Дали доењето ви се одразило некако на линијата? Имам пријателки кои ослабеле додека доеле, а други кажуваат пак дека им е многу покачен апетитот, а со тоа и килажата Како е кај вас?
Доењето и линијата? Кај сите е различно, и тоа најверојатно зависи од самата конституција, ама мислам дека сепак држи вода тврдењето дека со доењето се слабее. На почетокот кај мене беше така-така, ама не јадев многу, па си слабеев по малку. Малиов мој беше на доење плус дохрана со ад млеко. Кога наполни 6 месеци, престана да пие ад млеко, не сакаше никакво друго освен моето, па тогаш буквално ме стопи оти влечеше како никогаш до тогаш. Бидејќи и после 6 месеци основна храна на бебето е млекото, мојов буквално ја цедеше и последната капка од мене, ама и килажата ми се намалуваше. Кога почна да јаде цели оброци по три пати на ден (некаде после 8 месец), јас пак се поправив... оти не доев толку, а јадев малку повеќе благо. И тоа е тоа... пак имам некое кило плус...
Доењето и линијата? Јас никогаш не сум била склона на дебелеење и речиси константно ја одржувам истата килажа од 18 години ,со варирање + -2 килограми. Во двете бремености се здебелив 9-10 кила и откако се породив за некои 2-3 недели повторно ја враќав старата килажа.Двете деца ми се само на мајчино млеко и освен зголемената потреба за течности ,не сум приметила некој зголемен апетит ,а кога ми се јаде јадам буквално се ,особено благо
За мене можам да кажам дека 11,5 месеци додека ја доев ќерка ми, ниту изгубив ниту сум ставила некое кило. Во бременоста качив +12 кила , бев 62 кила , а од кога се породив , си се вратив на 50 кг и за време на доењето ништо не се смени
Јас додека бев бремена не се здебелив ништо посебно, ама сега кога дојам имам ужасно покачен апетит, а еве килцата се накачуваат
Па приметувам дека од доењето си ја вратив старата фигура * на моја срека* пијам во денот доволно течности и гледам да се хранам здраво
Јас се поправив 6кг од пораѓај,и тоа со доење на бебуш за 4месеца,сега сум на диета пробувам да симнам некое кило но сеуште го дојам со исклучок на 1шише дневно АД млеко,па страв ми е да се ставам на ригорозни диети
Јас за овие 2,5 месеци од 15 кг симнав одма 12, додека 3 кг ми се сеуште вишок. Јас и дојам и се измолзувам, не знам дали има удел во слабеењето, ама барем со сигурност знам дека не се поправам што и да јадам и тоа ми е доволно А за 3 те килограми очекувам дека до летоска ќе ги стопам
Леле и јас додека бев бремена качив само 9 кг и се вратив на старата килаза ама пред неколку дена приметив дека сум качила 3кг и имам мн апетит дали е од доењето или?
Ceki89 не му се секирај додека се доите тешко да ја одржиш килажата,барем во мојот случај со малата беше така.На организмот му е потребно храна можеби не како во бременост но количински повеќе од вообичаеното,пиј повеќе течности но и јади си млекото треба од нечто да се ствара. Ќе слабееме откако ќе ги одбиеме а +3 кила и не се страшни
Јас секогаш сум била слаба но за бременоста пораснав доста. За доењето незнам баш сега за сега стојам во место ни слабеам ни се дебелеам
Jas 30kg si gi simnav za 11 meseci, a jadev ubavo doev no i tiroidnata mi zabegala malku, pa mislam deka od nea imam oslabeno tolku
И јас ослабнав многу после пораѓај од доењето. Ми се случува да заборавам да јадам, и посале доење да сум гладна како волк, па не знам што попрво да каснам. На почетокот имав огромна потреба за течност, сега е поумерено.
Останав бремена со 81 кг. На бокс влегов со 98 По пораѓај, дента се мерев - 89. Дојам два месеца, имам 85. Јадам се' што ми се јаде, избегнувам грав, мешунки и цитрусни овошја, ама апетитот за благо ми е речиси константен, па внимавам. Во состојба сум да изедам кило наполитанки некад. Доењето ме регулира, би рекла. Имам 5 кг вишок, but i don't care. Само здрави да сме со малата и да ја дојам уште долго
На ден по 500 калории се трошат на производство на млеко. Ако не јадете екстра од нормално ќе слабеете.
Мајки, ви се восхитувам како успевате да ослабете. Јас дојам и се здебелувам. Стомакот ми остана, не се повлече....како да сум 5-6 месец во бременост. Ова се моите килограми: Пред бременост: 64 kg Пред породување: 79 kg Три дена по породување: 75 kg Две недели по породување: 72 kg. Четири месеци по породување: 78 kg. Дали некогаш ќе се вратам на 64 kg? Кога да почнам со диета и вежбање? Планирам после полни 6 месеци на бебе.