Подарување Жени и девојчиња и по некој залутан момак, во консултација со @RainBow решивме да ја отворам темава и да организирам едно предпразнично доделување на новогодишни честитки кои се моја лична изработка. Честитките се дигитално илустрирани моменти кои кај мене разбудиле некоја емоција. Делата се оригинална уметност и забрането е копирање, преземање и модифицирање на истите. Ова е мој личен проект на кој работев година и половина и се достапни за продажба во моја онлајн уметничка продавница. Сепак сакам да израдувам тројца членови на форумов со по една честитка, нивен избор. Честитките се изработени во А5 формат на 200гр полумат хартија. Ќе ги добиете со пликче и можете да ги наменете за кого сакате, а може и лично за себе. За да учествувате во наградната игра треба да пишете во мислење која честитка ви е фаворит, со бројче. Коментирањето ќе трае до крај на неделава заклучно со 01/10, а потоа рандом ќе се изберат тројца добитници. Добитниците ќе ги контактирам во порака за информации за достава, доставата ќе се врши до 15/12. Среќни Празници!!! И со среќа! 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8.
Ле-ле колку се добри! Браво! Сериозно не можам да им се изнагледам, а не па да кажам која ми е омилена. Можи да добијам некакво линкче до продавницата негде? За омилена би рекла 7. Ме потсеќа на возот шо оди Хогвортс.
Веќе ти пишав, одлични се. Веќе имам фаворити кои ќе ги испратиме на баба, ама ќе те контактирам за тоа лично. Мојот фаворит личен е 4.
Преубави, па и приказната за секоја една од нив. Сите се по едно мало делче од тебе. Ти ги видов сторињата и баш ми остави впечаток. Ретко се случува оти генерално сме пренатрупани со изработки, новитети, реклами, промоции. Алал да ти е во секој случај, посебно оти (не)знам како е да создадеш нешто from scratch со тодлер околу тебе. Стварно ми е тешко да одвојам една, па и две, ама еве пошо сум indoor person, нека биде број 3. И 4.
Жени линкче до продавница би ставила само доколку одобрат модераторите, тоа е против правилата на форумов. Сепак фала ви за заинтересираноста. Ви благодарам и за убавите зборови, ми значи премногу зошто стварно беше голем предизвик да го задржам своето хоби во време на друга доба, мајчинство. Минав многу непроспиени ноќи работеејќи ама ова ми ја исполнува душата и стварно ми е духовен проект повеќе од материјален, па затоа и идејава со доделување ми беше супер зошто е начин да ја споделам радоста.
Алал!! Сите се преубави, тешко е да се издвои една . Али еве 3ката ми буди некако највеќе cosy новогодишни vibes, така што таа би ја избрала како мој фаворит
Preubavi se site, moj licen favorit e 3 me potseka koga bev malo bezgrizno devojce. Ti posakuvam da prodades mnogu i da ti bide idna motivacija.