Јас си го кажав мислењето. Вие живејте си со вашата ограниченост, предрасуди, малограѓанштина. Мене сигурно ни на крај памет нема да ми падне да не дојам секогаш каде сака и кога сака бебето само затоа што одредени индивидуи сметаат дека тоа не е во ред, некултурно е и им е гад. А за сексуалната конотација не сакам ни да размислувам. Вие запрашајте се што не е во ред со вас кога доењето го изедначувате со секс и порнографија.
Poveketo od vas edvaj cekaat na nekoja plaza da gi isuncaat cickite ali ajde sega jemenki se pravite ovde. A sekoja zena i maz koi imaat deca na doenjeto ne gledaat so gadenje i popaluvanje posto znaat tocno sto se slucuva. Na malite deca isto ne im smeta, znaci ostanuvaat tinejzerite koi i generalno se nakurceni za se taka da nisto strasno. Jas za mnogu raboti imav mislenja duri ne mi dojde na moja glava taka da lajte si vie a karavanot si vrvi i eden den ke mu se pridruzite
Иако секаде во светот се водат кампањи за огромните придобивки од мајчиното млеко, тука на фемина константно им се укажува на мајките дека не морат да ги дојат малите.........ете имало и бебиња кои пораснале и без мајчино млеко. Каква себичност, каква безобразност е тоа само заради својата комоција да им предлагате на мајките кои имаат млеко да не им го даваат најдоброто на своето бебе. Кога читам на овие теми сериозно сум им благодарна на своите родители што ја напуштиле Мк и што не сум растела во таква рестриктивна околина, благодарна сум што живеам во child friendly држава, која се прави на мајките да им го олеснат животот, да се чувствуваат како да се најбитниот елемент на општеството а не како во Мк која сите околу прават мајките да се чувствуваат како понебитни и од уличарки. Инаку се имам изјаснето на темата, јас кога треба ги дојам децата во јавност, се покривам со марама ама тоа е пак повторно за маливе да си цицаат на раат без да се вртат на надворешните стимуланси а не поради пуритизам. И морам да се запрашам кога излегувате од дома, седнувате на кафе итн дали некогаш гледате само на своја маса или нонстоп зјапате по други маси па така ги забележувате тие мајки кои ги вадат градите затоа што сум сигурна дека ниедна мајка не ви дошла на маса да ви ги извади градите за вие да се гадите. Наравоучение...гледајте си пред себе, не зјапајте по маси нема да има од што да се гадите.
Овде ако некој покажа ограниченост и живеење во предрасуди тоа си пред се ти кое мислење и да ти го извадам на темава тоа го докажува, читај болдови, генерализации на куп Некоја што не чита и што не разбира пак се нафрли со хистерични коментари и блада за зјапање по маси Јас сум таа која со право се ужаснува кога гледам какви безобразни луѓе без осет треба да воспитуваат деца... Колку примери напишале на оваа тема кога ти седат на иста трпеза, вадат дојка и буквално во фаца ти прикажуваат непријатна глетка, мене само неколку пати ми се има дешавано кога бев мала, уште тогаш ми беше гадно, ете дека и на деца им смета... ама не пак они се тие фините мамички кои споделуваат интимни моменти со нивните сонциња, ти не чиниш што случајно си се нашла пред нив .... Ми се гади од доење, не можам против тоа, не сум единствена, и? Какво право имате вие да ја пореметувате работата на нечиј желудник?? Толку да се немало разбирање за околината и за други луѓе? Само вие и вашите деца сте важни на овој свет, само вие постоите? Ајде, доста веќе со топлес и со провокативна облека, нема врска со темата и не би требало да префрлате кога немате кредибилитет во тој поглед... Жени кои вадат дојки на несоодветни места, најдоа да коментираат кој како се облекува или дали се облекува воопшто на плажа...
^Па не знам како да ти објаснам ако самата не сфаќаш дека ДА, за мене најбитно ми е моето дете, тоа зависи од мене а за околината ни најмалку не ми е гајле, не ја ни забележувам, секој/а може да си ја сврти главата а не да ме зјапа мене кога го дојам малиот за да не им се превртува желудникот.
Не знам како ти не сфаќаш основни општествени и човечки правила дека кога си во околина на луѓе и тоа како треба да се приспособуваш кон неа и да покажеш разбирање кон останатите... И друго што не знам е како не сфаќаш дека на луѓето не им е битно што ти е тебе битно и дека ако ти себе се ставаш на прво место, останатите не те гледаат така, на скалата си им сигурно стотина места подолу. Пак небулози за зјапање, да сите зјапаат во она што им се гади, сигурно е така обично... На кого му објаснувам воопшто Ограничени сфаќања имате, барем во однос на темата, дали се емоции во прашање, дали нешто друго не знам, ама логиката ви работи на некој испревртен начин...
sajonaramucaca pisi po nekoja god na temava koga ce stanis majka..ne se opteretuvaj uste segaa so ova .. drugo si sega drugo posle veruvaj..poz
^Си објаснив јас многу убаво дека основните правила на општеството каде живеам јас е дека мајките се на прво место, така си наметнуваат кампањата за зголемување на наталитетот, никој тука не ме гледа кога дојам во јавност, секаде има направено катчиња да се чувствуваш пријатно додека го доиш бебето а и да не седиш во тие катчиња повторно никој нема да те забележи дека дојиш во јавност затоа што секој си ја гледа својата работа а не туѓата. Како што јас не сум им битна на другите луѓе и нив не ги интересира што ми е мене најбитно така и мене не ми се битни тие и не ме интересира дали им пречи тоа што го хранам бебето или не. Не се емоции во прашање, основната функција на градите е да произведуваат храна за одржување во живот на новороденче, без мајчино или ад за тие што немаат млеко бебето неможе да живее, просто и едноставно. Морам само да кажам дека ми е многу интересно да ги читам тие романтизирано фантазии каде девојките ќе доеле само пред сопругот, пред никој друг затоа што доењето било интимен чин помеѓу мајката и бебето.Имам чувство како тие девојки да си го замислуваат доењето како еднаш на ден па ќе се тргнеш некаде на страна па само сопругот ќе може да биде присутен и бебето ќе ве гледа во очи додека доите и околу ќе свети силно сонцето и ќе има виножита. И сега вистинската слика а не филмска верзија: Новороденче е на гради 24/7 некогаш, значи освен ако не се изолирате од светот некој покрај сопругот ќе ве види и јас се трудам да не ме види татко ми, брат ми, свекорот итн ама сите до еден ме виделе, не сум ја извадила дојката пред нив ни срам ни перде меѓутоа дошле баш во тој момент кога сум доела, додека се покријам ме виделе и тоа е тоа, не сметам ни дека јас сум без срам затоа што ме виделе а ни тие дека се безобразни и без осет затоа баш нашле во тој момент кога дојам да дојдат. Пак ќе повторам јас претпочитам кога сум на гости или кога имам гости да се повлечам во друга просторија за да го дојам бебушот ама пак го правам тоа заради малиот а не заради околината, кога сме сами побрзо ќе се нацица а кога има луѓе се врти се сака да види и доењето трае подолго, и не е исто ако те види таткото, свекорот итн или некоја непозната личност кога си во јавност, таткото, свекорот секојден ќе ги гледаш а непознативе никогаш веќе во животот.
Не знам за вас, ама јас прслукот да сакам да си го наместам или било кој дел од облеката, би застанала на некое подзатскриено место камоли дојка да треба да извадам. Не знам за другите мајки, ама јас да сум во ситуација да треба да го дојам детето некаде во јавност ќе се потрудам тоа да е што е можно подискретно, чисто ради тоа што мене ќе ми е незгодно, не мора да го покривам бебето дури цица ама би се свртила кон ѕид или некаде каде што не врват многу луѓе или да не е многу очигледно. Нема врска со секс и не е непристојно се е до сфаќањата на мајката и како таа се чувтвува, ете некоја може е пострамлива како мене, некоја може е послободна па неа не ѝ е незгодно. Сум се нашла во ситуација на плажа да се погодат повеќе мајки со мали деца, па вадеа дојки на секое мене не ми беше незгодно, ама на многумина некако не им беше сеедно. Исто така ми е глупава споредбата на девојките кои се сончаат топлес, со доењето во јавност. Кај што сум била на плажа топлес се сончаа поделку од гужвата, ретко се случувала некоја да се разголи во моја близина чисто им било непријатно бидејќи во тој дел повеќето биле фамилијарни луѓе. Мене би ми било срам да се сончам топлес пред било кој на плажа.
Пишував на темава еднаш чинам...ама пак ќе напишам. Јас сум за доење на децата ,ама дискретно во јавност.Ние живееме во општество каде градите се сексуален атрибут а не мајчински.Можеби во некои африкански племиња нормално се гледа на голи гради кај нас не е така. Дегутантно ми било да дојам пред друг освем пред маж ми.Ако се сака секогаш може да се најде пристојно месо да си го нахраните бебулето.И никогаш не би можела да седам на маса во кафиќ на пример ,па и нека сум покриена со марама и да си го дојам детето.Со една рака рака пијам кафе ,цепам муабет а дојам.Или во автобус на пример,пред сите да ја извадам дојката. А што се случува на пример кога бебето ќе се нацица и треба да се спастрите.Како ќе внимавате да не го разбудите,а да си ја приберете дојката во прслукот? Секогаш сум барала ако нема соба барем место ,да се оддалечам од сите ,да го завртам грбот и никој да не ме гледа. Се разбира ако видам таква мајка нема да отидам и да и кажам дека тоа не ми се допаѓа.Секој си живее со свој став и срам.
Оние кои дојат знаат дека под доење не се подразбира „вадење цицки на мегдан“!!! Аман те бе ЖЕНИ!!! Испадна повеќе вие го гледате доењето како вулгарно и асоциација на секс, отолку мажите! Просто да не му се верува на човек што све сте изнапишале вие противниците на доење во јавност! Значи си го местиш дискретно бебето/детето на града и толку. Нити цики се гледаат нити некој на секс помислува гледајќи го тилот на бебето! Сум доела во јавност да никој дури и не приметил дека бебето цица. Станете мајки, дај боже да си имате можност за си го доите чедото, па ќе правиме муабет тогаш на оваа тема! Ова е само уште еден доказ како ние самите жени сме си една на друга најголем непријател! Е па затоа кога шетам со бебе доенче, внимавам како ќе бидам облечена, за да ми биде згодно во било каков момент! Не знам во каква се ситуација можам да се најдам, и баш имав искуство како што го опиша погоре, бебе беше вознемирено, и се нанаше- а заспива само цицајќи. И наместо да ја гледам како се малтретира и мачи, си ја земав во прегратка, откопчав дугме на кошулче и бебе спокојно си цицна и веднаш заспа. Потоа си ја префрлив во количка, она си нанаше, а мама и тато си уживаа во ручекот и разговорот во кафуле на кеј. И наместо да мислам дали сите ме гледаат, јас си мислев на доброто на моето дете. Таа мисла ми е побитна од чопорот луѓе кои на кеј сигурно не дошле да гледаат како мајки си ги дојат децата
Размислувам што би се случило ако пак се најдам во ситуација на моја маса да посведочам таква глетка, а нели како што сум гадлива, или не мора јас, некој така што се гади како мене и како капак сум изела нешто што не му годело на стомакот... ете ти белја на маса, па после кој е крив... Кај надвор прават што сакаат, ние сме тие кои поднесуваме и молчиме во име на лична култура и толеранција, уште и на форум не смееш да се искажеш, ти прават драми. И поглупаво нешто од продавање магла за странство на темава (тука само муабетите за провокативна облека и сликите на Ријана можат да парираат)... Секако, да, ние во 21 век немаме поим што се случува во други држави, не сме ги напуштиле границите и лесно е да не смота било кој ... Како и за се останато, така и за ова, типично продавање пуфки од страна на некои примероци гастербајтери (не од сите, нормално), ама тоа е веќе друга тема која сама по себе не вреди да се коментира... Мислете си вие само дека надвор од Македонија никому не пречи таа глетка и нема некој кој се гади... Какви и да се менталитетските разлики на мнозинството, луѓе се, не се роботи, секаде има некои на кои не им пречи и некои што пројавуваат желудечни реакции слични на моите, ама како јас и овде, и тие нема што да прават, молчат и покажуваат култура, иако не наишле на такво нешто од другата страна. Кога општеството поддржува (во име на дигање наталитет најверојатно), што може тука да прави поединец... А овде во МК и споменик на доилка ви дигнаа, си води и тука владата кампањи за поддршка, во нејзин стил... И како што кажав и првиот пат, не ме цитирајте веќе, не сакам да коментирам, а не сакам ни пак некој да ме вади од контекст и да си го прилагодува моето мислење по негови потреби. П.С Ријана гарантирано ќе дои во јавност кога ќе и дојде време, не знам како се сомневате воопшто, позз
За мене доењето е некултурна работа и никој во спротивното не може да ме убеди. Начинот на кој поединци тука кажуваат дека дојат во јавност, исто како да очекуваат пофалба или медал, како да се парадира некоја пожртвуваност. Објаснуваат критични ситуации како крајно решение да било тоа, а уствари излегле во кафич. Едноставно времето треба да се планира и да се воспостави временски режим на бебето во однос на хранењето. Тоа не се храни на секои 5 минути или на секој саат. И дали сечиј бебешки плач треба да значи дека детето е гладно? Може да плаче бидејќи е вознемирено од околината, може да биде жедно, да се помочало или најнормално му треба внимание, не е тоа чипичан. На секој плач ли ќе ја вадите дојката? И по една година, кога ќе почнат запчињата да му растат? Престанете еднаш веќе со мешањето на работите како миничите и Ријана (која патем е облечена за на сцена и тоа во чест на Џозефин Бејкер). Зошто се повикувате на тие работи кога темата е јасна. Туку да, немате лично свои аругменти, па let's bring everyone into it. Ништо нема да ме чуди утре да почнете и за Хитлер на темата да зборувате. Кај нас, кој и да види града веднаш асоцира на нешто сексуално, а не на возвишениот извор на исхрана. И коментари од типот дека кога излеземе во кафич, дека зјапаме по другите маси па така сме приметиле, не сум знаела дека требало стриктно во пепељарата, менито и железото од масата треба да гледаме. Може ние сме тие што треба да се покриеме за да пожртвуваните мајки на мира дојат. Немам коментар понатаму, освен што се согласувам со XStrongerX, гледајќи го начинот на кој поедини мајки "водат" дискусија тука. И еднаш мајки, треба да почнете да се прилагодувате на бебето, а не бебето на вашиот живот. Никој не вели дека дома треба да се затворите и да не излегувате, ама не па и цел ден да сте надвор, па и долго да се изложува мало бебе на една атмосфера во кафич.
Се приклучувам кон кланот кој е против доење во јавност! Значи колку и да е слатко бебето, и да е најневиното суштество на светот...сета таа процедура не изгледа во ред. Пред некое време бев сведок, на таков настан, и останав со подотворена уста. Имено на паузата меѓу предавањата на факултет, седиме во ходникот со колегите. Од спротива седеше млада мајка, со бебето во рака-и си ја извади комотно градата и го дои бебето. Девојката ( колешката) уствари требало да брани дипломска, целата беше стокмена, и сопруг со неа, мајка, татко, стрина.. Значи цела гарда од нејзините имаше, и плус студентите на поминување. Моментот беше кога дојде деканот и се поздравија, дека тој и бил во комисија... Не знам за вас, ама јас останав запрепастена. И може грдо звучи, ама мене таа ситуација ми беше врв на некултура. Во високообразовна институција си бре, имај малку почит. И претпоставувам таа веќе со земената диплома се чувствува како вистински академски граѓанин. И мајки, не ме напаѓајте. Ама кога веќе сте 'принудени' да доите во јавност, имајте барем малку осет за дискреција.
до некаде ве сфаќам вас девојките кои сте против тоа, бидејќи не сте станале уште мами... е сега да кажам воо врска со темата, немам ништо против мајките што дојат во јавност, но сето тоа да биде под дискреција, има марами, има секакви други работи кои може да послужат за таа работа... бебето особено помалите не може да ги прилагодите кога да јадат, кога не, не може тоа така како што замислувате некои од вас, на нив им се јаде, а не треба валда мајката дома да седи бидејќи дои... и ајде сега доиме и ќе седиме дома, кога е поголемо детето може да почне да му се воспоставува ред, иако јас на тоа мојот син не го научив, си јаде кога сака, си спие кога сака, си игра кога сака... и така ми е убаво мене... така да мајки напред, а на вас кои што ви е глупаво тоа, не морате да го гледате
Значи какви сме мајстори за извртување на муабетите и зборовите,тоа е чудо!!! Зарем јас и ти и некој друг се возбудува кога гледа некоја дека дои.Зборот беше дека треба да се има дискреција,зашто сепак е тоа дел од тело кое го носиме скриен.И самиот чин за доење го сметам за само мој и на детето. И не се сметам за помалку мајка ,зашто сум доела затскриено од некоја мајка која е спремна без никаков проблем да се изложи на погледи.Ниту пак таа мајка има право да се чувствува возвишено во однос на мене.А тоа дали се приметува или не дали доите ,само вие мислете дека не се приметува. Понекогаш треба да си човек а со тоа да се разликуваш од чопорот кој те гледа!
За оние, кои, најверојатно не ја разбрале мојата компарација, каде во иста реченица ставив доење и порнографија, ќе пробам да им доловам на друг начин. Се извинувам затоа што малку ќе излезам од темата. Да кажеме дека дојката/ цицката/ градата ве асоцира на извор на храна, тогаш, ме интересира на што ве асоцираат органите на човековото тело, кои имаат повеќе намени. Прв пример, кој може и не е толку соодветен, но вреди да се спомене е зборот -вагина-. Во контекст на муабетот, вагината на што ве асоцира, на орган од кој излегуваат деца? Или можеби на орган кој служи за одење по нужда, а покрај другото и за секс. Но, да не ја разглобувам сега анатомијата на вагината, оти е малку комплицирана, некако посоодветен пример мислам дека е зборот -пенис-. Функцијата, покрај онаа за одење по мала нужда, му е и за исфрлање сперма. На сите ни е јасно дека улогата на спермата е да ја одплоди јајце клетката, поточно формирање на зигот, ембрион, и кај луѓето, после 9 месеци, бебе. И сега што правиме? Според ова, заклучокот е следен: Вас, мајките, песнисот автоматски ве асоцира на секс, нели?
Зависи каде. Ако сум во мојот роден град, нема никакви шанси. На толку манијачења, оговарања од страна за банални работи, ако извадам града да дојам ќе биде како гола да сум се соблекла, кој како ќе поминува така ќе ме зјапа. За шушкањата и чудните погледи ич да не зборам. Секогаш доев на мир, само пред сопругот и пред неколку блиски пријателки кои се мајки, разбираат и не им е непријатно. Тука сега чувствувам поголема слобода затоа што вистина никој не се замара дали доиш или друго правиш, но сепак не би се доведувала често во ситуација да дојам во јавност затоа што јас лично не се чувствувам најкомотно, а другите како што кажав, не ги интересира.
Се согласувам со Bridget и морам да издвојам една реченица која се совпаѓа со мојот пост од пред некоја страна. Ова е тоа што зборев јас дека е ДО САМАТА ЛИЧНОСТ. А не дека ако си мајка, се' можеш да правиш и автоматски се опушташ, па вадење града ти станува најнормална работа исто како ногата од патика да си ја извадила. И, тоа "ќе станете мајки па ќе смените мислење" што постојано се провлекува низ темава не важи тука, зашто гледам дека некои што коментираат на темава, а знам дека се мајки, се против доење во јавност непокриени. Значи пак на крај доаѓа до тоа дека не е до звањето "мајка" туку до карактерот. И не знам зошто цело време си ја вртите работата како да ние сме општо против доење во јавност, а всушност сите ви рекоа дека сме за доење во јавност само доколку сте покриени.