Ич да не ти е гајле. И јас утре дете кога би имала ќе го учам да биде карактер, а не да се секса од 12 години затоа што во комшии има девојче што така прави. Исправните работи се исправни и во 21 век, и нема тука некое зло. Ако си карактер, а при тоа не штетиш никому, нема никакво зло.
Тоа е навистина злобно да се каже зарем луѓето немаат никаков обѕир? Мислам дека како прво и прво, никој воопшто не ни треба да се замара со твојот живот бидејќи се што ти правиш е твое лично право и едноставно не можат на таков начин да постапуваат.
Да до тоа ќе да е зашто немал пари или зошто не знае два муабета да каже. А највеќе ме нервираат комшиките зошто немаш дечко... Да сакав ќе имав тоа сепак е моја работа. На една еднаш и кажав дека сум лезбејка затоа. И она лелее тоа е многу грозно видов денес во авотбус во Скопје едни се бакнуваа хахахаа
хаххаха, за лезбејките ме изнасмеја. Епа јас од кај знам дали има пари он, прв пат го гледам, ама он се фати за тоа и ми вика„добро ти ќе си најдеш побогат од мене, некој со пари, со кола„. Баталив кој ќе се објаснува.
Хаха и мене ме насмеа, исто како @Tanjamm Претпоставувам тоа ти е нивото на сарказмот кога луѓето мислат дека всушност си сериозен
@Tanjamm он си го има ставено тоа во глава како 80 посто од машките дека женските бараат само богати и затоа така мисли а неговите мани не ги гледа што не знае да направи муабет.. И лесно е некој друг да се окриви секогаш. @Briar Rose Морав со сарказам да и вратам пошто жената претера веќе често знае да ме замара со некои деца на нејзини колешки да ги аднам на фб. Изгледа за таквите како неа најголемо постигнување во животот е да си најдеш дечко/да се омажиш.
Често се случува, зашто денеска сите висат на социјалните мрежи, така што нормална појава е да има и додворување.