1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Додворување преку FB или MSN

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MJB, 23 јуни 2010.

  1. topce25

    topce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    48
    ја искрено не ја свакам функцијата на poke????што сеа демек ако му се свигјам ке покне
    што е фората??ако мозе некој да ми објасни
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Очајно. |(
    Сакам да го видам пред мене, како трепери, оној прав шармерски поглед, тонот на гласот...
    Не, се заковал на стол и куца по тастатура, ми договара кафе.

    Премногу детски и незрело, кукавички и недостојно за мене.
     
  3. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Можеби...доколку сум го видела дечкото лично, имам заеднички пријатели и такви слични ситуации.
    Но, воопшто да не го знам...не ми треба!
     
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Been there, done that...
    Никогаш веќе! :@
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    мозерно глупаво и незрело
    додворување преку мсн или фб против сум вакви работи и смешни ми се
    со човек лично ќе се запознаеш и дружиш нема да го занеш како што треба е не пак на ваков начин ги користам овие работиможам да речам по потреба
    а и колку глупави работи се направиле заради ваквиот начин на комуникација и колку врски се распаднале пссс нема потреба мизерно ми е ...
     
  6. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Со технологијава луѓево заборавија да зборат во живо, еве јас еден пример.. Порано имав огромен речник, сега кочам, се си мислам на тастатура сум :^)

    И, ај после нека ти се додовори машко. ^_^

    Му е срам здраво да ти рече во живо, а на фб ќе ти збори се и сешто..

    Life.Now much easier? No :drunk:
     
  7. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Ниеден од тие два начини не ми се допаѓа. Многу ми е криво што машките ја загубија цела храброст, па никој веќе не приоѓа во живо. :worried:
    Можеби некои ќе ме наречат старомодна, но всушност сум романтичарка и сакам кога ќе видам дека машки се труди да ме освои. Не сакам излитени фрази преку компјутер. Колку е тоа глупаво, бидејќи во живо е сосема друга личност. Сите се силни за раговор преку FB и MSN, а кога ќе се сретнеш во живо, никаде го нема хуморот и личноста која си ја "запознал".

    Голема штета е навистина што така се однесуваат машките кај нас. Секој може да се разочара и да налета на погрешна личност, но македончињава навистина при срце си имаат земено се. Никако да сватат дека не се сите девојки исти. Сум слушнала многу исти коментари од различни машки со кои сум разговарала на оваа тема и сите велат дека кога и да пријделе на некоја девојка веднаш главата во небо, друга била спонзоруша, трета лесна, итн.
    Девојките кои одбираат целосно ги оправдувам, бидејќи сигурна сум дека се изгореле 10 пати полошо од кој и да е од додворувачите. Кај нас машките се научија да гледаат многу филмови и никој не сака обврски, сите сакаат мување (врска без обврска), а тие "похрабрите" трчаат по лесни девојки и бараат врска за една ноќ. Па што очекуваат повеќе кога секој втор е покажан како клошар пред секоја девојка.
    И на крај на разговорот секогаш велат дека сум во право, па во право сум. Каде отидоа старите романтичари?



    P.S. Не прифаќам никого на Facebook што не го познавам лично, не прифаќам дури ни познаници, само роднини и блиски пријатели. Имам многу малку пријатели во листата на FB и си ветив себеси, уште кога го направив профилот, дека никогаш нема да дозволам да ми се додворува некој преку социјална мрежа ниту пак да излезам со него.
     
  8. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Ова додворување е многу незрела работа. Порано со другарчиња, си изјавувавме љубов преку мсн :lol: сега не! Сега сум многу по комуникативна и никако нема повторно да се потпрам на ваквото додворување!
    :)

    Ама дека машките ја изгубија храброста и самиот шарм, тоа да.
    На Интернет се' ќе ти каже, ќе се филма, а кога те видат по град главата одма на друга страна.

    :|
     
  9. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Се потсетив на времето на Мирцот кога сите седнати другарки околу еден компјутер и пишуваме.. Бевме околу 10 години и тоа за нас беше кикотење до солзи :D
    - hi
    - hey
    - asl pls ?
    - 18 f Zagreb ama momentalno sk u ?
    - 22 m sr moze msn ?
    Е тогаш немавме мсн и сите нејќеа да го продолжат муабетот. Направивме лажно и све машки од мирц имавме. :D Бидејки ни беше на сите другарки заеднички, секоја се уклучуваше и различно зборуваше.. :$

    Сега една од најчестите фрази на фејсбук
    - Многу ми се пие кафе, ама немам со кој.. :(



    Ах тој сиротиот... :wasntme:
     
  10. Mazlak

    Mazlak Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пријдување преку ФБ

    Е сега јас сум машко.Барам совет од вас за пријдување преку социјалната мрежа Фејсбук.Во последно време некако со лубовта не ми оди.Пробвам преку Фејсбукот да направам нешто но пак ништо.Ќе почнам да и пишам ќе и пишам негде 3-4 пати но ништо.Стално треба јас прв да пишам.Е сега незнам дали и нешто до мене или девојката се страми да пиши оти ако и пишам понабрзо да не и станам нападен.Таа не дава никакви знаци.Барем еден лајк да мани на нешто кај мене да знам дека малце од малце и се бендисвам.Зато си велам да не грешам нешто при пишувањето да не не се претставувам како што треба или во прашање е нешто друго.Дајте ми некој совет
     
  11. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Пријдување преку ФБ

    Ако имаш 17 год, како што си напишал, мислам дека не би требало да се замараш со фб, лајкови, коментари и сл. Јави и се и покани ја да излезите заедно, па да знаеш на што си. Не на фејсбук!
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Пријдување преку ФБ

    фб стана еден начин за додворување, ама не и единствен и прв и незаменлив!!!
    така е глупаво да чекаш на чат, или да ти стави лајк, па демек тоа некаков знак е....тоа се глупости...
    од друга страна многумина на фб се јаки, а во живо два збора не знаат да кажат.
    така да ако ти се допаѓа некоја, најди на друг начин да и пријдиш отворено :)
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Еее, ко ќе ми текне на она дека еднаш една девојка што ја поканив да излеземе ме откачи зашто не ме знаела доволно од ФБ, ми доаѓа да си починам. :lol:
    Болест на денешницата, напаст! Извештачена работа...
    Се губи магијата и смислата на запознавање и додворување во живо, а така е и најслатко...
    Едноставно, „ќари“ си ја цурата преку ФБ, претстави се во најдоброто можно светло, договори средба, и загарантирано е (минимум) мување по 5 минути откако ќе се сретнете. -.-
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Очајно за денешната младина која за жал така функционира. Правење на лажна слика за самите себе си преку ФБ или МСН е исто кога порано со стројници се мажеле и женеле. Чиста патетика која се дави во тој виртуелен свет а додворувањето губи смисол.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Никако преку фб или мсн најубаво е очи во очи да се запознаете такви какви што сте
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Сум имала вакви случаи кога ми се додворувале на фб и мсн, се договарале средби и сл. Сепак, не знам. Можеби е подобро во живо да биде сето тоа, ама денес светот се врти околу фб, сите се на фб, се е на фб, па зошто да не биде и додворувањето?! :D Море да можеа денешниве дечковци и да те легнат преку фб!!
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Леле да ви раскажам нешто. :D :D
    Еднаш на мсн имав оваква ко „филмска“ слика, нешто како аватарите сега што ни се на фемина. И еден ми пишува: Леле многу ми се свиѓаш. Ја пукнав од смеење и го блокнав. :D
     
  18. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    е да бе а како ќе се запознаете преку фб или мсн мене лично мие глупо да излезам со некој што сум си пишувала на фб а имам блиски пријателка која се сегашнио маж се запозна преку фб ама шо знам се зависи од личноста јас никогаш не би се нафатила да излезам со некој со го знам само преку нет некако глупо мие
     
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ефтина работа !

    Тоа го прават луѓе кои во реалниот живот немаат храброст Здраво да речат на девојка ,а не пак да и се додворуваат ! :geek:

    Ужасно ме нервираат такви фаци без претстава за себе ,ни пак доверба во своите способности !

    Катастрофа од библиски размери ! :puke:
     
  20. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Мене ми е многу глупаво и безврска, во живо е сепак поубаво :)