Б-комплекс mene mi pomogna i so apetitot i so smiruvanje na zivcite, piev nautro i navecer po edno... a ponekogash i pred ispit
Б-комплекс Исто, буквално се имам пиено, се пробано , се што ќе чуе мајка ми - ми купува да пијам.. ама ништо..Немам брз метаболизам, јадам онака нормално, трипати на ден...
Б-комплекс Јас имам пиено Б-комплекс кога имав заушки ама не пиев од обичниве што се продаваат по аптеки туку пиев од оние Германските мислам дека Royal Sailes се вика фирмата, како капсули се, зелени и да ви кажам мн се поправив го зголемува апетитот и цело време на јадење мислиш
Б-комплекс Е баш оваа недела почнав да ги пијам исто за апетит по 2 на ден пред јадење, ги имам и порано пиено и ми помогнале
Б-комплекс И јас пијам б комплекс секој ден по 1 чисто поради тоа што се витамини и се потребни на организмот, а не дека отварат апетит и мене лично не ми делуваат како за поправање, нити ми отвараат апетит да се поправам
Б-комплекс кога бев помала се сеќавам со секој појадок мајка ми ми даваше б-комплекс,аман бе жено ме засити знаев да и кажам,а сеа не пијам
Б-комплекс Е, мене уште ми даваат секое утро ме чекаат апчињава на маса - ми се смеат и ми викаат drink me, drink me. Шала на страна, им се навикнав, а заприметив дека ми помагаат при стресна состојба и нервоза, бидејќи сум прилично слаба на емоционалната страна и понекогаш дури и мали нешта ме вознемируваат, а камо ли недај боже нешто сериозно и ме смируваат колку толку, или пак само јас мислам така. И, не знам колку е точно, ама ми кажа една блиска пријателка дека таа си ги растварала таблетките во шампонот и ја миела косата, демек го поттикнувале растот на косата, а богами да ви кажам кај неа се гледаа резултати.
Б-комплекс Пиев Б-коплекс кога пиев антибиотици на 12 часа по едно апче. Инаку Б-комплекс е мешавина на Б1, Б2, Б3,Б6, Б9 и Б 12 ( пиквски квасец)
Б-комплекс јас ги пијам за нервоза, кога сум премногу нервозна и немоЖам да се контролирам, земам по две одеднаш и сум океј. имам препорака од доктор.
Б-комплекс Ај јас ке ти кажам, јас растварам 5-6 таблетки во околу 200 мл вода и кога ја мијам косата додавам од растворот на шампонирана коса . Ова количество раствор го употребувам за 2-3 миења . И навистина има ефект , за еден месец се приметуваат резултати.
Б-комплекс Мене ми ги препорачаа три паати на ден,и ги пијам редовно ,ама искрнео не забележувам некое зголемување на апетит. Најнормално ми е .
Б-комплекс Многу се добри за коса, кожа и нокти. Побрзо растат и се здрави. Секојдневно ги пијам и резултати навистина се забележуваат.
Б-комплекс Јас пијам, стварно смируваат и понекогаш и полесно заспивам откако ќе се напијам. Одлични се за кожа, коса и нокти. И јас си јадам нормално, немам некој драстично зголемен апетит.
Б-комплекс Ја зголемуваат ли концентрацијата Б-комплексот? Во последно време ич не сум сконцентрирана кога учам.
Б-комплекс Секое утро, веке две години, за смирување,за ден без нервози бидејки нервозата ми мава на желудникот и имам неподносливи болки а мала сум за да пијам не знам какви лекови затоа овие си ги пијам за да бидам поопуштена бидејки си ја стегам душичката за секакви работи
Б-комплекс Уште од мала, мене и сестра ми секое сабајле на маса не чекаше шолја топло чоколадно млеко, це витамин и бе комплекс. Таа рутина ја свикнав, иако во последно време не ја практикувам. Заборавам да се напијам, а кога ќе видам дека имам потреба од повеќе витамини, надокнадувам со шумечи таблети и цедевита. Кога немам доволно витамини во организмот најчесто ми пукаат ноктите, па тоа некако ми е како аларм