Јас пиев Ашваганда за спортски придобвки и искрено не осетив некоја разлика, скоро ич, ниту на стрес ниту на ништо, освен што забележав дека многу побрзо ми растеа влакна на телото ради тоа шо Ашвагандата го крева тестостеронот.
имам јас пиено суплемент со витамини и во составот имаше и ашваганда. Не забележав ништо од тие појави кои ти ги опиша. Навистина бев посмирена. Е сега чиста ашваганда можеби навистина делува како што кажуваш.
Јас не осетив скоро ништо. А чиста ашваганда е позната дека кај машките го крева тестостеронот и изгледа затоа и растат повеќе влакна.
Мене ашваганда доста ми помогна со кортизолот за три месеци ми го доведе во нормала.Мојата докторка рече дека ашваганда се пие со паузи, и само ако имаш потреба од неа, не е суплемент што можеш долгогодишно и без престан да го пиеш.
Ако имаш мака со кортизол или анксиозност таблетите иглонил ќе ти помогнат. Одат на рецепта и се доста добри за стрес.
за ова прав пат слушам. А познавам многу жени кои пијат ашваганда. овој сируп е за желудник. Бидејќи често стресот доведува до проблеми во дигестивниот систем тогаш го даваат тој сируп. значи ќе си останам на овој. Благодарам на советите. јас го имам пиено овој на сликата. Ама исклучиво по потреба а не континуирано. И од едно апче имав подобрување. Баш смирува