Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    212 глас(а)
    51,8%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    143 глас(а)
    35,0%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^Ти можеш до утре да си пишуваш ама ниту една од нас кои сме родиле и сме доиле бебе не ти веруваме дека си видела некоја која застанала во сред кафеана и се молзела, тоа ти се приказни за мали деца.
    Ај и така и така да ви веруваме дека сте виделе мајки кои непокриени доеле, мада и да е така што всушност ќе видите од градата, ништо повеќе од тоа ако има поголемо деколте, само горниот дел од градата се гледа и ај ете ве вознемирува, ви се гади итн ама да се измислува дека се молзи некоја во сред кафеана. :x
     
    На SimonaTino и Dentina им се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Следен пат специјално за вас ќе ја сликам ,ако не дај Боже се најдам во таква ситуација повторно.
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    ова судењево на доење во јавност, ми е толку бесмислено што не знам ни дали вреди да се пишува.
    Убаво е напишано погоре... реално ништо не се гледа, па макар и да се гледа :^) што? Секојдневно гледаме цицки по медиуми па никому ништо и сега одеднаш пречи тоа што мајка си го доела детето.. Мене ми е несфатливо стварно што е толку драматично во тоа. Може да е невкусно/незгодно за неа лично, но ако нејзе не и пречи, мене пак ич.
     
  4. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    vazi ce te kontaktirame samo ti ostavi broj za sekoj slucaj dane nete najdime na forumov ..
     
  5. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    абе девојки, мамички, дајте уживајте, не вреди да се расправаме на таа тема, таков е народот наш, се нешто ќе му пречи, секоја мајка си знае најдобро на своето дете, не може некој друг подобро да знае од нејзе... јас не го доев многу време на мојот син, но доколку сум го доела повеќе време око немаше да ми трепне ако требаше некаде надвор да го дојам ( под дискреција ), син ми е, си го сакам најмногу на свет, и сакам нему да ми биде најубаво, а не на некој што ќе ме гледа... затоа немојте да се докажувате, и да се карате, накрајот и девојките и ние мамичките имаме исти заклучок, сите сме за доење, но под дискреција ;)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.736
    Пол:
    Женски
    Добро бре, па вие не сте нормални :fubar: ти девојко што се правиш паметна,ај нека ти рика бебето на цел глас па да видиме што ќе правиш??? Ќе го оставиш да зајде од плачење само за да не го подоиш надвор? Мислам грев , грев е така да се зборува , па ќе видите што значи да се има бебе па дали ќе нема надвор да го доиш ако ти плаче.
    И не верувам јас жена непокриена да го дои бебето , секоја си има по некоја прекривка одозгора , мжеби и јас сум имала такви мислења порано кога сум била дете ама ете дојде денот кога и јас го искусив тоа. Имав млеко и тоа премногу , и сакав да си ја дојам само бре, излегував на прошетка ќе заплачеше, ќе ја подоев и потоа раат и мајката и бебето. Не се правете предвреме паметни зашто ќе дојде и вашиот ден па нема ни збор да зуцнете потоа
     
    На Lovely93 и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  7. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Смешки, зошто толку голема врева околу ова, ако може да ми кажете која „срамна„ функција ја имаат градите па е толку срамно мајка да си го дои детето. За што служат градите? За секс? :D Се палите кога ве фаќаат таму? За тоа вие толку осетлива темава ? Не ве пали пример некое друго место да ве бакнуваат по врат ваму таму, или со ролки шетате секогаш, тие се осетливи места околу ушите внимавајте! Градите не се „сексуален„ орган :rofl:
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Значи според излагањата на форумов можат да се донесат следниве заклучоци за мајките во Македонија:
    1. Доењето во јавност е во ред ако тоа е дискретно, а молзењето на јавни места и места каде други луѓе јадат е во ред, за тоа не е потребна дискреција.

    2. Мајките се спремни и треба буквално на сите можни јавни места да ги дојат бебињата, што подразбира автобуси на ЈСП , дури и во вторник и петок,приватни автобуси,такси, пошти, банки, супер маркети, образовни установи, било каде на улица, на тротоари, на семафори,дури и во машки јавни WC-иња(каква е таа дискриминација кај сакаат ќе ги дојат бебињата), и не само да ги дојат дискретно туку и да се молзат недискретно на наведениве места и сите останати места каде тие сакаат.

    3.Секогаш кога плачи бебето е гладно, нема шанси да треба да се преслечи или било што друго да е причината, за неговото/нејзиното плачење.

    4.Мајките побрзо би се споредувале со тинејџерки, отколку со сопствените мајки, оти нели тие сами си ги растат бебињата, не се лузерки ко останатите, што бараат совети и ги прашуваат нивните мајки како тие ги доеле нив.

    5.Мајките се толку зафатени со дискусии по форуми, што мораат во јавност недискретно да се молзат и според поголем дел тука тоа е во ред.

    Прекрасна поука од сегашните, за идните мајки. :rock:
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Се во свое време, кога ќе родите вратете се и прочитајте што пишувавте по форуми ќе се скинете од смешки како сте размислувале и какви глупости се пишувале, на никоја мајка не и треба поука секоја си знае што е најдобро за нејзиното дете !
    А ако сакате да земете пример од вашите мајки подобро прашајте ги вашите баби ќе ви кажат дека си ги доеле децата секаде секогаш и пред секој во секое време и тоа и повеќе од 2-3 години, а сега некоја мајка да каже дека дои после 2 години ќе ја каменуваат бидејќи и две се многу нели за модерниве мајки
     
    На jb82, LaDyDoLl, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Ти сериозна си :fubar: Знаеш ли што пишуваш или само сакаш да се правиш паметна :^) Кога си влегла ти во јавно машко WC и да видиш мајка како дои таму, за да нема дискриминација нели. Значи 20 страни испишани дека мајките не сакаат да дојат во WC во трговските центри и за тоа дојат во јавност ПОКРИЕНИ И СВРТЕНИ ОД ПОГЛЕДИТЕ НА МИНУВАЧИТЕ, дека тоа не е секојдневно и дека се прави само ако е неизбежно, ама не ти ќе се докажуваш дека се знаеш :fubar: Удри ја малку главата и свести се дека имаш 18 години и уште мислиш дека се што лета се се јаде. И аман веќе што е ова атак против мајките, зошто излегуваат со деца, зошто ги дојат, зошто се на форум. Ќе сфатите ли веќе еднаш дека мајките се нормални жени кои освен што родиле имаат свој социјален живот кој го имале и пред да родат. И ако ви смета нешто едноставно тргнете се бе, ама неееее светот се врти околу вас, зошто па ти да си го скратиш задоволството од кафе, ручек или шетање кога може таа која е МАЈКА да си седи дома со децата |( И каков пример ќе и остави таа жена на сопствените деца и што ќе ги научи за животот ако освен во кујна има право да биде и во спална??? И да гнасни сте вие што се лапате и фаќате по автобуски, во парк во кафичи, автобуси, јавни WC а не детето кое цица :x
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Бидејќи три дена вие, а особено ти не можете тоа да го сфатите.
    Ако рековме дека доењето во јавност е некултурно, автоматски го разбравте дека сме ви рекле дека не треба да доите.
    На секој можен чекор си ги испревртувавте зборовите како вам ви одговара. Бидејќи на почетокот на дискусијата се едно исто кажувавте, вашето одење на кафе го опишувавте како драстична ситуација и тешки услови
    [​IMG]
    каде сте биле приморани детето да го доите во јавност, немавте што друго, па почнавте за ексклузивно доење, па да опишувате ситуации во пустина, каде нема ништо.
    Потоа не си коментиравте само за доењето, туку упорно, како и сега впрочем, коментиравте за миничи, деколтеа, Ријана, и што ти јас не знам друго. Па почнавте сега за мајките и бабите. Еве и моите баба и и мајка ми не доеле во јавност :o , во која полициска станица да ги пријавам? Срам да им е.
    Дискусија во темата нема, бидејќи и кога убаво секој си го напиша мислењето, вие божем како мајки и нели за пример, треба поинаку да се однесувате и да дискутирате, ама и тоа нема да се случи.
    За крај, повторно ќе си кажам, доењето во јавност според мене е некултурна работа и нема оправдание. Кога се сака, се се може, и секогаш ќе има начин да се избегне доењето во јавност.

    А тогаш ти зошто не си ја гледаш својата работа, туку ги коментираш тие што така се облекуваат :D
     
    На babyblond и feminium им се допаѓа ова.
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Можиш да видиш погоре дека ниедна не ме побиј дека кога мислат на доење во јавност мислат БУКВАЛНО на секое место. Кога им реков да се споредат со мајките и дека мајка ми би го сметала за погрешно носењето на мало бебе, по кафичи, тие ми рекоа дека не се лузерки како мене и сите останати што се консултираат со мајките, туку сами си ги гледале децата, кога им кажав дека пред мене се молзеше една, ddevojce ми рече дека според неа немало ништо гадно во тоа иако се случуваше на соседната маса во ресторан. Така да според сите мислења сумирано, во ред е мајките да дојат дискретно БУКВАЛНО на секое јавно место, вклучувај ки ги и машките WC-циња, супермаркети, банки итн итн... И секоја се брани дали ако бебето зајдува од плачење ти нема да го надоиш, дали си нормална? Што укажува дека според вас бебето штом плаче одма значи дека е гладно. И не не сум ненормална ќе проверам се што може да му биде и секако дека дискретно ќе го надојам. И во никој случај не би се молзела пред мажот ми, а уште помалку во јавност. :x И покрај тоа што како МАЈКИ се прикажувате како нешто возвишено и сте возвишено, сепак се дрзнувате да се споредвате со тоа што правеле тинејџерите. Вие зрели возрасни жени со изградени карактери со цел памет земате и се споредувате со тинејџери? Дали не ви е испод интелигенција? Дали не ви е срам вие МАЈКИ кои сте родиле деца, мажени, сте завршиле факултет,сте магистрирале, да се споредвате со пубертетлии? Не знам мене ќе ми е глупаво мајка ми или јас како мајка да се споредувам со тинејџерите и пубертетлиите! Доењето на бебе, нема никаква врска со однесувањето на пубертетлиите и тинејџерите. Без разлика дали нивното однесување е во ред. :!: И ако пишува дека имам 18 не значи дека имам 18 години, ова е анонимен форум,може да ти сум врсничка или постара од тебе, не бидете толку наивни, ова не е фб ова е форум.
     
  13. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Јас не знам дали сум пишала на темава, ама пак ќе си повторам. И ДВЕТЕ деца ги доев во јавност, и не гледам ништо страшно и срамно во тоа. и да ти кажам babyblond дека во странство сите дојат во јавност. Но ова ќе го знаеше доколку си била подалеку од Грција! Иако и во Грција на одмор си го доев детето и додека бев на плажа, и додека бев на кафе и додека правев шопинг. ДА ДА и на шопинг и на кафе одев со децата и ги доев.
    Ако на некој тоа му е срамно и одвратно, нека си седат тие дома, јас нема сигурно да седам во изолација.
     
    На Serafima, Lovely93, babyblond и 3 други им се допаѓа ова.
  14. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.853
    Допаѓања:
    40.268
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не треба да и се земе за зло на babyblond , Она само нјдобронамерни совети по темите на нас мајките ни дава .
    Она од советите на мајкаи и свекрата ќе си се води , не по педијатрите ..

    Ете и јас незнаев ама од сега за наредно искачање од дома ќе си земам некое манџиче зготвено , да си сркне дете а не а плаче за цицка :) Сито и задоволно. Не јас ќе чекав до 6 месеци како што сега модерниве педијатри препорачуваат .

    Ете така :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Добро што ти е всушност поентата со машките вециња?
    Ти влегуваш во машко вц?
    Се храниш во машко вц?
    Ако не тогаш што не праќаш нас мајките доилки да ги храниме бебињата во машко вц или сигурно си влегла по грешка и си видела мајка како дои бебе во машко вц :fubar:

    И еве јас ќе ти одговорам иако нема со тебе разбирачка каде се го дојам дискретно бебето. :talk:
    Во банка не сум го доела затоа што не влегувам во банки, 21 век сме така да се ми оди преку online banking. ;)
    Во пошта исто не сум го доела затоа што повторно сме 21 век па сите сметкi online ги плаќам.
    Во супермаркет не сум го доела затоа што таму се задржувам највеќе половина саат до 45 минути па си го планирам времето.
    На факултет сум го доела затоа што сум чекала резултати подолг временски период и сум си седнала надвор на клупа и сум го доела.
    Исто во болница кога сум била, дали за децата, дали за себе ако сме се задржале подолг времески период сум ги доела.
    Во автобус не сум влегла од кога сум завршила средно училиште, така да не, во автобус не сум доела.
    Во такси исто не сум се качила затоа што возам сопствен автомобил, така да не, во такси не сум доела.
    Во воз еднаш сум се качила од кога е помалиот роден и тоа за нова година кога одевме на плоштад, натака кога одевме немаше потреба од доење, најаден си беше ама на враќање си го доев, значи ете во еден јавен превоз сум го доела малиот.
    На плажа го дојам.
    На излет кога сме го дојам.
    Во зоолошка, аквариум, ботанички градини сум ги доела.
    Во парк сум ги доела.
    Во шопинг центри сум ги доела, тука постојано има забави за мали деца, театарски претстави, цртање на лица, ликови од цртани филмови итн и тогаш се задржувам подолг времески период и сум ги доела и едниот и другиот.
    Во вц сега пред 10-тина дена го доев малиот ама дома во моето вц затоа што имав стомачен вирус, повраќав на секои 2 минути и не се мрдав од вц.

    Сега задоволна ли си???
    Сега кажи ми колку сум никаква мајка затоа што сум ги доела надвор од дома децава. ]:)
    И да секојпат кога сум ги доела биле гладни. 8)
     
    На SkarletOHara, koritsaki, Dentina и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Дали се читаш што пишуваш? Жити бога, ненормална работа.
    Ништо, преостанува уште онлајн доење да ви воведат.
     
    На baby-star и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.681
    Допаѓања:
    35.560
    Пол:
    Женски
    Споредбава ти е ептен на место. Јас никого не советував како да се облекува или како да се однесува во јавност. За разлика од вас, а посебно ти која што тука подели еден куп совети и ги навреди 90% од мајките.
    Смешни сте веќе. Забегувате и со споредбите и со "примерите" кои што убедена сум ви се во најголем дел измислени само колку да си ги поткрепите своите тврдења.
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Се читам, ти се читаш????
    Која си ти да ме нарекуваш ненормална???
    Дај стварно почнете малку од малку да водите сметка што пишувате и како вреѓате.
    Срамота. :x

    И да ако цел ден јас го поминувам во вц, тогаш и малиот заедно со мене ќе е, немам мајка или свекрва па да им го тупосам или требаше во соба да го оставам сам да си плаче само да не го земам во вц?????
    И не се грижи можеби ќе воведат и онлајн доење додека да родиш ти па ќе нема никаква потреба да дојиш ти во јавност.
     
    На ddevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    И пред мене доеле еден куп мајки на плажа па што, реков некаде дека ми сметале? Не! Ама ми смета додека јадам некоја да се молзи пред мене па макар и роднина да ми е. Дете дои го кај сакаш дали ќе бидеш дискретна или не тоа е твоја работа.
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Кој бре молзел пред тебе ај не се глупирај, смешна си веќе. Ние па со сет памет со тебе се расправаме.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.