Од каде па сега ова..доењето во јавност било некултурно,гадно,вулгарно и што ли уште не..?!!Ајде дее...навистина???!!! Абе изгледа некои луѓе се досега како да живееле во некој измислен розев замок високо на облаците.. Па, на нивните Височества се им пречи ,само тие се совршени,најпаметни и се знаат.Во теми каде што немаат ни грам лично искуство,се нешто ќе најдат оправдание и глупави изговори за нивните плитки размислувања!Јас имам нешто полиберален став во однос на ова прашање... Ако има нешто поприродно од доењето ..амин!!! Како идна мајка, секако на врвот на листата на приоритети ќе ми биде здравјето и благосостојбата на моето дете а,доењето за мене е апсолутно ин, потреба. Сигурно некогаш ќе се најдам во ситуација да имам потреба да го дојам детето во јавност,дали кога сме на контрола кај педијатарот или во аптека,небитно каде во јавност. Сепак тоа би го направила на дискретен,елегантен и суптилен начин,во некое подзаскриено катче или просторија,откривајќи само минимален дел од дојката,онолку колку што е потребно за да биде во функција, другиот дел ќе биде покриен .Делува неприметно за околината а,од друга страна е ептен практично. Па и да свати некој случаен минувач , баш ми е гајле...нека си продолжи по својот пат... Не се некултурни мајките туку минувачите кои зјапаат! Јас досега не сум видела мајка која ептен апла што се вели ја извадила дојката и дои..сите тие мајки на мошне фин и едноставен,природен,спонтан начин се грижат за своето потомство. Воопшто не ги гледам со чудење и осуда,напротив им се восхитувам што и покрај силата на гравитацијата се одлучиле на таков чекор како што е доењето ,затоа што цврсто решиле дека здравјето,потребите на нивното дете се поважни од губењето на формата на нивните гради и од тупите погледи и размислувања на некои луѓе. Се надевам некои ќе го променат начинот на перцепција кога ќе станат мајки или едноставно мајчинскиот инстинкт ќе си го направи своето... Против природата не се може!
А штом вие знаете дека никоја не се молзи (ми се повраќа) пред други луѓе, тогаш мора да е така, вас треба да ви се верува, нема грешка. Реалност е се она што им одговара на „мамичките“ и она што тие мислат дека им одговара на „сонцињата“ и ништо друго... останатото не постои на овој свет.
Една од тие многу модерните мајки која сметаше дека оти е мајка може што сака да прави. Влкучувајќи и го и тоа да се молзи на сред ресторан. Има секакви случаи, а темава е многу општа. А кој рече дека пред 6 месеци треба да му даваш манџи со запршки има еден куп книги со 1000 рецепти што се освен млеко може да се дава на бебето пред 6-месеци, ама во ниедна не пишува дека смееш да му даваш манџа или зачинета храна. Дај не се прај глупава со сила деца имаш.
Се изначудив на глупостиве што ги изнапрочитав...кој има право бре да ми кажува дали, да се молзам, дали да го дојам детето на клупа у парк или у кафич...кај сакам таму ќе го дојам а за мојата цицка ич да не ви е гајле....може и мене ми се гади да гледам деколтиња до пупак и голи газови по кеј...па што?????? а бе ако ти е гадно сврти глава на друга страна, ако имаш деца чувај си ги како знаеш, ако немаш не им кажуј на другите како треба...ми се повраќа од совршени мајки
Зошто олку цинизам и потценување???!!! Наместо да се вреднуваме себеси и цениме како жени ,девојки и пред се мајки..овде се служиме со иронични навреди.Нека..можете да кажете што сакате!За која реалност зборувате???? УФФ..заборавив на вашата боженствена реалност..Вие нема да ги доите вашите мали совршени богови, со нектар ќе ги раните,како вистински божества,за разлика од нас,ние овде на земјата обичните смртници... што тоа го правиме гадно и некултурно па,уште и во јавност..
Темата стана каша попара, мајки дозволувате да се изнервирате и се испокаравте со некомпетентна личност што не го поминала тоа а мудрува тука цела недела. Иако сум тазе мајка би го доела син ми каде и да го посака тоа и ич око нема да ми трепне, мене поважно ми е син ми да е сит и задоволен а не што ќе рече околината и дали некој ќе се згрози од тој невин чин помеѓу мајка и дете, па погадно ми е кога ќе видам некој простак што мочА на јавно место или кога двајца вљубени се драп.т а не мајка која си го дои своето дете па макар и цела цицка да и е надвор сигурно нема да се згрозам од тоа, а и впрочем јас сум тука невоспитаната ако упорно зјапам во нив а не мајката што гледа да си го прехрани и смири своето чедо. Прочитав погоре требало да им воведеме ред кога да цицаат а кога не, ај да видам таа личност нека научи бебе од 22дена да цица само кога она ќе сака, а тоа освен да цица и да спие друго ништо не знае, син ми кога е буден буквално нонстоп е на цицка и што треба јас да правам зорле да му бутам цуцла од која се грози и ја бутка или да го појам со чај, ама чекај бе па може и какан е кога го испружа јазичето тоа сигурно за тоа е знак дека е какан а не дека е гладен. Боже мој и што треба ние жените со мали бебиња буквално да се исклучиме од останатиот свет, само дома со бебето во рака и друго ништо, какво шетање какво идење на кафе тоа шпанско село треба да биде за нас, луксуз кој не треба да си го дозволиме само затоа што сме мајки. Глупаво размислување е дека не треба да се дои во јавност бидејќи сигурна сум дека ниедна жена не би го правела тоа апла туку би се прикрила.
Абе бејби веќе се забораваш самата што пишуваш а другите ги правиш глупави. Самата си напиша дека модерниве педијатри појма немале, ќе си му давала на твоето бебе манџички од 6месеци исто како и на тебе и на дечкото што му давале а сега Маченце ја правиш глупава....за срамота. И знаете зошто ниедна од нас "мамички" не ви веруваме за таа што наводно во сред кафеана се измолзувала..............затоа што ние знаеме дека е тоа исклучително болен процес, дали рачно или со пумпа тоа е болно и ниедна нема да седни и да си се молзи и да си офка во сред кафеана. И да ако ви е толку гадно, ви се повраќа итн утре кога ќе станете мајки бапнете им на вашите деца шише со ад млеко и не не учете ние што ги доиме децата што и како да правиме, доста замарате со вашите "совети".
Ах загреота.......им се поврака,,,,,,па повракајте и не се мешајте во тугите цицки ке си прави секоја што сака со својата
Не знам дали има поента да се пишува сеуште на темава или не ама ќерка ми спие па малку ми е досадно... Јас ја доев до пред месец дена односно повеќе од две ипол години За тоа време како што вика и Битер сум ја доела скоро секаде никој никогаш ниту се згрозил ниту нешто или некако ми изреагирал освен еднаш лани летоска ја доев седната на тротоар на едно плоштадче во Грција со еден куп народ околу, се завртив обратно од повеќето луѓе што поминуваа и дете од година ипол се нацица. Помина една мајка и не знаеше англиски а ни јас грчки и се разбравме некако колкаво е детево кога и покажав со прсти година ипол само ми рече браво, браво и си замина. Толку од моите искуства со љубопитни луѓе. Никогаш не сум вадела града таму каде што сум мислела дека не треба ама дека ќе ставите ред на толку мали деца може да го каже само некоја која нема дете. Ќерка ми на пример се нема напиено воопшто ад млеко, сок, чај и останато сега пие по 100мл одвај, цуцла имам купено една бидејќи не сакаше да пие ништо од неа. Не само што е ексклузивно доено бебе до 6 месеци, туку до година скоро и ништо друго да не јадеше. Така да поголема е веројатноста да немате никаков ред со мало дете отколку да кажувате дека ќе носите измолзено млеко или пак ќе планирате активности однапред.
^ Доење на дете кое има повеќе од 2 ипол години? Јас ова не можам да го разберам. Ајде дома некако, ама во јавност толку големо дете, никако. Не е до градата дали ќе се гледа или не туку целокупната слика ми е одбивна.
Секогаш знчи буквално секогаш на вакви теми се оди во крајности, зошто не си се дочитувате едните со другите. И си се поделивте да, на мајки и немајки. Да земите објективно да си прочитате наназад сите ќе видите. Ги вртите истите муабети секогаш. Прво не знам зошто секогаш кога е ваква тема во прашање сите мајки си ја сфаќаат како личен напад врз нив зошто станале мајки. И демек шо ми е гајле јас сум си најбитна и детето мое вас кој ве фрццц... јас што сакам ќе си правам. И 20 пати претходно имаше феминки кои објаснаа дека од доењето во јавност им е незгодно и дека не се против тоа туку само мајките би требало да се покријат. Ама не никој не ги сфати така. Одговорот на мајките беше ќе видиш ти кога ќе станеш мајка, јас да не не треба детето да си го нахранам тебе за да ти биде убаво и како што сакам ќе си правам а ти не гледај. А никој не рече дека имате забрана. И не сте фер кога не дочитувате нечии постови и ги правите да изгледаат како вештерки или како поим да немаат од животот само затоа што уште не станале мајки, а и некои од мајките се изјаснија дека дојат ама си се покриваат, што е сосема во ред. Е тоа ми беше муабетот дека желбата да се биде во право е поголема. А од друга страна читајќи ги постовите на некои феминки, како се гаделе, па употреба на зборови како молзење и цицки и молзење во јавни, пази, машки, ВЦ-а и кај требало каде не требало мајките да одат па да си планираат, па дома да се затворат, па од една страна им сметаат децата да пиштат, па од друга не смеат да дојат, па да си носат шишенце, па ставање вакви фаци ,па споредба со пенис. Едноставно да се зачудиш, зошто таа девојка утре мајка ќе биде. Да го слушнев од машко не се чудам и онака ништо не разбираат, ама од девојка. Дека на жената животот треба да и престане кога ќе биде мајка. Не знам. Понекогаш треба да прочитате што пишал другиот пред да му се сконтрате. А уште поважно сами да се прочитате. Зошто решениево на 50 страници наназад е МАРАМА. Како што и сите мајки овде така прават, верувам, а и многу, освен поединци некои ете така, рекоа дека така ќе прават и дека така би требало да биде. Зошто ги свртивте истите муабети по сто пати и од што убаво не се читате, не се разбирате меѓу себе. И сега и мене никој нема да ме разбере што сакав да кажам, ама ај ако нека се дебатира нешто. А за свое мислење не си се изјаснив. Немам мислење пошто досега никогаш не сум ни заприметила, ниту ме заинтересирало прв пат слушам, дека на некој им сметало или не и си се задумав, па би рекла можеби дека кога јас ќе дојам во иднина ќе си се покријам зошто мене би ми било незгодно, си се знам самата себеси. И така.
Прво. Во право сте и едните и другите. Мене лично не ми е проблем мајка да дои во јавност. Додуша, досега имам видено само две во јавност да дојат дете, еден пат на аеродром, втор пат во кафуле со бавча, и двата пати мајката го имаше покриено бебето додека цица. Посебно во кафулето беа и на маса во ќоше, дури некои не можеа ни да забележат дека мајката дои оти не беа на видик за сите. Јас разбирам дека не се сите да ги речам отрпнати или навикнати на чинот на доење. Како поголема од некои братучеди, имам видено во домашни услови како тетки и стрини ги имаат доено бебињата. Значи се на мегдан. Цела града, со пупка, со инаетење од бебето, не ја фаќа, се врти, мајка му ја тутка пупката во уста. Веројатно затоа мене не ме асоцира вадење на градата за доење на ништо повеќе, од доење, и ниту ми е гадно, вулгарно или било какво неубаво. Ама, големо ама, еве од темава се гледа дека на некој му прави да му е незгодно, неубаво па и да му се згади. Гадењето не е избор, природен нагон е, не е од изигрување бесни глисти. Кога веќе мајка знае дека тоа толку неубаво чувство би го предизвикала кај некого со доењето на бебето во јавност непокриена, се работи за едноставна игнорантност на се живо околу неа ако сеуште го прави тоа. Тоа гајле ми е мене ако некој јадењето го остави заради мене, јас детето да си го нахранам. Зошто да го покривам главчето на бебето а ваму Ријана со цицки на мегдан? Па Ријана не ви седнала на маса до вас со нејзините цицки додека јадете Бебе треба да јаде. Без разлика дали цица, пие од шише или јаде јогуртче. Не е јавноста таа што треба да одлучува како мајката ќе си го храни бебето. Било кои сугестии се себебендисаност од другата страна, исто толкава како мајката која не се покрива додека дои во јавност. Бетер од бетер ќе се најде и таму и онаму. И сега, УУУ ААААА ХУУУ ХААА толку галама се дигнала а се сведува на тоа дека всушност на 99% од јавноста(со исклучок на бетерот спомнати) не им смета ако мајката дои, но да е дискретна. Да се покрие. Галама ради една марама. Па што е толку тешко да се носи со себе? Сигурно не тежи еден тон мајка му стара? Кога излезеш од дома, не забораваш да заклучиш врата, да земеш се што ти треба, не го забораваш бебето дома сигурно, така не забораваш и покривка за доење. Зошто инаетот ни е главна карактеристика на човечкиот род?
Јас сеуште не сум мајка, ама се надевам дека еден ден ке бидам Сум против доењето во јавност, сметам дека е некултурно и здравје Боже кога ќе имам деца никогаш не би ги доела во јавност. Пред да ме нападнете да разграничиме некои работи, зошто темата ја терате од крајност во крајност. Дискретното доење во јавност, кога доилката е прекриена со марама, пелена или што и да е, тргната малку понастрана, свртена со грб, во ред е, може човек дури и да не ја забележи дека дои. Но, овде муабетот повеќе беше за жени - мајки кој немаат осет и ја вадат градата на мегдан (се извинувам за изразот и напоменувам да не се сфаќа во сексуална конотација), неприметувајќи дека сите околу ги стават во непријатна ситуација. Јас неколку пати сум се нашла во таква непријатна ситуација. Еднаш на слава на еден братучед, собрани повеќе луѓе, имаше една мајка, која буквално си го доеше бебето на маса. Не ни праша дали може да отиде до друга соба, оп труп без срам си го надои детето пред сите. Тетка ми дури ја повика да оди во детска, на раат да си го надои бебчето, женава не сакаше, се замуабетила, да не испуштела од муабетот На сите отстрана им беше непријатно, врти поглед навака, врти натака, не иде. Една пак комшивка што ја имам, жената е накај 40 години и има две деца. Тоа помалото е 2 години и уште цица. И еднаш се враќа женава од работа, детенцето со баба му во двор кај едни други комшии, и иде женава и ја викаат и неа, седнува во двор, детето одма дај мамо цице, оваа уште не седната, открива цицката, седнува на столче, ова малото стои и цица Полн двор комшии Многу простачки делува, најискрено. Е за вакви примери збориме. И колку сакате инатете се, невкусно е. Кафичи, ресторани, слави, родендени, имендени и се друго каде што се собира повеќе народ, не се место за доење. Фино лепо ќе си станете ќе си отидете некаде понастрана и ќе си го надоите бебето, јас барем така би правела. И нема зошто мајките на форумот лично да се пронаоѓаат во постовите или да се чуствуваат навредено, зошто врти сучи сите со истото се согласуваме. Дискретно доење - да, безосетно доење - не. Јас верувам дека секоја културна и образована жена тоа треба да го прави дискретно.
E resise veke ednas.vo sekoj post razlicno pisis.ednas ti smeta da dojat pred tebe, ednas ne ti smeta.ednas da se bidi diskreten, ednas ne e tvoja rabota. Stopati smena. Ako ti smeta, ke ti smeta sekade, bez razlika dali zenata e diskretna. Ako ne, nema nikako da ti smeta i dosta gnjavis veke.
Абе луѓе, зошто вие противниците не сакате да сфатите дека ако за вас доењето т.е извадената дојка на мегдан е простачки и вулгарен чин има луѓе на кои тоа воопшто не им смета и им е природно. Арно ама, вие сте во право а тие не? По која логика? Па уште и вршите забрани каде може да се дои и како. Да била затскриена мајката, дискретно да било, да дои ама да не се приметува дека дои. Ко да живееме во среден век, боже сачувај. Кои сте вие да кажувате и да им налагате на другите како да се однесуваат во јавност? Се срамам од женскиов род кога ќе прочитам вакви осуди. Ексклузивното доење кај нас и така е на климави нозе (едвај 20% од бебињата се на ексклузивно доење) па уште вие фалите да ги дотолчите мајките. Ај ако не сите бебиња на АД млеко да бидат, м? И вие кои "дозволувате" доење во јавност ако мајката е покриена сте исти како другите. Повторно се работи за ограничување од индивидуи кои немаат никакво право на тоа. За крај, јас сум сигурна дека поголемиот дел од мајките кога дојат јавно, тоа го прават дискретно, арно ама тука се изначитав примери ко да е тоа реткост и ко да повеќето мајки со апла извадени гради седат по цели денови низ кафиќиве. (дури и да е така, мене повторно не би ми сметало) Не знам вие каде живеете, ама јас сите доилки во јавност што сум ги видела до сега, посебно тие што биле непокриени, ми изгледале сосема во ред и никаде не видов брадавици, вени и сл. работи ко што пишувате вие тука. Затоа и се прашувам, дали воопшто сте виделе како изгледа доењето?
Никаде не реков дека ми смета доењето било да е дискретно или не никаде, апсолутно никаде! Ама да се молзи пред мене дури јадам, да, ми смета. А како те засега тоа тебе лично, навистина не знам. Ти гњавиш со непотребни постови како овој на пример.
Ako ne temata e za doenje vo javnost, a eve sega velis ne ti smeta. Temata ne e za izmolzuvanj na gradite. Ti si taa sto postovi i postovi nanazad kazvas ednas edno pa drugo.toa sto ti smeta ne go gledaj, tolku lesno i ednostavno e.
Ти си таа што се расправа упорно без потреба, не си единствена на форумов со овој став па гледаш некој упорно и нападно да го брани како тебе?? Аман веќе, што не сум активна во дискусијава па почнуваш да ме замараш, се си кажа и само истото го повторуваш без потреба. Мило ни е штом не ти смета доењето и жалам за твојата „трауматична“ глетка додека си јадела, верувам дека ниедна од феминките не била таа што доела пред тебе додека си јадела за да упорно ги напаѓаш повторувајќи го истото. Се беше кажано и во првите неколку поста. Малку ако имаш гордост мислам дека нема да си дозволиш да се „палиш“ како млад мајмун за глупости меѓу толку непознати кои размислуваат поинаку. Смирувај ги хормоните на друго место, мене на пример на 18 години веќе ми беше завршен пубертетот, но добро.... не сме сите исти, ама затоа постои самоконтрола.
...значи ќе се повторам секој има право да го прави она што мисли дека е правилно...кога шетам, или седам во кафуле не се зверам по другите маси кој што прави...секој има право на избор...ако некоја мајка сака да си го надои детето, бујрум....јас моето го дојам секогаш кога е гладно и не ми е гајле кој го гледа тоа, дали на некој му се гади или не...може и на мене ми се гади од нешто па не рипам да се расправам.... инаку коментарите од типот "ја извадила цицката" или "висела како месо" и сл. (наидов на вакви изјави додека ги читав постовите) се тотално неумесни, и не заслужуваат коментар...па гледајте си ја својата работа не туку гледајте кој што прави....