Бр 8 Причина, поинаква е од останатите честитки, никогаш немав видено, ниту испратено ваква честитка кога бев мало девојче
Инспирација за неа ми беа снежните утра кога прв пат ќе падне снег и кога се е тивко освен врапчињата надвор.
Поубави не сум видела, алал да ти е! Ако не добијам, би си купила Фаворит број 4, а сите се преубави! 4ка ми е посебно магична Едит: Се вратив пак да ја видам, прозорците како навистина да светат
@1209 би ти рекла само и watermark некој нешто да ставиш на сликичките на средината... да не ти ги симнуваат...
Совршени се сите Те следам на инста и со нетрпение ги чекав Сите се магични,ако една би бирала би била бр.5 ...зима од моите соништа.
Ааи колку убави Нашата креативка, секоја чест и за честитките и за гестот. Ме вратија во детството, кога чаршијата беше полна со тезги и кога со часови внимателно баравме честитки за нашите блиски. Особено 6 ми разбуди некоја топла и убава носталгија, вака пред спиење Фала ти
Браво ❤ Разгледницата број 4, како да си ми погледнала во душата, тука сакам да живеам Ти честитам на трудот и ти посакувам успех.
Браво, преубави се! Од пред некое време си ја вратив традицијата да подарувам напишани честитки како што правевме во детството, обожавам да ги пишувам и праќам. И оваа година секако планирам да го направам истото, но овие дефинитивно потсетуваат на тие добропознати новогодишни честитки од детството, кои денес не се наоѓаат пречесто. Мојот фаворит е 3. Би ја подарила на една личност што многу ми значи.
Дефинитивно бр. 2 Многу ми е складна во боите. Замислувам колку среќни фамилии собрани за празниците крие