија. Е сега странките можат ако сакаат да си донесат договор изготвен од адвокат и нотарот само да им го солемнизира, тогаш кај нотарот се наплаќа половина од цената што би се наплатила за нотарскиот акт, ама имајќи го во предвид фактот што странката мора да плати за изготвување на договорот кај адвокатот, на повеќето странки не им се чека и на двете места па затоа преферираат работата да си ја завршат кај нотарот.

    Јас пак мислам дека е добро што ја растеретија работата на судовите и што речиси сите неспорни постапки преминаа кај нотарите, зошто побрзо и поекспедитивно се решаваат работите кај нотарите отколку во суд.
    А за адвокатите(посебно за оние од внатрешноста) се слагам дека немаат работа, ама мислам дека тоа е поради тоа што има голем број на адвокати и во најмалите градови во државата, а плус тоа во некој помали градови ја намалија и надлежноста на судовите со што автоматски се намалува и бројот на предмети за решавање.
    Како и да е, лоша е работава во правосудството :(
     
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.199
    Допаѓања:
    235.317
    Знам дека и нотарите отсекогаш го имаат правото да составуваат и нотарски акти, не велам дека е спорно, ама зборот ми беше, тие се трупат со работа, а кај адвокатите се тенчи.
    Јас пак имам лошо искуство со нотарите. Се чека со месеци за да се изврши достава на платен налог, доцнат, не ја вршат работата навреме, а оставинските постапки најчесто се грешат.
    Работата на судовите е значително намалена. Во Скопје се растерети, ама останатите градови буквално останаа со празни раце.
    Голем удел има и бројноста на адвокати, ама и новите измени.
    Ама тоа е, состојбата во правосудството како што кажа е катастрофална, очајна. Има адвокати што едвај си ги плаќат придонесите, а за заработка не ни станува збор.