Сум се изјаснила во темава дека сум против доење во јавност и си стојам зад тоа. Голи гради не ми е пријатно да гледам пред мене. Јас немам против пред најблиските женски членови од мојата фамилија да бидам разголена кај градите, ниту пак ако тие пред мене се расоблечат или сакаат да видам на пр. што им излегло под градата. Не ми е непријатно оние што навистина ми се многу блиски да ги видам и како дојат доколку на нив не им е непријатно, но ми е проблем ако жени кои не ми се блиски извадат града пред мене. Што се однесува до јавност како на пример кафуле, ресторан итн да, ми е непријатно да гледам жени кои ги дојат без ни малку осет за околината децата без притоа да се покријат. Реално сите знаеме што се случува под марамата, но е многу попријатно. Јас да јадам и некоја со мене на маса да извади да го дои детето ќе престанам со јадење додека не заврши зошто ќе ми биде многу непријатно. Кога шетам низ град ама ич не ме интересира и не се развртувам да видам кој шета и што прави, но едноставно некои такви слики сами привлекуваат внимание. А сите вие што пишувате дека кога одите на кафе само гледате во соговорникот и во кафето супер за вас. Јас не познавам луѓе кои се такви, нормално е за мене дур седам саат, два да ми го привлече погледот и нешто друго освен соговорникот. Самото око фаќа кога некој се движи, мрда итн. Не мислам дека детето треба да се утепа од плачење затоа што е гладно, а вие сте излезени па не можете да го надоите. Мислам дека има начин сите да бидат задоволни. Немојте со тоа не сме мајки, па не знаеме како е. Не сме ние затворени само дома или се дружиме само со девојки кои не се мајки. Ја прашав и мајка ми како не доела двете додека сме цицале зошто прилично имале друштвен живот со татко ми, а и сме огромна фамилија која постојано била заедно во тоа време. Ако имало слободна соба се повлекувала таму, ако биле во ресторан и имало слободно ќоше одела таму, во кола или пак се вртела со грб накај сите и се покривала со пелена.
Девојче како така кажуваш бебе не се дои на пола саат и се воспоставува временски режим? Па не е ова кукла па ке направам план како што мене ми одговара. Еве моево бебе 6 месеци беше на екслузивно доење (што значи ништо друго не пиеше/јадеше) и цицаше на максимум саат/саат и пол. Некогаш цицаше и на 10/15 мин (пример кога имаше грчеви, или кога му излегуваат запчиња или е нервозен или не е доволно најаден ). Секој си има право на свое мислење и не е во ред да се навлегува во расправии само затоа што имаме различни мислења ама незнам како многу од вас тврдат некои работи кои не ги искусиле. Пример ако бебето е неколку месеци само на доење секако дека ке излезе потреба истото да се надои надвор од дома. Пример се оди на преглед, на вакцина, па дури и мајката нормално е дека има потреба во 6 месеци да излезе еднаш на кафе. Јас конкретно го дојам детето надвор но седнувам на последна маса, некоја што е подзаскриена, ке се завртам назад и ке го надојам. незнам што е толку страшно, и што има толку за гадење. Еве ке наведам еден конкретен пример. Има вакцина после која бебето не треба да јаде ништо 2 часа. Е сега ако пример живееш во поголемо место или ти е подалеку болницата па патуваш пола саат и плус чекаш ред уште пола саат, нормално дека ке треба да го надоиш бебето пред да прими вакцина. Па сега дали ке најдеш слободна просторија, дали ке биде тоа пред докторката или во чекална зависи од условите.
Во секоја тема се провлекува само истото-мајките па мајките. Како ние НЕмајките појма да немаме од животот и тек со раѓањето на дете вистински ќе го запознаеме светот. Во секоја тема се извртоперуваат мислењата во кои и само малку се додирнати мајките,па на големо се развлекува изјавата "стани мајка па ќе те видам"!!! Не може мајките да очекуваат дека светот се врти околу нив и нивните деца,па сите ние останати,впрочем немајки,кои без почувствуваното мајчинство немаме појма,сме помалку важни,па треба да се прилагодуваме на потребите на мајките и нивните деца. И исто така изјавата "шо ми е гајле мене за другите,како ми одговара така ќе правам",ме асоцира на тотално неизживеана мајка,која се осеќа како надмена бидејќи ете родила дете,па доколку на некој му смета детскиот плач или голата града од која тече млеко слободно нека се заврти на другата страна или нека не излегува од дома,бидејќи мајката нели е најважна. Ако се сметаме за цивилизирано општество во кое постојат какви такви норми,културата е прва доблест или манир која би требало да ја почитуваат и мајките,не само немајките. Исто како што многу мајки се изјаснија на сите теми дека ним им е многу гајле дали нивните постапки им сметаат на другите во јавност,така и мене лично па баш ми е гајле дали вие треба да се излуфтирате на кафе или пак што сум должна да ја гледам голата града на некоја мајка од која и тече млеко?! Стварно некои работи се прават без осет и перцепција исто како да сме во камено доба. И ве молам престанете со споредбите со миничите и деколтеата,бидејќи тоа нема додирна точка со вадењето на дојките на пример апла во кафич или во ресторан. И не ги извртувајте веднаш мислењата дека ви велиме НЕ за доењето. Тоа никој не го оспорува,но не сум ни должна,па ниту ми е пријатно денес да видам десет мајки и нивните гради,во чест на НЕкултурата кон останатото општество!!!
Јас не сум мајка, ама ги разбирам оние кои ќе кажат: стани мајка, па да те видам. Доколку не го користат за да си ги оправдаат своите глупости, секако. ** Имам по себе приметено, дека кога нешто немам, не сум таму, не сум го исполнала и слично, многу размислувања и филмови си правам во главата. Но, кога ќе го добиеш истото, работите се сменуваат. Поинаку гледаш на работите. Гледаш дека не е се подмачкано и лесно како што си мислел. ** За доењето, интимното доење , без града на мегдан, не е страшно ! Па, луѓе шетаат лижат сладоледи, ги оптегнале јазиците... Момичиња без гради, тетки со избацени гради се облекле како вработени во стриптиз бар...итн. Една мајка да не може детето да си го нахрани ! Па и вие гледајте на друга страна, кој ве тера да гледате таму !
А вие не очекувате дека светот треба да се врти околу вас, вашите излегувања, на мир пиење кафе и разговори, симпатии, дечковци, ексклузивно излегување во одреден кафиќ оти се чувствувате како хипстери, рокери, џезери, елита и што ти јас знам, па една мајка со дете седната до вас ви руши слика како и целокупниот имиџ на кафулето? Па уште се дрзнала и да дои. Тоа вашето не сум должна додека пијам кафе да гледам некоја како дои не е исто гледање само за себе? Ако некој е обесправен во ситуацијава тогаш се мајките, затоа што претпоставувам на прсти се бројат колку дојат во јавност и тоа заради вашите сфаќања и осудувања. Па и најдобро да е скриена и ништо да не се гледа ќе има многу кои ќе превртуваат очи и ќе се грозат. Колку од вас виделе мајка која извадила гола града на сред кафиќ? Осудувањата ви се и за покриените, не ви е темата само за гола града на мегдан.
Еве јас денес доев во јавност ама на никој не му се згади...........едноставно мораше. Чекавме на вакцина саат време а после вакцина не смее да цица два саати и морав да му дадам на бебето да цица, застана маж ми до мене и цицавме а имаше и други мајки и татковци. Е сега некој ќе рече па сите исти сте биле таму, ама неееее, и некоја од " немајките" на форумов што се против утре ќе се најдат во ваква ситуација па да видам дали нема да го надојат бебето!!!!!!!!!
Се изјаснив и претходно дека немам ништо против мајките кои си ги дојат бебињата во јавност, без разлика дали било тоа дискретно или не. И како можи да споредувате здравствена установа, со угостителски објекти или ете кафичи, ресторани и слично? Кога зборуваме за јавни места, дали во автобусите на ЈСП би го доеле бебето, дали со цел памет би влегле во автобусите на ЈСП, со бебе и тоа ете да речиме помало од 6 месеци? Дали во такси би го доеле? Дали на автобуските станици низ градов би го доеле? Дали во супер маркет би го доеле? Дали во пошта или во продавница или на сред факултет на паузи би го доеле пред сите ваши колеги ?Дали на работа би го доеле детето, пред сите ваши колеги? Јас не. Исто така, вие мајките на бебињата и ние останатите што сме 18+ што ете за 10 години максимум ќе бидеме мајки,дали сме ненормални или нешто ни фали, оти нашите мајки, биле дискретни и културни. Дали нешто ни фали, оти тогаш немало кафичи (зборувам за осумдесетите и почетокот на деведесетите па и пред тоа) и мајките наши не не носеле по кафичи и не не доеле по кафичи и ресторани? Дали им фали на нашите мајки нешто оти не пиеле кафиња по кафичи,не оти немало кафичи туку затоа што се грижеле за фамилијата и немале време за тоа, морале да чистат(немало барем колку што ми кажале жена да си платиш и цел месец да ти чисти, па и да има не знам колку можеле да си дозволат), да готват(немало готови јадења по продавниците и порачување на храна преку телефон),да спростираат алишта (немало памперси морале да се перат пелените), да им помагаат на нашите браќа или сестри околу домашните работи и учењето (немало спремање и дополнителни часови како сега)...И татковците помагале и доаѓале бабите и други роднини да не чуваат и да им помогнат на мајките наши. Дали вашите сопствени мајки ги сметате за заостанати и демоде и ограничени или пристојни жени кои ги почитувале нормите и правилата на однесување во јавност? Дали нашите мајки седеле цело време затворени дома? Не! Излегувале, не носеле на прошетки, на гости, ама сигурно се покривале или се повлекувале во други слободни соби за да не дојат. Прашајте ги нив како ве доеле вам, можи како што ве воспитале и поучиле за сите останати работи така ќе ве поучат и за доењето во јавност. И зошто се споредувате со Ријана и разголените и раскваканите тинејџерки, и оние кои се сончаат топлес на плажа, кога тие се за вас лоши примери? Навистина сакате да се споредувате со лоши примери? Побрзо би се споредувале со лоши примери, отколку со сопствените мајки?
Немаше да коментирам ама гледам муабетот ептен ви забегал, па затоа САКАМ ДА ГИ ПРАШАМ: xstrongerx, babyblond, rainbow, baby-star,summerlover, sajonaramucaca, marama, daydream, bridget, jovanovska94 и сите други кои го споредувате доењето со вагина, пенис, порнографија, секс, шлајм и сл. Кога вие би биле мајки и сте излезени во парк со вашето бебе кое е само на ЕКСКЛУЗИВНО ДОЕЊЕ (без било какви др.течности и храна ), а притоа посака да цица и да плаче до зајдување, што би направиле вие во овој случај?? Излезени сте без автомобил во парк, далеку од дома, а сте опкружени со дрвја, клупи и минувачи. Нема никакви соби за доенје, wc и сл. Нема каде да се скриете и доите. Бидејќи сите рипате како мачка по глушец, и си го искажувате вашето мислење што е нормално секој да го има, тогаш сметам дека ќе добијам одговор на моето прашање кратко и јасно без филозофирање и без било какви долги постови. Само барам краток и јасен одговор. Ве очекувам.
факт е дека доењето е научна фантастика за многу мајќи, а не па за вас који не сте мајки- кои цицките ви злужат само за заведување мажи, па и нормално е и вака да не речам забегано да размислувате! Доењето била гадлива работа ! Јас не знам како си земате за право вака жустро и со толку сочни описи да го навредувате самиот чин на доење! Па погадно на пример од некој што гнете мрсен хамбургер нема, но притоа никој него не го осудува, срамни биле цицките што никој не ги ни гледа додека бебето си цица. Да јас сум доела во кафич на страна каде никој не седел, во ресторан во просторија каде никој нема, но и во ресторан каде имало луѓе. И тоа доење ми било најмилото на свет, каде мајка преминува преку се, па и преку вас ваквиве со малограѓански размислување, само и само да си го смири и нахрани детето! Е кога ова чувство ќе го доживеете можете да кажете дека сте мајки, а не да им тутнете на децата вештачко млеко на шише и тоа баба да ви го храни и чува, а вие со цицките у деколте да шетате по кафичи и дискотеки! Е да тоа не е гадење, браво за таквите мајки, заслужувате орден
Значи не можам да сватам што има лошо во тоа да се дои бебето во јавност.Па тоа бебе си има потреба од храна и течности баш како што и вие имате потреба.И сега зарем е поубаво детето да плаче и сите да го слушаат неговото врескање само затоа што демек доење во јавност било некултурно.Абе ајде девојчиња што вие имате појма од тоа.Ама и не ве обвинувам,едносатвно сега така размислувате затоа што и годините не ви дошле,едноставно имате други преокупации и гледате од друг агол кога станува збор за тоа прашање.Едноставно кога и вие по неколку години ќе се најдете во ситуација да МОРА да го надоите детето во јавност ќе сватите дека всушност нема ништо страшно и срамно во тоа.Едноставно тоа си епотреба на бебето и секако дека нема да го нервирате а тоа да плаче упорно и да бара да цица.Па тоа воопшто и не е свесно дека вие сте всушност во јавност,него нема да му биде галје за тие стереотипи и предрасуди.Значи зборувам за бебе што не внесува ништо друго освен мајчино млеко.Е кога станува збор за поголемо дете.секогаш треба секоја мајка да си носи кашички во случај на детето да му се пријаде.Ама тоа е веќе друго.Јас лично го немам доено бебето во јавност од причина што се роди во ноември па секако дека нема да го носам по кафичи на студеното време и да го развозувам.Си седевме по дома и дури откако се стопли времето го изнесов надвор ама тогаш веќе и си јадеше па така секогаш си имав со мене и кашички и вода.А да сум се нашла во таква ситуација да требало да го дојам детето во јавност би годоела без да размислам двапати.Сепак потребите на едно бебе секогаш треба да бидат на прво место.И само уште нешто да додадам.Значи не е срамно на денешно време што девојчиња од 15 години излегуваат со градите до пола изложени а било срамота да се дои.Стварно тоа нема никава логика ама баш никаква.
За доење во јавност ДА не гледам ништо срамно ниту страшно во тоа, се знае зашто служат градите за ДОЕЊЕ Инаку за тие што коментираат а немаат уште деца неможам д а им замерам бидејќи пред да родам и јас сум имала многу коментари за мајките околу мене, ама кога нешто ќе ти дојде на глава ќе сфатиш како било, затоа конкретно за ова џабе е сега да им се објаснува нема да сфатат што им зборувате додека не фатат бебето ва раце. за 360 стрепени е поразлично кога гледаш од страна и коментираш, за работите кои сум ги мислела за други леле како може оваа мајка така, зошто оваа прави вака, се најдов во ситуација кога ги правам истите работи и сега сметам дека се најисправни за моето бебе за тоа што тоа е на прво место а некои луѓе одстрана кои немат поим а си даваат за право да коментираат.
Уште нешто. Имам заприметено две работи: 1. Жените кои се грозат од доење, најчесто не ги ни дојат бебињата со глупави оправданија, ме боли, не може да фати, немам млеко, ќе се оптегнат градите; Поточно не ни сакаат да се потрудат да се научат како се цица бебе. И истите тие мајки секаде шетаат со бебето и си носат шишенце со адаптирано млеко. 2. Ако некоја мајка си го дои бебето не мора да зјапате таму, зошто тоа е исто како кога зјапате некого во газ, во деколте; Едноставно зјапањето е за прост човек. Гледајте си пред вас. А, градите како гради не се грозни. Како облик, како нешто видливо. Не знам што ви се грози толку? Спојлер (А, најчесто на истите девојки не им се грози да гледаат секој викенд разни пениси. Извинете на изразиве, и не важи за сите, ама некој сигурно ќе си се пронајде.)
прочитајте, јас се наежив целата, може некој нема да го сфати тоа, но за сите кои имате можност да доите не се откажувајте лесно не барајте оправдување за да не доите http://tvoebebe.com/DOENJE/mrazev-fotog ... 5W-UHJdV1g Порано го мразев доењео, го мразев. Не за другите мајки, туку за мене. Моите две први деца, кои сега имаат 11 и 13 години беа хранети со адаптирано млеко и не чувстувам вина или срам заради тоа, ниту треба да ги чувстуваат другите мајки. Но Шелин имаше целијакија, која ја наследи од мене, а стручњаците за доење велат дека шест месечно доење би можело да направи тоа да се избегне. Кога останав бремена со Лили во 2012 г. знаев дека мора да се обидам. Признавам дека не сакав да дојам, особено кога ќе помислев на логистиката околу тоа. Никогаш не бев тип на девојка на која и беше супер удобно во своето тело или да бидам целосно искрена со било чие тело. Не бев од оние спастрени мајки - знаете од кои, кои можат да стават марама и да изгледаат гламурозно додека дојат разговарајки или проверувајки е-маил. Лили и јас имавме тежок почеток на доењето. Преголемото количество млеко, силиконските пупки, спиналната главоболка и неможноста да ја фати градата го направија доењето тешко. Сето тоа, придружено со неудобноста околу доењето на било кое друго место, освен во мојата спална соба ги направија првите неколку месеци тешки. Бев ужасно некоординирана. Ниту пак ја разбирав фасцинацијата на луѓето од нивните слики со доење. Секој блог за доење кој го посетив за информации, имаше фотографии со жени кои гордо целосно се разголуваа на професионални портрети или на аматерски фотографии. Не ги обвинував, но никогаш не го разбрав тоа, особено откако почнав да ја дојам Лили. Последно нешто што сакав да видам беше слика од моите неспретни обиди и моето откриено тело. Мојот сопруг ја сака неговата камера, но јас му забранив да ја вперува во мојот правец. Но, некогаш мора да испазарите и да сфатите дека доењето на паркинг во колата во зима не фукционира. Ќе почнете да доите во продавница, обидувајки се да бидете дискретни додека вашето бебе ја трга покривката и на сите им ги покажува вашите гради. Потоа ќе престанете да ја напуштате просторијата и да ги пропуштате сите разговори со пријателките и само ќе почнете да доите под дискретен агол. Потоа ќе му кажете на вашиот сопруг дека бебето веќе има 17 месеци и дека всушност ќе ви недостасуваат моментите кога заспива хранејки се на вашите гради. И потоа вашиот сакан сопруг, на кој изрично сте му забраниле да ве слика додека доите, оној кој го принудивте да ги избрише сите фотографии што покажуваат некоја област од вашите гради, ви ја праќа оваа прекрасна фотографија. Се што гледам е апсолутната љубов на моето лице, дури и низ оние тешки моменти во почетоците на доењето. Не гледам колку некоординирано се чувстував, или моите гради или мојот пост-труднички стомак или дури ни разоткривачката природа на сликата. Гледам само љубов. Сега ја разбирам фасцинацијата со овековечувањето на тој момент. Автор: Sandy Roffey
Немавте аргументи за дискусијата, па сега одеднаш муабетот го свртевте кон ексклузивно доење (бидејќи гледам никој не и одговорил на членката во другата тема, па тука да си каже), доење во здравствени институции, a кога цело време се води дискусија за во кафич, ресторан и сл. и како тоа на нас ни забегал муабетот кога вие цело време вашето возвишено доење го споредувате со миничи и деколтеа, топлес сончањето, Ријана и секако најјакиот аргумент дека ние не сме мајки.
можи јас да одговорам друг пат че си купиш мила од подебелите траки (лепило) и кога че почни бебето да плачи за млекце че му го залепиш муцето..и че му кажиш и објасниш додека не стигните дома млекце нема да добије..(сигурно че те разбери) страмота тетките така да гледаат голи цицки ( немат видено цицина ) што се замараш со глупости..ти си живејш за тебе твоја ствар твоје правило.. а ако ти зјапа некоја во цицето прашаја слободно дали сака и таа да цицни циц циц ..
А вашите аргументи се? Вашето гадење? И кажи ми те молам, која е разликата дали се дои во кафиќ, ресторан, парк, здравствена институција и сл. Никој од мајките не ве нападна вас, гадливите, туку вие започнавте и сеуште продолжувате со напади, забрани, навреди и сл. Абе Хитлер не ви е рамен. Посебно ти Сумер ме изнасмеја во едно претходно мислење каде што убаво имаше разработено "стратегија" како треба да се дои бебе. Под режим, нема попуштање. Што убаво така, теоретичари еден куп. Затоа и ни е олку жална состојбата со доењето во државата, едвај 20% од бебињата се на ексклузивно доење, голема улога за тоа имаат и ваквите предрасуди, забрани и напади од личности како тебе и слични на тебе.
Па ти ако читаше убаво, а гледам дека не си читала како и сите останати зашто цело време ја вртите работата како ви одговара, немаше ни да го има моето корисничко име во твојот пост, всушност не само моето туку на повеќето од тие што си ги прозвала. Еве јас што напишав уште на 31 страна во мојот пост и 100 пати го повторив и уште 100 пати го повторија другите феминки. Не знам само зошто толку ви е мерак да се правите жртви. Ние злобните не ви даваме да си го надоите бебето, ние сме тие лошите што не даваме едно невино суштество да си се најаде од единствениот извор на храна. Ние сме тие пратениците од ѓаволот. Се изначитав глупости невидени. Од тоа дека ние "злобните" само за заведување на мажите сме ги користеле градите до тоа дека мајка што дои ни смета, а пениси секој викенд да гледаме не ни смета. И после ние сме биле малограѓанштина. И да, има разлика од кафиќ и здравствена установа. Во кафиќ одиш да се релаксираш, разбирливо, и доење во истиот објект не е својствено, а во здравствена установа можеш да видиш се'. Таму луѓето одат за мака, и таму сигурно никој нема да превртува очи ако некој се појави скоро гол во носилки, зашто на пример човекот доживеал сообраќајна несреќа. А ако некој се соблече во кафиќ и тоа како ќе превртуваат сите очи и ќе се вртат. Не знам зошто со сила се правите дека не ги разбирате некои работи.
Е ако во парк не најдеш место да го надоиш детето, каде ќе најдеш? Се фаќате за глупости и вие мајките. А и не разбирам што толку ви пречи да се покриете или подзаскриете? (Во парк одат и сред бел ден имаат секс иако е надвор од муабетов, ти ќе немало каде да го надоиш детето.) Од синоќа до сега направив муабет и со момци на оваа тема, дел од нив и татковци и нивните коментари беа- А што ги кошта да се покријат жените? Па мојава не доеше пред сите, се покриваше или се вртеше со грб накај луѓе ако ептен морало надвор од дома да го дои. Не би да ги пишувам сите коментари зошто многу нема да ви се допаднат па ќе скокнете какви се тие мажи. А па на Жалосна коментарот да му ја залепиш устата ама ич не држи вода. Никој од нас не рече дека не треба воопшто да ги храните децата, туку дека треба малку да внимавате како го правите тоа. Ако читате убаво МАЈКИ ќе видите дека ние немаме против доење, само имаме против да не сте покриени или подзаскриени. А да, пред некој ден доаѓа една пријателка која патем има бебе и го дои и кажува колку и било глупаво што некоја во сред автобус извадила дојка да го дои малиот. Вика- Абе око не и трепна, не па да се покрие, да можеше двете ќе ги извадеше. Нејзе не и беше јасно, не па мене.
Никој не ги нападнал тие што се гаделе: И конкретно јас никаде не напишав дека се гадам од доењето, туку дека го сметам доењето во јавност за некултурна работа. И да, стојам на мислењето дека при хранење на едно бебе треба да му се воспостави ред, а не дај кад даш. А тој ред не се воспостваува така со притискање на копче и подесување, туку детето се учи на истиот. Инаку точно, внука сум му на Хитлер, мислам дека досега сите го сфатија тоа на форумот, зар постои позлобна од мене?