Избориве како што знаеме се на 5 јуни. Мислам дека форумџиите можат да издржат до тогаш без политика форумот. Не за друго има највјаса на безкичмењаци кои си го продаваат гзот по партии и на кои и на мене и на добар дел од форумџиите им иде да ги отерат у пм. Агитатори и продадени души колку сакаш . Ако се волни администраторите привремено да го направат потфорумот read only до 5 јуни. Во спротивно ќе има бич фајтови и пуни раце работа за модераторите . Фала однапред
Е зошто да се укине, ако се укине ќе има повторно такви ,,потрчковци,, и тоа ќе бидат расштркани низ целиот форум, не само на политика. :geek: Ма нека си стои, мора некаде да се испразни гневот и лутината од политичката ситуација во земјава. Јас ги сфаќам, луѓето се исфрустрирани и од едните и од другите. Ова го зборувам како неутрална членка, ама понекогаш стварно ми иде да отидам во политика и да испцујам се живо и диво.
И да се затвори тој дел од форумот има многу други теми од типот на сакам да кажам, сакам да прашам, испукај се... каде секој член на форумов може да си го искаже својот гнев и лутина, (не)задоволство, пофалбите и критиките за политичката состојба и политичарите. Така да, според мене нема потреба од такво нешто.
Иако сум активна во политичкиот подфорум, сум за укинување до изборите, зошто стварно се пренатрупаа партиски потрчковци и агитатори кои иритираат. Да им се пренесе на партиите што ги пратиле во агитација, подобро да ги спремат наредениот пат, да пишуваат мислења со факти, а не само да ракоплескаат на празно
Реков привремено укинување и бан за политички теми до 5 јуни ( значи цел еден месец)бидејќи има наплив на полтрочиња кои пишуваат што им рекле партиските шефови. Најпаметно би било фемина да се огради и заштити од наплив на лајна вака . Бидејќи ова го имам видено на друг форум и заврши со ширење на пропагандата на три други потфоруми. Единствен начин да се избркаат ѓубрињава е вака .
Се согласувам да се укине барем додека да завршат избориве и потоа слободно пак да се пушти во `употреба`. Така ќе избегнеме оф топици, несодржајни и неаргументирани мислења. Плус во Политика откако Анфејтфул поради неактивност беше отстранета од модераторската функција, нема назначено друг модератор. Тоа значи дека админите ќе имаат пуне руке посла, и ќе мора да бдеат над форумов 24/7. Исто се согласувам дека пропагандата ќе се прошири и ќе се јават други поттрчковци, а форумот не служи баш за таа намена.
Апсолутно нема потреба да се укинува категоријата Политика...Баш дека ќе има избори треба да пишуваме за политика...А, за тие партиски потрчковци и послушници, слободно нека нападнат во категоријата Политика - јас и уште некои форумџики овде сме лекот за таквите... Баш ме интересира чии аргументи ќе бидат појаки...
И јас сум за да се укине. Само ќе се ствара непотребна тензија, а и така ништо нема да се смени. Додека да завршат изборите, секако Мислам дека доста ќе ни биде перење на мозокот од реклами и пропаганди на тв.
Не се согласувам. Секој има право да се изрази таму каде што се неговите интереси и познавања. Ако некому не му одговара политиката никој со сила не го тера да пишува или да чита во таа област. Како сега да рече некој ај нема да пишуваме во литература или нема да кажуваме вицови за мајкл џексон или ксенија(едвај ми текна на името) дека се мртви. Мора да се одбележат и овие избори со нешто За прашањево имаше соодветни теми, на пример предлози идеи за сајтот, критики пофалби и слично, или сакам да прашам