Ако си подуена, прво види што од храната ти смета, и исфрли го тоа. Може да ти смета млеко, млечни производи, производи од бело брашно, во некои случаи и мешунки и зеленолистест зеленчук. Прв чекор за средување на проблемот е промена на исхраната, ако не можеш сама, консултирај нутриционист. Што и да ти препорачаме од аптека, не треба да се користи секојдневно, туку само по потреба, во спротивно ќе си го успориш метаболизмот и ќе си направиш поголем проблем.
Ај вежбачи пратете ми Whey protein или protein & mass gainer Ама од Скопје купени за да знам кај да идам да купам И шо пари се
Посакав да земам протеин па да ми кажете каков можам да користам? Почетник сум во користење на протеин во прав па сакав само да ми кажете некој совет, дека несакан на неискусно да пробам , не ќе е штетно што и да земам ама да не земам на ризик ќе ми биди задоволство доколку слушнам некој совет за ова. Дали е добро да користам спортнес или кој ? Сакам да имам што повеќе внес на протеини и за мускулна маса , но и за дополнителни протеини да внесам во организмот.
А по колку пиеше? По едно или две? Дека на нив пишува за доза од 400 мг треба 2 апчиња. Јас бидејки пред спиење пијам, незнам дали е ок две наеднаш да испијам или не? Дека некако со едно не приметувам некоја разлика
Солгар дефинитивно. Можеби еден од подобрите брендови во Македонија за суплементи. Лично, пијам магнезиум + б6 по 2x таблетки на ден и искрено вредеше за парите, подобро се чувствувам, плус со корекција на исхрана, внес на зеленкасти зеленчуци. (Зелка, брокула, прокељ, спанаќ...).
2-3 дневно, зависи од денот. Сабајле едно, навечер некогаш едно, некогаш две. Тие од Health aid за џабе ги пиев, исто како да не земам ништо.