Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    129 глас(а)
    55,8%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    62 глас(а)
    26,8%
  3. Не го поддржувам воопшто

    29 глас(а)
    12,6%
  4. Сеедно ми е

    11 глас(а)
    4,8%
  1. BoaVista

    BoaVista Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    19.760
    Пол:
    Женски
    Што мислите за ова?Доење во јавност?
    Дали според вас е нормална и секојдневна работа бидејќи доењето=хранење или пак мислите дека е интимна работа која не треба да биде прикажувана во јавноста?Дали вие лично би го доеле вашето дете пред непознати или пак чувствувате срам?
    Јас оваа појава не ја оправдувам,навистина не гледам зашто некој би го доел своето дете на улица, притоа покажувајќи ги своите дојки пред цел свет.
     
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.564
    Допаѓања:
    16.012
    Пол:
    Женски
    Мајките најубаво си знаат.
    Јас лично кога ќе видам такво нешто ми станува незгодно, го вртам погледот на друга страна. Мислам дека може барем малку да се потсокријат, ако на нив не им е непријатно, на другите им е. Во Скопје еднаш на автобуска постројка, кај државна, една си седнала на ѕидчето и свртена накај улица ја извадила градата и го дои. Разбирам, бебче е, не трпи глад, веднаш плаче, ама можеше барем да се заврти на другата страна. Мислам нема смисла...
     
  3. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    20
    И јас мислам дека мајките најубаво си знаат не сум сеуште мајка за да кажам ама сепак мислам подприбери се малце па не мора одма тука, најди некое погодно место непријетно е сепак. И не ми е јасно како на нив не им е непријатно сепак доењето е како да кажам интимен чин.
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Точно Лолипоп, и мене ми е незгодно кога ќе видам вака, па особено на некое ептен прометно место,каде што поминува народ цело време. Башка сега мислам дека се продаваат од оние посебни како наметки што се, да може да се дои детето ама да не се гледа се.
    штознам, мислам дека нешто вакво е индивидуална работа, ама според мене подобро да се потсријат или пак да побрзаат дома. Не е пријатно за очи...
     
  5. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    556
    Пол:
    Женски
    Мене еднаш ми се случи во автобус една жена доеше до мене,искрено многу незгодно ми беше,а башка тоа дететето не беше бебе и заби имаше веќе,глупо е ептен така во јавност,примитивно ми е некако :x
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    4.297
    не го осудувам доењето во јавност. не сум мајка и немам родено, но сметам дека сите мајки кој го прават тоа немаат друг излез ете морале да излезат да завршат некоја работа или да го прошетаат своето бебче. во ред е да го прават тоа меѓутоа сметам дека треба да си носат во нив некое пешкирче и културно да си се покријат каде и да го прават тој чин. знаете тоа е како вие да имате потреба од храна и колку пати ви се случило да јадете и да се движите. значи сум за доење во јавност меќутоа тоа да е дискретно и културно направено.
     
  7. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    100
    Во денешно време постојат многу убави, спрецијални марами за таа намена. Бебе како бебе нема да ве праша дали сте дома или сте излезени кога му се јаде. Не сум за јавно доење на сред улица, онака како што тоа би го правеле и дома, меѓутоа со овие марами тоа е толку неприметно , што воопшто не изгледа како да се дои бебето.
     
  8. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    111
    Мене ми е многу непријатно, еднаш бевме со дечко ми излезени на ручек со едни пријатели кои имаа мало бебенце и мајкава ни пет ни шест ние јадеме она вадење цицката :o и почна да го дои ни да се покрие ни ништо. Ептен невкусно и непријатно. Во ред е сето тоа доколку е направено дискретно, да се сврти, да се покрие со пешкирче па воопшто да не се приметува ама вака :x
     
  9. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    180
    Еве јас сум мајка :)

    И двете деца сум ги дела надвр, значи, како што ми се јаде и мене, им сејаде и нив. Не ги дојам апла пред луѓе, баш од причини кои што ги наведовте...обично барам подзаскриени места.

    Бидејќи навечер често одиме на улица Макдонија, знам да седнам кај дом на АРМ каде не е толку светло и прометно. Ако сум во ресторан, на пр.Дал Мет Фу, се качувам на горниот спрат каде нема никој.

    Значи, кој и да ме види од далеку знае дека дојам, но нема да му биде непријатно, зашто сепак сум дискретна. А да нема каде да се скријам, би го надоила и јавно, поважно ми е бебето отколку другите луѓе на кои ќе им биде незгодно.
     
    На eli25, Nevena.Smilevska, LaChiquita и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    1.135
    И јас како и 90 % од мајките ќерка ми сум ја доела надвор. Дали тоа било на улица, во кафиќ или во кафана, ама ич не ми претставувало проблем, а ниту па ми било срам. Градите сум си ги покривала со марама (ептен да не биде на ачик)и фурај мали. ;)
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.872
    Jас имам керка и не ја доев туку со формула,не сум видела и некоја да цица јавно освен покриена и на сликава покажува што мислам ;)
     
    На antonina, sweet.woman и maca99 им се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Е волфче јас баш за вакво нешто зборував! Мислам дека и на фејсбук ги рекламираат ваквите наметки. Ова е веќе далеку попристојно.
     
    На antonina и wolf4e им се допаѓа ова.
  13. cinderellce

    cinderellce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    46
    Навистина е непријатно доењето во јавност.Пред некое време бев нагости со дечко ми кај едни роднини и имаат веке големко детенце скоро 2 години има и уште го дои не дека веке е потребно доењето ама детево а заплаче мајкава се соблекува ке му даде малце млеко и детево кути ама баш беше непријатно на секој 20тина мин она се соблекува и на крај дури заборави и да се покрие и си остана така едно 5-10 мин расоблечена, мене ми беше непријатно а не па на дечко ми.Има некој се навистина без осет и срам :x
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    1.454
    Мене ми е многу непријатно кога гледам дека некој тоа го прави, и го сметам за интимно нешто... Мајката нека си планира, нека го надио па нека излезе, или нека го направи тоа некаде каде што нема да ја гледаат луѓе... А не ко што имам видено една ромка, си оди по улица (на пешачки) во центар на Реккорд, и си ја вади цела ци*ка нема гајле, и го дои така одејки (и тоа големо дете не бебе)... Грдо ептен, кога би имала дете никогаш не би правела така...
     
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.662
    Mene ne mi e vkusno koga kje vidam majka da go doi deteto vo moe prisustvo :| grdo mi izgleda.ova resenie e ok,bravo taka bi go doela i jas moeto (koga ke go imam) :D
     
  16. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    102
    се случи два пати кај нас на работа жена со бебенце, си вади дојката и бебево цица ! :x мислам дека е крајно невкусно, подобро да не прашаше дали има некое местенце кај што нема никој, па барем таму, а не ова влегува клиент и право очите ... :wasntme: некултурно е во секој случај !
     
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.662
    ccccc i drugarka mi taka pravi!!!mislat deka e toa najnormalno nesto za zal :|
     
  18. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    102
    далеку е од нормално, интимно е тоа што жената/ мајката мора да ги извади градите, а не тоа што го дои бебето . ај замислете си исто ко да на јавно место, онака си ја повлечете блузата нагоре и ја извадите градата ?! разликата е само што нема да доете ништо друго ! :D :D :D
     
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    За наметка како погоре да , или во соба кај што нема никој . Еднаш во рамстор видов жена што си ја извади градата и го доеше бебето . Доле на клупата беше и сите ја зјапаа . Не е културно , дури слушнав коментар ... добро женава има ли маж? :lol:
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    25.659
    Доењето е нормална работа, и секој што имал бебе знае дека баш и не можеш да го испланираш времето. И не значи дека треба да се откажеш од излегување од дома додека имаш бебе, случајно да не му се пријаде. Секаде во светот е нормално, и мислам дека никаде нема волку негативни коментари како кај нас. Се разбира дека треба да е со наметка, тоа не е спорно.

    Јас првото дете не го доев надвор. Што е право, знаев само легната да дојам, па беше невозможно. Не знав кога ќе сака да ја дојам, и нон стоп бев дома. Тоа ми ствараше страшна нервоза.

    Второто дете го доев надвор, нон стоп бевме надвор. Се разбира тоа го правев дискретно, и на не многу прометни места. Ама го имам доено и по кафиќи, ако не сум имала друг избор, и секако со наметка, без ништо да се примети. Веројатно и јас за првото дете мислев дека е срамота, зошто така ме учеле, ама за второто многу се дружев со едни мајки од странство, за кои тоа беше најнормална работа.
     
    На Lolo5, Kaetana, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.