Јас незнам што ви стана. Не реков дека секоја мајка мора детето да си го дои во ВЦ, туку реков дека ако во моментот е ептен итно, тогаш може да се отиде.
Ти бидена си во нашите вц.еа ??? Знаеш какви услови има таму ??? Мислиш дека мајката може така од на нозе да го дои бебето туку-така во такви неуслови ???
Мајка не сум, ама ова со ВЦ-ата многу ми падна в очи. Јас во тоалет ни кога ќе ми се оди по нужда не одам од што се „чисти“ (освен ако ептен не ми се оди и не можам да издржам), не пак дете да дојдам таму
Во очи ми паднаа овие болдираниве. - За првото, изгледа немаш имано бебе, или некој близок во фамилија кој има, за да видиш дека кога бебенцето е гладно, плаче ли плаче и не запира, се угушува од што е гладно. Е, само ако немаш совест и грижа, нема да му дадеш да јаде и ќе го гледаш како плаче кутрото. А, дај му 2 капки млеко, одма ќе се смири и опушти. Не си видела, па затоа вака кажуваш. - За вториот случај, НЕ Е ДЕВАЛВИРАЧКО. Затоа што мајката нема да ја сервира градата на маса. Ќе се прекрие со марама, со блузата, ќе се подзаврти некако. А, ти ќе си гледаш настрана или во очи, ако правите муабет, нема да и зјапаш во градите !!! И не само што не е девалвирачко, туку е жалосно, зошто ова кажува дека имаш комплекси на ниска вредност, па ти е срам да си го доиш детето во јавност. Туку сакаш да се покажиш како совршена, средена госпоѓа. Епа, не можи така. Мајка си е мајка, и кога се работи за децата, нема срам. Срам имаат само искомплексираните луѓе. Што е природно, не е срамно.
Ахаха ова веќе прејде во лични навреди ако ти одговорам ќе паднам на твоето ниво,затоа и нема. Само ова ми заличе така на аргумент па за тоа ќе дискутираме Што е природно не е срамота ок епа тогаш зошто велиме дека е срамота да имаш сексуален однос во јавност и тоа е природно нели??, мокрењето, не е природно?? зошто и тооа не го правиме во јавност според мене тоа не држи вода ии да понатаму да ги избришеме пораките ТИ, ваквите пример: -А, ти ќе си... -дека имаш комплекси на ниска ... ти дирекно е испуштено но се гледа од прирокот во реченицата -сакаш да се покажиш како совршена.. -Ти бидена си во нашите вц.еа.. Да дискутираме со аргументи, јас и адријана ви кажавме како тоа изгледа во очите на девојките, некои од вас наведоа “технички“ причини.. тоа е дискусија а не овие т.н. ТИ пораки
^ Мешаш нешто, доењето е исхрана, а не сексуален чин. И не треба да се сфати како срамно, затоа што е нешто преубаво и најприродно. Туку ајт прво да биднеме мајки, па да дискутираме овде, зашто со искуство и мислењето може да се промени
Секако тоа да јас не велам дека не се во право можеби се одкаде знам, не се согласувам само затоа што им се “нафрлаат“ на оние кои имаат различен став и тоа со навреди а не со аргументи,јас овде само си го бранам ставот, не им велам дека тие се лоши мајки или дека доењето е крајност туку кажав како мене ми изгледа, е сега изгледа жениве го сватија тоа лично па измешаа се живо и имаш право се повлекувам од темава, кога ќе има квалитетна дискусија викајте ме
А бе мило....ти изгледа не сфаќаш дека сите мајки ти настапија со АРГУМЕНТИ, и дека ИМА КВАЛИТЕТНА дискусија, ама тебе не ти одговара да го читаш тоа, зошто во твојот ум си зацртала дека доењето во јавност не чини, не е женствено, што да е. Ти сега збориш од еден аспект, како неискусен набљудувач, а сите мајки погоре - од лично искуство. Еве и јас доев во јавност (нормално достоинствено покриена) во секој момент, зошто детето ми (беше) е на прво место, секогаш и секаде. Дали тоа му сметало на некој (во ситуацијава некој како тебе или Ангел Андријана) не знам, и искрено не ме ни интересира. Нит сум помалце жена, нит помалце секси (конкретно ете за мажот ми) со хранењето на моето дете во јавност, ама тоа е, не носиме сите исти глави А муабетот „нема ништо да му стани ако поплачи малце и не му дадеш веднаш да цица“ во комбинација со „па може и во ВЦ да одите и да го надоите“ ми се дно на констатации кажани ОД ЖЕНИ кон мајки.
Значи прашањево е дали на некоја мајка би и сметало друга мајка да го дои бебето пред неа? Сите вие девојченца кои се будите сабајле со желба денес да ви се насмее симпатијата неможете да ја разберете појавава. Знаете на деца од 8 години им е грозно кога возрасни се бакнуваат, на деца од 12 им е грозно кога ќе помислат на секс а на деца од 14 им е грозно менување пелени и доење. Така за се си има време и мислењата се менуваат. Вие пак кажете си го своето мислење ама да давате совети како мајката требало да оди во ВЦ мислам стварно нема смисла. И за мокрењето ќе ти кажам дека можеш да се контролираш до одредена граница а потоа и ти млада дамо ако немаш каде ќе си се измочкаш во гаќичките како бебенце баш затоа што тоа е природна работа.
Јас не сум мајка, ама си имам мислење на темава. Потребите на бебето се на ПРВО место. Вообичаено мајките знаат кое време бебето ќе посака да јаде. Колку е бебето помало, мислам, толку почесто бара јадење. Според тоа, мајката може да се најде и во таква ситуација. И никако, ама НИКАКО не ми е во ред предлогот мајката да одела во wc за да го нахрани бебето. Замислете си, дали вие би јаделе во wc? Јас НИКОГАШ. А пак во јавно wc како што кажа некоја феминка погоре, не одам ни кога имам потреба да вршам нужда (стискам и траам додека не си одам дома, или барем некаде кај што не е толку јавно), а камо ли да јадам! Сепак, се согласувам дека мајките кои дојат, можат барем малку да се покријат (за таа цел секогаш со себе треба да носат чист материјал (пелена, марама, или што знам што - мајките поубаво знаат ). А кога се дома, во домашни услови, без разлика дали мене ми дошле на гости или ме повикале на гости, треба да се потрудат да најдат скришно ќоше и да го нахранат бебето. Не, не ми е мене непријатно, туку ова го велам за кога има присутни од машки пол. Тоа навистина ми нема смисла. Не повикала јатрвата на гости по некој повод, и ние комплет (со сопругот, свекорот и свекрвата)- кај нив. На бебето му се пријаде, а таа ни пет ни шест, ја извади градата надвор и го доеше бебето, а имаше услови да се скрие. Мажот ми и свекор ми во земја ќе пропаднеа. А богами и мене ми стана непријатно. Сеедно што се работи за хранење. Женските гради се сексуален симбол во очите на мажите. Сигурна сум дека да ги предупредеше, и двајцата ќе излезеа надвор за тие 10-15 минути, колку што траеше чинот (таман ќе испушеа цигара ). Значи, мајки, никој не ви брани да доите во јавност, но барем доколку сте во можност, скријте се или покријте се. Ако даде Господ да бидам мајка, нема да си дозволам да дојам бебе пред татко ми, пред свекор ми, пред девер ми или пред зет ми (брат немам, а доколку имав ни пред него). Културно ќе ги замолам да прошетаат, доколку јас немам услови да се сокријам.
Јас си кажав мое мислење. Ако не ви се допаѓа не го коментирајте. И Кравче баш паметно кажа дека може и со марама да се покрие (ова твое мислење ќе го запамтам).
^^Tи изгледа не ги читаш мислењата. Само коментираш колку да напишеш нешто. Па сите, не само кравче, кажавме дека бебето се дои во јавност, секако дискретно, што значи, мајката е ПОКРИЕНА со марама, пелена, ќебе, небитно со што. Кога ќе станеш мајка, слободно оди во wc дои го таму бебето, никој нема да ти брани. Инаку, погоре спомнато, мајката отприлика знае кога јаде бебето. Да, отприлика, ама бебето не е робот, па да знаеш кога точно ќе бара да цица. А може и да се задржиш подолго од планираното (ако на пример сте на контрола со бебето, може да се случи да има гужва), па мораш да му дадеш да цица, колку и да ти е срам,секако, пак дискретно. Феминиум - сфати дека не секое бебе фаќа цуцла и ад млеко, поготово оние што се на доење. Мајката треба да даде шише само да не го наруши комодитетот на оние што се во нејзина близина? Ти се молам. Секоја мајка ќе го стави детето на прво место, а баш и е гајле дали ти и сличните на тебе го одобрувате тоа или не.
^^ Па моето мислење на твоето и сличните се однесуваше. Вие мислите дека доењето во јавност автоматски значи вадење на гола града на маса. Сигурна сум дека повеќето мајки дискретно си го хранат бебето. Мислам дека треба да се одлучите дали за доењето сте против или за голотијата...оти тоа е различно.
Да мешаш доење со сексуален чин? Убаво кажа некој погоре, вие помладите, уште што не почните да се е*ете по дискотеките навечер, па ви сметало ако некоја мајка си го дои детето. Што, кафичите ваши да не се, па сега ви сметаат мајките со децата таму? И кој те тера да зјапаш во градата? Тргни си ја главата настрана. За комплексите, повеќе од јасно е дека ако некој има комплекси од нешто, ќе се срами, затоа што сака пред светот да се покаже во совршено светло и да ги прискрие своите маани. Пс. Јадиш некогаш ти дома ти во вц? Онака... А, не па во јавно..
А мене една мајка што ми кажа дека доењето било примитивно, а доењето во јавност било заостанато, дека сме биле 21 век, срамота било да се дои, особено во јавност!!!!!!!!!! Леле навистина човечката глупост нема граници, затоа рекле подобро молчи си, ќе те сметаат за попаметен, отколку да треснеш некоја глупост па ни Дунав да не може да те испере. Цел свет води активна кампања за доење, дека мајчиното млеко нема замена, и за да се поттикнат мајките да дојат се повеќе се промовира доење во јавност. Само кај нас може ова да се чуе, доење во клозет, доењето дека било примитивно, заостанато. Додека луѓето се почесто се вртат кон природната и природното, ние најдовме да изведуваме „бесни глисти“. Природата е совршена и се што создава таа е направено во единствена хармонија. Жално што некои луѓе поминуваат и цел живот и не го сфаќаат тоа.
Пристојна јас денес на гости си побарав да си одам во друга соба да си го надојам прцулчето мое кога една од гостинките со ќерка и ни две ни три на врата да видела малата како се доело (досега немала прилика), Мене искрено малце срам ми беше (скоро и да не ги познавам луѓево) дека баш ме гладаа во града ама ај помина
Доење како природен процес си е нормална ствар,ама бе луѓе стварно невкусно изгледа тоа дојката ачик извадена. А за по кафичи или такви други места не ни сакам да зборувам,веќе претераа некои мајки,со исклучоци. Па не значи ако некоја е мајка дека се и е дозволено,е ај ако не и памперс нека менуваат среде ресторан.
Баш вчера во кафичот каде што седев дојде мајка со мало бебе. После 20тина минути бебето плачеше,вриштеше. Мајката виде невиде си го надои.И немаше ништо срамно,ни гнасно,ни видливо. Беше покриена со марама и се тоа беше многу достионствено и според мене за почит. Зошто едно од најубавите работи што мајката може да ги направи за детето е да го дои. Му дава неопходна храна,му овозможува имунитет и блискост што ако не се оствари тогаш никој и ништо друго понатаму нема да ја замени во неговиот развој. Да оставиш дете да плаче за храна е жално,освен тоа потсвесно губи доверба дека ти како мајка воопшто ќе му помогнеш некогаш во животот. А,ако мајката не помогне нема никој друг.И така се создаваат деца без самодоверба и несигурни. Така што палче нагоре за доењето.
Шознам, при толку решенија, при толку инвентивни алтернативи за хранење на бебето со мајчиното млеко да мора среде народ да се вади градата на мегдан, повеќе ми делува на мајка која има некоја потсвесна потреба за некаков си циц-егзибиционизам [кој (доколку е случај) воопшто не ми е поразличен од оној кога жените носат деколтиња до пупак шо беа тема на плукање последниве страници], отколку ли на грижлива жена која сака да си го нахрани детето. Башка па колку е хигиенски, шетана, испотена во автобус да му ја тутнеш на детето друг муабет...