Немам ништо против бебето да се надои во јавност. Ми се случи пред извесен период во канцаларија ми дојде жена со бебе. И сега требаше да дои, ама тоа блузата незгодна некако, луѓе мои си ја соблече скроз и така угол гола си седи, без прслук и си дои, е аман бе. Се е во ред, ама ова. Кој како влезе во канцаларија, посебно машкиве главата надолу . Тоа е бебе, неможе да чека факт, ама па треба да си соодветно облечен, или надгрнисе малку, подзавртисе.
да се има соодветен прслук и блуза и само едната града да се извади главчето на бебето ќе ја покрие ама па така коко што кажуваш ти то не!!!
јас немам ништо против доење во јавност, ама се мислам дека лично јас нема да можам да го направам тоа, пред се заради тоа што бебушко мој е живец невиден, додека да го лапне цицето цел се мрда, и јас како од некое племе цела стојам гола може ке се поправи кога ке потпорасне ке видиме
мене лично не ми смета да гледам некој да дои во јавност, а јас да го хранам син ми во јавност нема шанси, ке одам некаде насамо или ке се завртам да не ме гледа никој, едноставно неможам во јавност цицки да вадам пред сите мислам не ми е згодно, не дека некој нешто ке помисли или ке рече едноставно не сум таква јас и неможам. А и мислам дека на многу луѓе во ваква ситуација би му било не пријатно посебно од машкиот пол, да му извади некој цицки пред очи да го дои детето. Јас и сега кога идат кај мене на гости мајка ми татко ми или кој и да било друг кога треба да се дои детето го земам и во спалната на само ке си се најади и пак се враќаме, само пред мм може да го надојам или пред мајка ми ако сме насамо инаку пред никој друг неможам.
Јас сум видела ќерка пред татко вади цицка и дои. После цицката скоро и да не ја враќа назад.Така си оди ќе и испаднат.
Еве мене ми е непријатно не дека ми е гад , ама се одам до надвор се шетам ги бројам коцките на подот Од причина што не сакам да се почуствува мајката глупаво и дека ја зјапам.. Кога јас ќе бидам мајка , не би дозволила некој си ојле дојле таму да ми ја гледа градата и точка . Сеа нема што да се убедуваме природно било , природно е ама пак не сакам некој да ме набљудува и неверувам дека е удобно и за мајката и за бебето да цица у кафич ...
И мене не ми пречи некој пред мене да дои, но јас не би го направила тоа. Затоа се измислени тие пумпици за да се складира млекото од мајката во шишенца и кога ќе е малото гладно нема потреба од цицки вадење. Ќе си пие мајчино млеко од шишенце. Споилер за оние кои не знаат за што станува збор. Спојлер
Еве бремена сум но нема шанси да глумам лудило и да вадам цицки.Ама има и многу безобразни мајки,стварно без грам култура и размислување си ги вадат цицките,со образложение дека бебето им е мало и дека треба да го нахрани.Во тој случај сметам дека мајката воопшто не е способна за одгледување дете,од проста причина што ако дома имам мало бебе нема да мислам за разоноди и шеткарења а да го грабнам бебето и да го дојдам по кафичи. Искрено ми се гади од такви прости жени,без воопшто да размилсат,демек само тие се мајки,па ајде сега ќе се раслекваме.
А добро дали во Мк во трговските центри има посебни тоалети за мајка и дете каде ке може мајката да го надои детето ?? Како што е во целиот свет .. Јас не сум сретнала И не се криви мајките што се дрзнале да дојат во јавност , и искрено повеќето што би доеле во јавност сигурно би биле покриени со марама или сл. Е вака незнам што има страмно Мене искрено пре ми пречи сликата на млади девојки провокативно облечени со длабоките деколтеа , градите извадени као бугарските пеачки , ... од слика на мајка која го дои своето дете И многу пати сум била приморана да излезам со бебето , пр дали да пазарам или слично и ако во тоа време сум се задржала повеќе а е време да го надојам бебето , сум го доела и во јавност , задскриено секако . И никој ама баш никој не ме гледал попреку Или како што кажа погоре една феминка во германија во кафуле ако те видат дека го доиш бебето ке ти донесат и чаша вода И дали знаете дека си има посебни градници во кои немора да ги вадиш градите за да доиш и додека има вакви коментари од типот ми се повраќа од глупачи мајки кои дојат , не сме отишле далку во напредокот . Затоа седете си дома затворени во 4 зида и бидете ограничени толку од мене Поздрав
Јас допрва (за 3 месеци) ќе видам како со доењето во јавност. Искрено воопшто не ми пречи да видам мајак како дои детенце во јавност. Тоа е природна работа и воопшто не е грозно (како што знаат некои да преречат). Погадно е брадосан чича да го гледам како срка мрсна чорба и му се лепи по брада отколку мало бебче да цица. Сум сретнала мајки да дојат на клупи со марама или јакничка го покриваат бебчето. Во Скопје има битно споменици и триста чуда, ама нема кафуле и ресторан што има простор за доење. Само во МекДоналдс имам видено во тоалетот маса за повивање, нигде на друго место! Не се виновни мајките што ни е таков градот непријателски настроен за мајки. Знам дека во Чешка, Холандија, Германија, Шпанија има простории за доење во рестораните и доколку се презафатени, мајката што дои добива вода или сок. Далеку сме ние од ова. Прво треба да се реконструира менталитетот, а после градот. А за тие што превртуваат очи на доење во јавност имам само едно да кажам: Провинцијата/паланката не е географски определено место, туку умствена состојба.
Немам нешто против,ама сега па мене лично би ми било невкусно пример во ресторан,мајката да го дои бебето пред сите. Тоа се подразбира дека е симбиозна врска која зрачи со невиност,меѓутоа сепак сум за нешто подискретно
И мене не ми е јасно како нема простории за доење , се промовира наталитет а на мајките ништо не им се овозможува
Во Америка има една изрека: Ако ти пречи моето доење на јавно место тогаш гледаш премногу долго. Таму многу се промовира доењето како најдобра работа која можете да ја направите за вашето дете и мајките се многу ослободени во врска со доењето во јавност. Пинк позади сцена, Миранда Кер во соблекувална, Анџелина Џоли на насловна, сите тие го промовираа доењето во јавност и ги поддржуваа мајките што тоа го прават. Во некои афрички земји навреда е ако го храниш детето со вештачко млеко и веднаш ти викаат да го доиш и тоа каде сакаш и колку сакаш, само да го доиш. Кај нас е тоа уште табу тема, а во Америка и на Запад е многу послободно и мислењето на мајките од таму е дека што се не гледаат по телевизија, на интернет, секакви голотии и дека нема право никој да се навредува или лути на доењето како една нормална работа, дека нема ништо срамно во тоа и воопшто око не им трепнува кога си дојат на јавно место. Јас искрено не сум доела на јавно место каде што има многу луѓе, бидејќи секогаш кога сме излегувале малиот бил најаден, но сум го доела во кола, на гости само во посебна просторија и еднаш во амбулатна кога бевме на преглед. Искрено мислам дека ако земам да го дојам на јавно место сите ќе ме гледаат попреку па дури и ако сум со марама. Но, ако има потреба малиот мене ќе ми биде најважно тој да биде најаден, а не да се срамам да го дојам. И мислам дека повеќе внимание ќе привлечам со тоа што ќе почне да плаче и сите ќе не слушнат отколку што ќе се тргнам на страна и покриена ќе си го надојам. Многу луѓе не знам од која причина се чувствуваат навредени од самиот чин на јавно место, а можат само да ја тргнат главата и да не гледаат. Јас ги разбирам и мајките што сакаат да дојат на јавно место и без да бидат покриени и мајките што им е незгодно тоа да го прават на јавно место. Ама треба да се сфати дека тоа е нормална работа, на детето му треба храна, тоа не знае дали некој е навреден, му пречи или му е непријатно доењето, тоа инстинктивно ја бара градата и си цица без разлика на околината. И зар мајките што дојат не треба да излегуваат од дома за да не ги гледаат другите како го прават тоа. Како мајка што дои мислам дека нема поубава работа, таа врска мајка и син ми е незаменлива, едноставно кога ќе го гушнам, ќе ја почувствувам неговата топлина, и кога ќе го слушнам како задоволно си голта и тоа мое млекце едноставно се топам, топлина ми оди на душава. Сакам да кажам дека треба нашево општество да биде малку порелаксирано во врска со оваа работа и да им се овозможи на мајките да имаат подобри услови за доење. И само да додадам дека додека бевме на преглед кај матичната, малиот почна да плаче многу и докторката ми рече, мајка мораш да го смириш, машко дете не смее да плаче долго и само со доење можев да го смирам. Значи во посебна просторија бевме, таа што е за здрави деца. И го земав, почна да цица, а во просторијата останавме само јас, маж ми и свекрвата, докторката излезе да прегледува друго дете. И само што почнав да го дојам некој ми отвори врата ме виде и викна на глас со намера и јас да слушнам: - Леле, сега ли најде да го дои!!! И не ја ни затвори врата туку ја остави отворена за да видат другите родители и да престанам. Толку ми било непријатно и набрзина станав, не се ни облеков како што треба, само мантилот одозгора го облеков, и излегов. И токму заради тој настан го пишувам ова.
Читам и не ми се верува... Од една страна, им се чудам на тие на кои доењето им е една од најгадните работи, среќа имаше малку такви мислења па мене не ми се згади од нив. Од друга страна, неможам да оправдам кога некоја доилка барем малку не се потруди да ја затскрие таа света работа што ја прави, и да остави малку на фантазијата на другите. На запад секаде има собички за доење и пресоблекување, кај нас нема. И во догледно време нема да има, од причина што сме слепо црево во светот. Дека ќе седам дома со бебушот и нема да мрднам, малку потешко, а исто и дека секогаш ќе натемпирам да биде најадено. Затоа во торбата со пелени и останати бебешки потрепштини, ќе си носам и марама. Немора да е скапа, модерна, специјална за таа намена од 50 евра (харикирам), туку било која чиста марама, и баш ќе ме боли уво дали некој ме гледа или не, затоа што нма да има што да види. Ова сум го видела 100 пати по градов и секаде, и апсолутно ништо не му фали, е сега ако некој сака да фантазира и да дрнда дека јас знам што се прави под таа марама, и гадно ми е, епа нека ви стои. Навистина! Гола града така да бапнам на маса како што викате вие, нема баш да се случи ДОма во интимноста на мојата спална секако, но не и каде стигнам. Или пак пред свекор ми или брат ми, нема потреба по мене. Маж ми, мајка ми, свекрва ми, золва ми, сите сме жени, баш ми е гајле, но не во секое време и на секое место. Јас ќе си одам во спална, а некоја ако сака да дојде, изволте. Сега оффтопик да ви кажам на што ми личи оваа ситуација. Пред извесно време, имав повреда на ногата и неколку операции, и после рехабилитацијата одев со бастун, онаков дрвен. Бидејќи бев студент, најнормално си одев со автобус, со се бастун, секој ден во 2 правци. Никој ама баш никој не стануваше во утринската гужва, туку или нагаѓаа што ми е, или се гадеа од мене, види инвалид викаа и бегаа. Некако не им се обазирав, само им се смешкав и не размислував за тие кретени. Ова ми е апсолутно исто, јас бев доволно облечена да не ми се гледаат лузните, стокмена со ташна и бастун, и си одев на факс. Ништо грозно не правев а мнооогу се гадеа од мене. А не па дете да си дојам на страна под марама, оди па нека дојде некој да ми се побуни, очи ќе му ископам!
Сега оффтопик да ви кажам на што ми личи оваа ситуација. Пред извесно време, имав повреда на ногата и неколку операции, и после рехабилитацијата одев со бастун, онаков дрвен. Бидејќи бев студент, најнормално си одев со автобус, со се бастун, секој ден во 2 правци. Никој ама баш никој не стануваше во утринската гужва, туку или нагаѓаа што ми е, или се гадеа од мене, види инвалид викаа и бегаа. Некако не им се обазирав, само им се смешкав и не размислував за тие кретени. Ова ми е апсолутно исто, јас бев доволно облечена да не ми се гледаат лузните, стокмена со ташна и бастун, и си одев на факс. Ништо грозно не правев а мнооогу се гадеа од мене. А не па дете да си дојам на страна под марама, оди па нека дојде некој да ми се побуни, очи ќе му ископам! Од ова што го прочитав се запрепастив..До каде оди таа наша култура, да се потсмеваат и да не стануваат ..Срамота, ама ај оффтопик е... Инаку за доење во јавност, дур не станав мајка воопшто не ни размислував за таа работа, а и немам до сега видено жена да дои во јавност...Сега како мајка воопшто нема д ами биде гајле ако моето дете огладне...И јас марама би си земала да се скријам..Па овие први месеци градите се извор на храна на нашите бебиња...Незнам зашто некому би му се гадело..Нема од што...Од бебе ли? Од гради ли?Од хранење на бебе... Кај нас навистина треба да има посебен простор за доење барем во трговските центри ако не на друго место...
И доењето треба да се сфати дека е природна работа, тоа е борба за живот кај бебињата, си бараат храна и не бираат место каде ќе им се пријаде.
На овој линк може да видите славни мајки како дојат на јавно место: http://www.ivillage.com/celebrity-moms- ... 6-b-333220
Jas sum majka na tri deca i nitu edno ne sum doela vojavnost. Megutoa smetam deka toa e sosema vo red ili barem bi trebalo da bide. Gradite se sepak mlecni zlezdi i covekot e edinstveno sustestvo na planetata koe gi koristi za erogena zona
Ок е се додека е дискретно. Значи не да ги извадиш на мегдан на плоштад, ама да седнеш на клупа и дискретно се покриеш со марама или сл. зошто да не. Нема срамота да си го храниш детето, по греота е да го оставиш гладно за да стигнеш до дома.
Јас немам ништо против доењето во јавност Многу слатко ми изгледа НО ако е покриена, со марама посебно Незнам што е толку страшно и чудно во тоа..