Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,0%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    143 глас(а)
    34,9%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,5%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Што мислите за ова?Доење во јавност?
    Мислам дека е ептен глупо. :worried:


    Дали според вас е нормална и секојдневна работа бидејќи доењето=хранење или пак мислите дека е интимна работа која не треба да биде прикажувана во јавноста?
    Нормално е да си го доиш детето, ама не баш во јавност. Интимна работа е, а ако ептен итно треба во моментот, може барем во WC да се отиде.


    Дали вие лично би го доеле вашето дете пред непознати или пак чувствувате срам?
    Би чуствивала срам, бидејќи несакам цел свет да ми ги види дојките и како што напоменав според мене е глупа.
     
  2. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    No comment. Некои луѓе се навистина ограничени. Во јавно WC да одам да го дојам детето, каде со опроштење сите серат и мочаат само за некој да не ми ги види цицките? Бог да чува. Ако е манијак нека гледа и нека се чуди, а за мене доењето е природна и нормална работа и каде сакам ќе ја правам!
     
    На Hipica, Silver.E, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.750
    Пол:
    Женски

    Чекај чекај , и тие еден ден ке станат мајки па ке видиме дали ке сакаат да дојат во ВЦ :D Мислам свашта! :^)
     
    На Angel-Adriana, Mama25 и Annath им се допаѓа ова.
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.853
    Допаѓања:
    40.269
    Пол:
    Женски
    ^^ ама па и вие што сте Чудни
    Некој мора денес да ги искоментира сите теми , безразлика дали е Темата доење во јавност, Баби и деца , Колку пати во денот имате секс и сл. до формуски игри |(

    За темава се изјаснив еднаш и веке не
    Мене доењето во јавност не ми е срамно нит глупо , на кој му е нека ја сврти главата на друга страна :!:
     
    На Hipica, Silver.E, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Silvester

    Silvester Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11
    Не е срамно доењето во јавност и им завидувам на тие што можат. Јас не можев да дојам дури ни во кола завртена кон ѕид од срам да не ме види некој. Односно пробав, ама не можев да се опуштам и млеко одвај течеше. Бебето си остана гладно, а јас добив маститис.
     
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    А не се огреничени да се стискаат полуголи денешниве млади цуци по разноразни места насекаде низ градов,било да е денска шема или навечер,иако тоа сепак спаѓа во интима . Се драпаат на секој чекор а тука се згрозуваат од нешто што ни во најмал поглед неможе да се успореди со тоа.
    И јас се срамев со керка ми,не ми текнуваше да и дадам да цица во јавност иако им се ВОСХИУВАВ на останатите мајки.Шетавме во близина каде што ни беше паркирана колата за да можам да ја надојувам без устручавање. И така цели 2 години :) Штета што немаме посебни простории за доење и преповивање како во другите држави инаку добро би ни дошло,а во WC ни под разно не би го доела бебчето па макар ме гледале со згрозување!
     
    На MacenceEna, koritsaki и Angel-Adriana им се допаѓа ова.
  7. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Коритсаки, ти го лајкнав мислењето, бидејќи потполно се согласувам. Јас уште немам деца, но верувам дека еден ден кога ќе имам нема истово како сега да го мислам. Можеби ќе го применувам тоа од Мама25. Поздрав :)
     
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Се испукавте на адриана па можеби јас полесно ке поминам :) се шалам, слободно секој ке си го каже своето мислење:
    јас се согласувам со адриана делумно
    Доењето е точно хранење,а бебето нема да умре од глад ако во тој пола саат не го нахраниш,ако пак е толку итно дај му шише, многу ми е девалирачко за женскиот пол доењето во јавност,
    не срамно- секако посрамно е носењето деколте..но не е тоа цел на дискусијата
    значи не ми е срамно туку ми е ниско ако може така да се изразам
    таа жена ја доживувам како заробена во обврските на мајка и жена,како да не се цени т.е почитува самата себе, се одрекуваат од она што е дама во нив...
    од друга страна исто сметам дека е многу интимно нешто за да се прави јавно, е сега не сум за одењето во веце, но за да му се даде цуцла, шише или што и да треба таму да

    секако можеби вака размислувам дека не сум мајка,далеку сум од тоа,мала сум за да размислувам за темава подлабоко, но ова е мојот впечаток само од мајките што ги имам видено да си го дојат детето, и не ми изгледало баш фино
     
    На Angel-Adriana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.865
    Пол:
    Женски

    Ова болдираново морав да го потенцирам - да, бебето нема да умре од глад во тој половина час, ама ќе крене се во воздух од плачење, ајде да те видам како ќе му кажеш дека мора да почека за да добие јадење. Од друга страна, има бебиња што не фаќаат шише и цуцла, не сакаат, па како може да му дадеш цуцла ако ја плука? Ќе плаче уште повеќе. И што тогаш? Доењето во јавност е сосема нормална работа, сигурно не со гради на мегдан, туку дискретно. Да хранам бебе во wc кај што секој кој стигне моча и сере (извинете на речник), немам намера. А кај нас нема такви посебни простории за доење на бебиња (со исклучоци). Па сега, според вас мајката треба да се откаже од животот, да седи дома, само затоа што бебето ќе сакало да јаде. Ајде, ќе ве видиме, здравје Боже кога ќе станете мајки, дали истото ќе го мислите.
     
    На Sanjicka15, Hipica, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  10. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    една мајка што одвај нашла време да излези ,,да и фати главата воздух,, искрено кажано според мене ја здоболе што ќе помислат и што ќе речат ако ја видат како дои па и била цела града извадена надвор....
     
  11. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Пред да станам мајка и јас имав слично мислење како Angel-Adriana и feminium. И јас мислев дека ништо нема да му биде на бебето да почека пола саат да цица, НО откако станав мајка сватив што значи цицањето за него и сега ич не ми е гајле дали на некого му е незгодно или не, ама јас во целост го подржувам доењето во јавност се додека е во рамките на културно доење. Тој пола саат за нас е ништо, ама за детето се како 10 саати, прво бебето ќе се откине од плачење, ќе го фати нервоза, ќе вришти на цел глас.
    А тоа дека е ниско да се дое бебето и дека е жената заробена во обврски да го дое детето е најголемата глупост на светот. Кога ке станете мајки ќе видете што занчи доењето како бебето мило ќе ве гледа кога цица и како ќе ве гали со рачињата тоа е најубавиот конктат мама со бебе и е ПРИВИЛЕГИЈА.
     
    На Annath, Silver.E, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.750
    Пол:
    Женски

    јас на ова ке искоментирам , па еве јас керка ми ја доев и нема ни шише допрено и имав толку млеко дури и за извоз што се вика и наместо да влече од мене да влече од шише?? мислам стварно, :| рамзислете убаво пред да напишете нешто!
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  13. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Еее така се оттргнавте од Адријана :* :rofl:
    Сега озбилно: како што реков немам такво искуство и далеку сум од тоа, но ми е непријатно мене кога гледам на учица жена што дои онака без престилка, без ништо..
    1. Јас не велам да пие детето од шише постојано туку само кога е итно навистина, што сега излегнала на кафе и го дои детето тоа воред е?? според мене не е.. тогаш може да оди дома и како пристојна мајка да си го дои детето, итно е кога навистина има некоја потреба да е надвор, тоа нема да ти пречи тебе на млекото,а ни на детето(јас на шише сум израсната значи како што забележувам жива сум, па нема ни на тоа бебе да му биде нешто од 1-2 пати пиење од шише)
    2.секоја совесна мајка отприлика знае кое време детето јаде т.е.. цица значи не е крај на свет ако прво го надои детето па излзат, или избегнува да излегува баш тоа време
    3.ако веќе толку мора ке си носи престилка има такви за доилки, но какошто реков тоа во ептен краен случај
     
    На Angel-Adriana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.750
    Пол:
    Женски

    Воопшто не е така како што мислиш. Ете има мајки што не сакаат да ги учат децата да пијат од шише. А и мојата не пиела од шише и ја на сила да и ја бутам кога не ја сака?Цицаше до 12 месец. И требаше јас дома да седам. И на кафе одев и по ресторани одев и ја доев , плачеше и требаше да ја оставам без јадење? А и не е точно дека мајките знаат кога ке им се пријаде на бебињата. Тоа нема да ти каже дека му се јаде , туку ке почне да плаче. За нив нема час определен кога ке сакаат да цицаат. Може по пола саат да заплаче а може и по 1-2 часа. Тоа е неопределено.
     
    На Annath и friendy им се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.564
    Пол:
    Женски
    Порано бев против града на ачик,сеа сум против хистерични бебиња/деца кои вриштат пиштат ко душа да им вадат.Ако града ги смирува слободно пред мене на маса нека ја извади ке и ја придржам ако треба само да не го слушам тоа урлање на малото.

    Крај краева понезгодно и поиритантно ми е кога ми галами некој и неможам опуштено да седам на кафе,отколку гола града пред мене.
     
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    абе луѓе шо ви е????
    ако една жена стани мајка треба на се останато да заборави и да се затвори дома за да седи и да го дои детето???има денови кога бебињата се секој сат секој пола сат на града и што мајките со клучот на врата ни да излегуваат ни да му оди некој дома?????
    како не!!!!ако ти е непријатно не зјапај свртиси ја глата и готово некој не те тера со сила да гледаш????
    и погоре напишано е по улици младите уште што не почнаа да се сексаат!!! тоа е убо? не е!!
    ќе се свртиш и ќе си продолжиш
     
    На Annath, Hipica, Silver.E и 2 други им се допаѓа ова.
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Доење во јавност?
    Сметам дека:
    а) кога бебето е бебе не треба да се носи по места како ресторани, кафичи итн - од една страна тие простории се стресни за самото дете, од друга не се пригодни за вадење дојки на маса кадешто другите ручаат.
    б) кога се оди по гости со бебе слободно мајките може да замолат да одат во некоја друга соба кадешто на мира ќе си го нахранат бебето.
    в) како само некои од вас споредуваат пристојно деколте или купачи со вадење на цела дојка во јавност за да се нахрани бебето - за мене цицињата се света работа и ги чувам само за мене и партнерот, немора цел град да ми ги гледа, а сакале или не мора да признаеме дека при доење се случува да се виде брадавицата и оп троп оп, исто е како топлес да си.
    Секоја мајка може да се снајде и да најде пристојна просторија за доење на бебето. Нема потреба да се остави тоа да плаче.
     
    На lolyta777, GordanaL и feminium им се допаѓа ова.
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ти да одиш да ручаш во тоалет во смрдеата да те видам дали ќе ти е убаво.
     
    На Annath, Silver.E, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Некако повеќето го помешале доењето во јавност со вадење на градата на маса :^) Луѓе бре, па си носат мајките марами, се покриваат, си го хранат бебето. :) Зар само јас немам видено дојка во кафуле? :D
     
    На Annath, Hipica, Silver.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Silvester

    Silvester Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    11
    Леле ама дискусија се разви :D . Ги разбирам и двете страни. И тие што не се мајки и оние кои го поминале доењето на јавно место. Понекогаш е стварно невкусно кога некои мајки ќе ја извадат градата и воопшто не се трудат малку да се покријат. Може да се завртат кон ѕидот, малку да се затскријат... А тие што не се мајки нека не коментираат додека не осетат на своја кожа.

    Прво: бебето не чека ни 5 минути за да го нахраниш, а не пак пола саат додека да си појдеш дома.
    Второ: мајките треба да излезат од дома за да не ги фати постпородилна депресија.
    Трето: и да не сака да оди по кафиња мајката мора да го однесе бебето на контрола на болница, или во амбуланта.
    Четврто: шише некои бебиња не прифаќаат, а и да го прифатат ризикувате да одбијат цицање понатаму.

    Значи доењето во јавност не е за осудување ако мајките припазат на кој начин го прават.
     
    На Annath, Hipica, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.