Браво И за идејата и за креативноста. Секоја е убава на свој начин, буди чувство на зима, среќа, топлина, празници. Мој фаворит е 3ката. Ме потсеќа на детските денови и сигурноста и топината на домот. Ти посакувам многу успех во работата. Супер би било и некое линкче да се стави, да поддржиме вакви убави проекти.
Преубави се, браво, носат многу топлина во себе и тешко ми е да одберам фаворит, а најубави ми се број 4 со куќичката и број 8 со врапчето Но нека биде број 4
Преубави! Која од која. Многу сакам вакви слики кои те тераат да се внесеш во нив и да размислуваш... особено со ваков мотив. Новогодишен. Празничен. 1 , 3 и 6 ако веќе треба да се бира. една не би можела да изберам.
Ти пишав, скроз се носталгични... Мене ми е фаворит бр.5 и ми ја опишува баш моменталната состојба на нов дом и купување елка за ќерле Честитки за позитивните коментари, ти посакувам многу успех
Навистина се прекрасни, ми будат чувство на носталгија и додека ги гледаш се навраќаш на безгрижното детство и топлите чувства што ги имавме секој празничен период. Ги изнагледав, не можам да се одлучам која ми е фаворит, ама со третата некако највеќе се поврзав.
Браво за за идеата, навистина❤️ Мој фаворит е 2 бидејќи ме потсеќа на местото од каде што доаѓам, каде се е така тивко и мирно, снежно, бело, каде зимата навистина можеш да ја почувствуваш, каде е ладно ама има топлина, топлина во срцето⭐️
Број 2 е погледот од мојта детска соба, од станот во кој пораснав, тоа ми е омилено место на цел свет и во секоја годишна доба овој поглед ми буди преубави емоции, ама на зима особено. Буквално куќичките и улиците постојат. Може од исто место сме
Двојката и мене ми е најубава, преубави чувства ми разбуди. И тоа е твојот талент уствари, во цртежите има емоција, топлина, тивка радост... Секоја чест.
Преубави се навистина од секоја честитка зраче некоја чудна и посебна топлина,ти посакувам многу успех и талентот да го уновчиш фаворит ми е 3