^Како беше она , не ме гибај не те гибам, не ме цитирај ,нема да ти се обраќа е во случајов. Или во стилот на мајките, ако ти смета не гледај, тако во случајов ако ти смета не ми ги читај постовите, тоа е полесно отколку на сред јадење да станеш и да си заминеш. На форумов може да пишува дека имам и 50 години, а да имам 15, ако не сте го сфатиле тоа досега. Мене одамна ми помина пубертетот,ама на некои од мајкиве, а очигледно и ти сте сеуште во пубертет. Ти и уште неколку напаѓате без никој да ви се обрати, очигледно вие имате проблем, не јас. И за потсетување форумов е за дискусија, секој си го кажува мислењето, може да цитира некоја, ако некоја друга и се обратила во нејзиниот пост и толку, за дирекни обраќања постојат лични пораки и ова треба модераторот да ви го каже, не јас.
доколку ми се обраќаш на мене babyblond, во ниту еден дел од мојот пост не те споменав ниту тебе ниту било кој друг...прво не ми беше таква намерата....можеби само си се препознала... доколку не ми се обраќаш на мене занемари ја мојава забелешка
не е за тебе уживај,на таа погоре што изиграва модератор и се обраќам и сите што имаме некаков коментар околу доењето во јавност, а не сме мајки не смета за тешки курвишта.
Ај не се карајте де. Шо е ова????? Рекла не рекла........ Да отвориме некоја тема за сите кои се расположени за карање Тие кои не се сеуште станати мајки малку потешко го сваќаат доењето во јавност. Ама кога ќе поминете на гинекологија и ќе се изнагледате цицки кои фрчат на сите страни тогаш ќе сфатите дека ништо не е невообичаено. Од друга страна едно прашање за сите кои се маваат в гради за доењето во јавност: зошто не си носите измолзено млеко во шишенце? Колку што сум информирана (можи и да грешем) бебиња над три месеци не прават заблуда измеѓу брадавка и цуцла па можете комотно да ги нахраните во јавност и тоа во мајчино млеко.
Грешиш. Како прво мајчиното млеко не може бескрајно долго да се чува на собна температура. Второ, има деца кои никако не прифаќаат цуцла. Трето, не сите мајки можат да одмолзуваат млеко. Ама најважното е, со кое право им се ограничува на мајките слободата на избор? Дали ќе дојат во јавност или не е нивен избор, ничив друг. Просто е.
anina зарем мислиш дека би носела шишенце со измолзено млеко само заради некој да не му се гади???? Имајќи детето да си цицка директно од изворот јас ќе макнам шишиња со млеко на 35 степени алоо на 35 степени.Оти тој што се гади кога ќе виде како мајка го дои своето дете не се заврти на другата страна и не излезе културна личност??? Ама неможе од пуста радозналост. Како може да не прават разлика. Напротив осеќаат ама баш се. Плус од шише многу полесно им тече млекото неголи од цицка и постои шанса да се одбие. Епа летно време не планирам дома да седам затворена само затоа што сум доилка а и ако шетам секое попладне на ладовинка нема да ризикувам да давам шише. babyblond ти па- ти па, не знаеш што трескаш веќе. И те молам да ми одговориш каде виде доилка да се молзи во машки тоалет??? Незнам дали не ме примети кога те прашав првиот пат. Спојлер преги слегнавме пред зграда со сопругот и се сретнавме со комшиите и онака непланирано не поканија на кафе и отидовме. Почна да плаче ќерка ми и знаев дека е гладна. Прашав каде можам да ја надојам и ме упатија. Ја надоив и заспа. Значи секоја мајка го познава плачот на своето бебе.
Зошто цуцлата ја искривува вилицата и забниот апарат сегашен или иден. И затоа што ништо не ја заменува блискоста меѓу мајката и бебето кога цица. Многу е важно за правилен развој на бебето да цица и тоа не само физички развој,туку и емоционален пред се. И сите мајки што дојат се за поздрав и браво,затоа што треба огромна упорност и истрајност за да му воведат ред на бебето да цица. Така што дали затскриени на јавноместо или голи дома,сеедно е. За уа се мајки што не дојат за да не им се расипат градите,што ги мрзи,што си наоѓаат изговори и слично. Затоа што за мајката доењето е исцрпување на организмот. Пример за тоа ви се кучињата и мачките што им ржат на малите кога се приближуваат до нив да цицаат. Освен тоа сите што се гадите,многу веројатно дека и вие сте цицале и дека и вие ќе доите некогаш во иднина. И порадо би се препокривала за да не му лута погледот на бебето на сегде и да прави се,а да не цица туку само така да си седи,отколку да не се згрози некој што има проблем сам со себе и доењето го разбира во сексуална смисла. Така што јас сум за дискретно доење било каде. Убаво би било во домот,чисто заради комфорот на бебето и можноста мајката да одржува лична хигена пред/по доењето.
Ти очигледно знаеш да читаш ама не разбираш. Во ресторан се молзеше, пред мене и пред дечко ми на соседната маса. И ве прашував дали буквално на секое можно јавно место би го доеле бебето, или само на одредени. Бидејќи и машките WC-ња спаѓаат во јавни места, па сигурно таму нема да доите. Среќа бебето што го разбираш по плачењето, кога ќе научи да зборува не знам како ќе се разберите.
babyblond ајде доста веќе ја претера и ти... како така зборуваш со возразна жена, немаш ли почит? што те засега тебе кој каде дои, ако ти пречи тоа што не си отишла да и кажеш на мајката во лице? а не тука да ја зборуваш само неа, не се сите исти како неа... па и да го дои така, ти што гледаш таму, заврти се на друга страна или седни на друга маса каде што нема да ја гледаш... и доста се инаетиш веќе, мајки сме повеќе, не може да не убедиш во спротивното, бидејќи ние минуваме низ тоа, а ти уште немаш ни план за бебе...
Твојата работа е САКАМ КАЖАМ - НЕЗНАМ РЕЧАМ. И да, секаде би го доела детето само нема ни во машко ни во женско вц. Се знае зошто служат вц-та. Како што рече погоре друга феминка,се покривам само и само детето да ми цица на раат. Баш влера се интересираше за околината и звуците од бротчињата, па ми ја тргнуваше пелената. Јас би доела со и без покривка. Кога станува збор за моето чедо, очи би ископала некому, а не да се грижам за мислењата на лугето и за желудникот на Петко, Рајко и Трајко. А како мислиш да се разбираме. Па со зборување. Еј луѓе абе се згазив од смеење за сите страници испишано со исти муабети. Очигледно оти женскиот род е бетер и од самиот ѓавол.
[/quote] Добро бе девојко,ете оваа конкретна доилка претерала со активностите во јавност,мислам сите ќе се сложиме со тоа.Ама ајде сега да ги спалиме на клада сите што дојат надвор. Ок е ,луге што претеруваат имало и ќе има секогаш,без разлика на околностите.Ама една физиолошка активност и потреба до толку да се избанализира нема потреба...И на крај краева,што не си реагирала кај персоналот во кафичот,а овде реферати пишуваш,сигурно таму не ти снемало зборови.Ке се опоравиш од траумата,сигурно,и камо да е тоа најгрозното нешто што ќе го видиш било кога надвор..
Само како идеја го дадов тоа со шишето и измолзеното млеко. Не ме напаѓајте одма. Море сите насрдени на карање сте... Како и да е луѓе и јас очи вадам за моите деца ама сепак живееме во општество каде нормалните физиолошки потреби станале табу тема. Детето не го дојам пред ничиви очи бидејќи мене лично ми е непријатно. Несакам никој да ми се ѕвери а ѕверењето во нечива гола дојка, тука во Македонија е нормална работа.
Значиииии таа што не се грижи за околината и за вперените очи во дојки, нека си дои во јавност. Таа што не се осеќа пријатно да дои во јавност нека не дои. Таа што има нагони за повраќање и што и смета доењето во јавност нека не гледа. Сите среќни и задоволни.
Јас мислам кога веќе се вреѓате кога ќе ви напишат дека никому не му смета бебето да го доите дискретно и со прекривка и во ред е според вас да се молзите каде ќе стигнете и упорно се споредувате со разголените тинејџерки, еве слободно дојте ги вашие деца на јавни места голи до појас и така за вас е најбитно да го надоите бебето и не ви е испод ниво да се споредувате со тинејџерки и сте спремни на било кое јавно место да го доите бебето и не ве интересира дали некои ќе ве манијачат или ќе им се гади, бидејќи не се битни и треба да си ја гледаат своја работа. И така се стопли времето тамам боичка ќе фатите пред да одите на одмор. Ептен претервате и вие мајките крајот не ви се наоѓа, Дојте голи ако не ви е незгодно никој не ви брани, бидете на исто ниво со Ријана со која се споредувавте. И не знам каква култура очекувате од мене кога пред се вие не сте културни, ми ги извртувате зборовите, вадите од контекст, и мајки да сте , и девојки да сте ако сте некултурни со мене и јас ќе сум некултурна со вас. Како да се пожалам кај персоналот кога јас овде што се пожалив ми велат не е гадно нема за што да се жалиш и да можат очите ќе ми ги ископаат оти сум се пожалила, камоли таму да се пожалам на персоналот или на мајката ,тие се МАЈКИ и се над сите останати во општеството, којзнае што ќе ми направеше мајката што се молзеше на лице место.
Ее така те сакам бе женска. Да не оставиш на раат да доиме, голи или облечени,покриени или непокриени. И една поправка за да не речеш дека сме некултурни и испревртуваме зборови, не се вреѓаме за тоа што ни кажувате да доиме покриени,туку за тоа што некои ни бранеа да доиме во јавност,а притоа сме покриени ,и, што доењето го споредуваа со секс, порнографија, вагина, пенис и шлајм.
Може малку ке сум оф топик,ама во последно време некои мајки претеруваат и со тие нивни“мајчински привилегии“. Стварно сум за подршка на младите мајки,стварно разбирам политики за подршка на наталитет и се тоа,некоја привилегија во автобус,во банка,отворање врата и сл. ама некои претеруваат бре.! Пред неколку дена дрско на улица ќе ме согазеа три мајки со колички,го зафатиле цел тротоар по ширина ,јурат раскрекани со количките и некако не се тргаат друг да помине(морале да одат во ист ред).Демек ние сме привилегирани тргнете ни се.Аман бре испосогазија се живо.Култура невидена.Добро,а што сме ние без дете во раката,стока?Ако имаш дете во количка не ти дава за право да се буташ и ги газиш другите. Слично ,во кафиќ,си седнала со детето во количка да пие кафе и количката на сред пат,на секоја минута некој се сопнува и не може да помине ,а неа мува не ја лази,па дури и прекорно ке те погледне што си и ја допрел количката(а патем можеше дискретно да ја пособере).Па ,добро разбирам дека си човек и си излегла на кафе,ама не претерувај жити се ,ако си со дете и количка не значи дека како сакаш ќе се однесуваш.Ние другите-мнозинството ке молчиме или вртиме глава ,а една мајка ќе си го испие кафето на раат, Како дојде време се,само обичен да не си,па добро ако не сум етикетирана како мајка или пензионер,треба да ме газат по улица?нема право на раат кафе?па нека пази и на мене некој друг! Сето ова го кажувам најдобронамерно во контекст на некои мислења од типот:“ке си правам како сакам и не ми е гајле за другите“. Во ред,но кога вам не ви е гајле за другите тогаш не очекувајте и на другите да им е гајле и да имаат разбирање за вас.Убаво ви е да ви отворат врата или дадат столче понекогаш,а после што ми е галје дали на некој му сметало доењето.Не оди тоа така.Доењето во целина е интимен момент меѓу мајката и детето ,и таков треба и да си остане,не мора сите тоа да го гледаат,можеби и не сакаме другите да го гледаме.Разбирам во некои исклучоци покриени дискретно со марама,нели не може се да се испланира,но во целина треба да си е интимно.Така што тоа: на кој му смета нека си ја врти главата,сепак не е во ред. А,за гнасливоста,а бе зависи и што сте виделе,верувајте.Кога ке ви истури некоја цела огромна дојка(да не ја опишувам подетално),може и вам ќе ви се згнаси и ќе ви стане непријатно).Така да: доење во јавност да,но само дискретно и покриени.
Ова дека ќе те изгазеле со колички и сл. муабети, си кажува за самите луѓе какви се. Има луѓе кои не се родители (и затоа немаат врска со темава), и се однесуваа непристојно и некултурно. Огромен процент од народов нема општа култура. Мене најчесто ми се случува средношколците кога ќе се пуштат од на училиште не знаат каде одат по пат, ниту се тргаат, ниту одат како што треба. Попрво ќе те изгазат и истуркаат. Плус се дерат и хистеришат. ** Се согласувам дека многу мајки го злоупотребуваат тоа што се мајки, за да си ги оправдаат своите глупости, но тие и претходно си биле такви невоспитани луѓе. И греота е, зарад некои такви, да се црнат сите мајки. ** За доењето, што да кажам, освен, доколку ви пречи, да се постави забрана за влез на мајки со деца во кафичи, зоолошка, ресторани, паркови. Соберете се, направете петиција со потписи, па нека се изгласа закон. Само кога ќе станете мајки, ќе ве видиме дали ќе се затворите дома, или први ќе сте излезени надвор !
[/attachment]Погледнете па коментирајте, дали денешните мајки збеснуваат со вадење гради надвор или одсекогаш е тоа нормална работа! http://www.buzzfeed.com/southerndisposi ... eding-jlw6