Ова ти беше добро ама како иде времето за 30 години и само така ќе легнуваат . Инаку ФБ и мсн ги сфаќам како еден од начините да стапиш во контакт со истомисленици или личности кои ти се слични но се разбира вистинската хемија ќе се види на средба во живо така да кафето е неизбежно и се пред тоа најчесто можеш да го заборавиш . Кој дава лажна слика за себе, самиот си прави штета затоа што во живо сите финти и маски од ФБ ќе паднат . Инаку и јас знам врски кои почнале преку ФБ и мсн така да можно е но треба да се сфати само како еден начин на комуникација и ништо повеќе. Тие што со месеци флертаат преку ФБ а никако да се договорат за кафе не ги сфаќам затоа што само си го трошат времето. Немам ништо против ФБ ама секогаш преферирам средба во брзо време за да не биде Фб то џабе загубено време од нереални очекувања .
Хахаха, се изнасмеав. И мене ми се има случено, но едноставно ги игнорирам и не им се замарам. Многу ми е тапа некако. Преку фб и мсн бе. Зашто да не е во живо?! али ко шо викаш секакви има...
Мило ми е што најдов ваква тема малце мој став да искажам.....ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД НИВ!!!!! Значи ти фино лепо си се знаеш со дечкото и после неколку нормални цивилизирани разговори он ти пишува дека многу те сака и се ќе даде за тебе, а имав и случај кога еден ми рече да не беше другарка ти ке си го истетовирав твоето име ....А има стигнато до тоа и поезија да ти пишува....АЛОО 13 ГОДИНИ ИМАМЕ НЕ МИСЛИТЕ ДЕКа МАЛЦЕ СМЕ МАЛИИ....па усте за ,,лапање,, или ,,мување,, коа ќе почнат да зборат е тогаш ми се лоши
Додворување,океј,се случува. Привлечен ти е на прв поглед,добро. Доволен е комплимент од типот:"Убава си на сликите..." Ама највеќе што мразам е кога ќе почнат да ти симнуваат ѕвезди, а се немате ни видено во живо? Од кај знае тој, можеби позади мониторот се крие 84 годишен морничав старец! Па уште кога ќе почне: "Ама јас тебе те сакам, се би дал за тебе, само да ми дозволиш да ти покажам колку ми значиш, единствена си, не сум запознал никоја како тебе..." Епа точно, не си ЗАПОЗНАЛ, само си разлистал 2-3 слики и разменил 2-3 збора,виртуелно. Не знам, мене, искрено, смешни ми се. И никогаш не им верувам на таквите.
Признавам да кажат : Преубава си, или слично, но ако комуницирате веќе подолго време. А онака имам повеќе случаеви уште не сме се ни запознале, многу си убава срце, сакаш ли да се видиме .. Такви не ми ни требат Е само со еден, таман што се запознавме преку фб, тој ми кажа дека сум била многу убава, дека кога би можел би бил со мене .. бла бла , глупости. И бев со него за една вечер(мување) бидејќи ептен ми беше убаввввввввв.
Начин на додворување на социјалните мрежи, фејзбук или сл Кажете ми како да и "пријдам" на едно девојче на фб, мислам да се запознаеме, со кој муабет да почнам ? и така натаму, некако ми е глупаво на фб да почнувам ама морам бидејќи не се познаваме а навистина ми се допаѓа, фала однапред
Пиши и здраво, како си ова-она и после ќе почнеш некој мубает демек кај учиш како е таму и слично. После тоа прашај ја кај искача и кажи и дека можеби ќе се сретнете некогаш таму бидејќи и ти таму искачаш и така.. Аман па лесно е, муабетот сам си оди.
Додворувањето преку фб ми е премногу вештачки, не е реално некако. Може да ти каже се што ќе му текне преку фб,но кој знае дали е вистина,во живо барем и в лице ќе го видиш кога зборува.Не знам зошто,мене тие додворувања ме нервираат.
Ептен ми е глупо преку ФБ додворување. Ќе ти почне лепотице, убавице а во живо срам му е да те погледне а не па да ти проговори. Додворување преку фејс е за тие што немаат Спојлер муда да се пуштат во живо. Мислам оти преку фб е прифатливо само така нормално зборење за запознавање а не одварање.
Колку пати ме замарале така лелеее, само што ќе го прифатиш за friend и одма за неполна минута... Ги игнорирам, т.е не им враќам на пораката, а ако продолжат ги блокнувам. Абе се нервирам зошто е на фб зошто да не биде во живо!? Абе јас сакам роантично започнување на врска, случајно запознавање во живо, а не на фб кој знае кој слабак е без гз да ти се додвори во живо. Еххх
Се согласувам со тебе. По добро е запознавање во живо, така барем знаеш на што си, а не на фб со тие фејк профилите и фотошоп слики.
Колку и да е глупаво, јас така почнав контакт со дечко ми. Најпрво се сретнавме, случајно, нема да откривам на кое место, но не прозборевме еден со друг, откако си заминав од таму видов покасно ме додаде на Фејсбук и поразмислив дали да го прифатам бидејќи не прифаќам непознати но си реков ајде не е дотолку непознат, сепак се видовме, ќе го прифатам. И почнавме да си пишуваме и да се запознаваме и за кратко време, поточно после неколку дена, се видовме, тој предложи средба. И почнавме почесто да се гледаме и бидна што бидна. Инаку некој без да го познавам, ниту да сум го видела ниту да сум го чула а да ми пишува и да ми се додворува на тој начин нема шанси да му возвратам. Тоа ми е нешто најглупо. Не ме ни познава, не ме ни видел а да каже дека сум убава и дека сака нешто со мене? Ма како не.
Многу пати се имам искажано на темава, абе мразам кога некој на фејсбук се пушта. Океј сега, морам прво ова да го нагласам: 1) Тип кој ја наоѓа девојката на фејсбук и флертова со неа 2) Тип кој ја знај девојката во живо па флертова на фејс Првиот тип ми е просто мизерен. Буквално има базент со девојки и одбира една (или повеќе) и си ја пробва среќата па со некоја можеби ќе се потрефи. Ама толку има напорни од овие дечки шо човече некој малку поарен и пострамежлив да ти пиши има да го отераш упм. Вториот тип сепак веќе го знајш, од прилика немаж лажни претстави за каков би бил доколку би го запознал на фб (во првиот тип нели можи да си створиме лажна слика за дечково и да излезиме разочарани на крајот), и сме свесни со кој пишуваме и би било некултурно со некој со кој се знаеме доколку сме дрски. Накратко, во сите теми каде што има љубовни советчиња нагласувам при секоја даена прилика колку неќам додворување преку фејс.
МСН веќе официјално не постои, така да можете да го избришете од насловот на темава. Додворувањето преку интернет за мене било секогаш глупо и несериозно. Вистинското додворување е на живо. Никогаш не сум се додворувал на фб, а и нема ни да се додворувам, колку и да е убава и симпатична.
Па да беше ти од Сингапур а тој од Париз ќе ви кажев дека немате друга опција освен фб. Ама од Битола до Скопје....дај не ме заебавај.
И мене сега ми е глупо тоа,па и тоа истото им го пишуваат на уште десет други.Не знам како не им здосадува. Јас се допишував едно време,живи глупости ми се тоа сега.