На оригиналната страна, има објаснување за фацата на детето, и тоа нема врска со доењето. Впрочем и сите други деца нормално реагираат, не е до доењето. ** И мене ми текнува (според линкот погоре) дека порано жените ги цицаа бебињата пред сите, и пред свекор, татко, ама никој не реагираше чудно. Можеби зошто доењето беше најнормален чин. А, денес секаде врие од сексуалност, па многу работи се пореметија во општеството.
Ми е мака да го барам оргиналниот линк од каде потекнува сликата, ако те бива со интернетов, побарај си го, па види. А, коментар не ти ни заслужува твојов пост. Ајде сега за детево ќе се фатиме да пишуваме. Немаме попаметна работа. Глупости.
Доење во јавност но дискретно.Ако бебето не може да издржи додека мајката најде место за да го дои. Сепак и на бебето и на мајката им годи кога се одвива во мир и тишина.Тоа е чин меѓу мајката и бебето,нема потреба од присуство на некој си трет.Пред неполн месец се породи една моја пријателка.Дома има синче од три годинки.Кога видел како ја дои сестричката прашал мамо ти со тоа ли цице спиеш?не бе сине во орманот го оставам Пред да си легне го отварал орманот да види дали е таму. Сега внимава да не ја види. Јас дури и дома сум доела во посебна просторија, зошто само така се чувствував опуштено. Во ситуации кога тоа морало да биде во јавност,секогаш било дискретно но пак сум се чувствувала незгодно.
А зошто мислите дека порано немало сексуалност, туку дека ние денеска ја измисливме? Ако денеска имаме танги, подвезици, чуда, не значи дека сме измислиле топла вода. И порано градите се гледале од сексуален аспект. Нема ништо чудно во тоа. Повеќето имале над пет деца, зарем тие деца од каде дошле...? Денеска е толку застапена сексуалноста зашто имаме телевизија, интернет, се' ни е на дофат, а порано нит интернет знаеле што е, нит па телевизија (во времето на баба ми ни тоа немале). Ама тоа не значи дека биле заостанати. Ехее, којзнае што се случувало по шталине. Ако имате малку по откачени баби кои живееле во село, буцнете ги малку, да видите што ќе ви кажат. Нашите мајки не верувам дека доеле пред сите. Барем мајка ми не доела пред свекор и девер. А бабите наши можеби доеле пред сите ама не од што многу сакале или од што тогаш тоа било нормално, туку зашто условите тоа им го налагале. Порано немале по пет соби во една куќа и за сите да има по една соба. Немало делење на стари - млади, сите биле во една куќа. Не грееле во сите соби како ние денеска што правиме, туку се знае, во една соба гори ѓумбето и тука сите седат. Нормално дека ќе дои пред сите, зашто нема каде да оди. Во сред зима, само во една соба се греело, зарем ќе оди со бебето во друга соба каде е ладно само за да го надои? Ќе се подзавртеле и готово. Се снаоѓале како знаеле и умееле. И не значи дека ако порано тоа го правеле, дека е во ред. Денеска сите услови кои ги имаме, сите имаме свои соби, имаме приватност, интимност, зимно време во секоја соба е топло, клими летно време итн... При тие услови, срамота е да застанам во сред дневна и да дојам пред седум души. Ги мрзи да станат и да влезат во соседната соба. Е тој момент не ми е јасен. Или на родендени, слави и слични прослави, на сред маса. Па не сме во камено време. Имаш соби колку ти душа сака. Ваквите постапки мене ништо не може да ми ги оправда.
браво за неа,,,,внимавала а ако немаш каде да го оставиш детето поголемо дури доиш моето поголемото нема ни две години аја му речам да си се чува само дури дојам јас во друга соба 'песно ви е ке го оставите на мајки свекрви и ке си одите во соба'''и да можеж зошто би се криела од големото нека гледа така ке има разбирање од мало и нема да има табуа и утре кога ке порасни нема ни да се гади ниту да се чуди кога некоја во јавност ке дои
Цццц... ептен забегавте. Сега и од братчето - сестричето треба да се крие мајката? Вие правете како што вам ви одговара и оставете ги другите да прават како што ним им одговара. Просто е. Не знам зошто ви е толку тешко да не се мешате во туѓиот живот и навики?
И сега што да им правиме на градите дека ни се зголемуваат најмалку двапати во големина??? Да ги исечиме???? Со самото тоа што се зголемиле значи дека функционираат како што треба, каква што им е и основната намена, да произведуваат млеко. Не ми се цитираше делот со количките.........ама не мислите ли дека стварно претерувате со обвинувањата спрема мајките????? Јас не мислам дека сум го фатила бога за муда затоа што сум станала мајка, сум си го проширила сопственото семејство и толку ама пошто имам дупла количка и јас го зафаќам цел тротоар и сега што да правам да не излегувам или се правам важна, најискрено не ве разбирам. За во кафеана, кафиќ, самиот персонал е виновен затоа што не ги сместува како што треба тие што се со колички, јас секогаш напоменувам дека сум со количка и они ме сместуваат каде никому не му пречи количката. А за гадењето, абе на сите од нешто ни се гади ама чин ја напушташ удобноста на сопствениот дом треба да се навикнеш дека се ќе видиш. Еве хипотетички (немам ништо против дебели луѓе) мене ми се гади од дебели жени, не сфаќам како може да се направат толкави, еве јас цел живот си јадам што сакам а не се дебелеам, не може да биде толку тешко да бидеш слаба, ете не ме интересира дали таа им некој здравствен проблем затоа е толкава, едноставно мене ми е одвратна, ми се повраќа. Е сега имам ли право ако некоја дебела седне до мојата маса да ја гледам како да не и е местото тука затоа што нели мене ми е одвратна, треба ли гласно да сугерирам дека дебелите треба да се во вежбалница а не во кафеана, да и сугерирам да држи диета?? Држи ли тоа место, човечки ли ќе е моето однесување????? Е исто така се чувствуваме ние доилките со сите ваши совети и сугерирање за давање ад млеко, седење дома итн. И јас не само што немам можност, не ни сакам да се кријам од поголемиот син кога дојам, нему му е најнормална работа да ме види кога го дојам брат му. И пред да ме цитираат душебрижниците да ме прашуваат дали сум нормална, да нормална сум и не, не се шетам гола пред децата затоа што и тоа е дел од природата.
Кога еден ден дел од девојките кои се против, ќе станат мајки, ви гарантирам дека сите овие коментари ќе ви пропаднат во вода. Кога ќе го добиете чедото во раце и кога ќе ги видите тие малечки устиња кои се отвораат и ве бараат ВАС за да се хранат, сите ќе го заборавите ад млекото. Верувајте ми, ќе плачете и ќе се молите да го имате тоа млеко во себе. Нема да ви биде важна големината на градите, ни изгледот, ни ништо. Тогаш никој и ништо не ќе ви значи, освен тоа малечко душиче. Ни ќе ве интересира кој и што кажал за доењето, освен вашето бебенце. Значи, да не бидам погрешно разбрана, зборувам за оние кои се против доењето, а додека за другите кои се против доењето во јавност, тоа е сосем друга приказна, ама со иста содржина. Културата или не културата ( за некои) на доењто не е во самиот чин на доењето, колку во перцепцијата на тој чин, како личноста го перцепира тоа. Можете едноставно да игнорирате или упорно да набљудувате. Тука мислам дека е суштината на т.н. проблем на некои. Можете да ме анализирате и сфатите како што сакате, ама само едно ќе кажам. Љубовта. Љубовта е онаа која ги поврзува мајката и бебето. Макар и тоа да биде плач за храна во јавност, не е важно. Не е важна градата која цела и делумно се гледа, важен е мирот, спокојот, допирот, тивкиот и смирувачки шепот на мајката кон своето чедо. Тоа е она што не сте го доживеале и од тој корен се раѓаат некои неприлични коментари на одредени девојки кон доилките. Ќе видите и почувствувате што значи тој плач. Ќе видите дали ќе можете да му дадете цуцла или шишенце со ад млеко, кога тоа ве бара вас, ја бара својата мајка... Ќе видите што значи да му дадете манџичка после три месеци (како што прочитав некаде поназад), кога тоа се мачи со грчеви од едно обично млекце и тоа само од неколку голтки, а не пак манџички.... Ќе видите што значи да носите млекце на 35 степени или во зимен период кога е многу ладно и под нулата... Да знаете дека се’ е до искуството. И како што кажаа некои мајки или девојки кои пореално ги гледаат нештата, зашто и тие утре ќе бидат мајки. Девојки и жени се шетаат без елечиња, да ми простите на изразот, само што не им се гледаат брдавките од маичките и длабоките деколтеа, тоа нажалост денес е најнормало. Но кога зборуваме за едно кутро душиче кое е зависно од таа града и таа за него е живот, тогаш тоа е неприлично и неубаво. п.с. Сум за доење во јавност, бидејќи никој не може да биде дома затворен 6 месеци или година или повеќе и тоа само затоа што на некој му е непријатно да гледа. Решението е едноставно, нека не гледа .
Jас се уште не сум маjка, но во доењето на jавни места не гледам ништо лошо, срамно, некултурно, без разлика дали сиот тој процес е дискретен или не. Ако некоја дои, неjзина работа, нема сигурно да зjапам и да превртувам очи.
Едно прашање до мајките, една работе не можам да ја сфатам со вашите излагања на форумов, дали ви е толку тешко да носите и марама или пелена со вас на толкави торбици што носите со вас со пелени со влажни марамчиња, со алишта за бебето во случај да има потреба да се прелечи, новчаник, верувам и некој од џиновскиве модерни телефони, клуч и што уште не или не ви е пријатно да се покривате или ете имате некоја потреба да се докажите, дека сте мајки и дека не ви е срам да ги вадите градите пред било кој и да не се покривате бидејќи ви е најважно (што е многу разбирливо) да го нараните детето и апсолутно ништо друго не е битно? И дали толку немате осет па на софра како што наведе некоја феминка да го доите без да се покриете или да одите во друга соба? И ја сфаќаме сите љубовта и поврзаноста меѓу мајката и бебето и сите тие работи, ама мора малку да се приберете, таа љубов е секогаш иста, ама треба да имате контрола да не ве надвладее во процесот на понатамошното поспитување на детето. Во темата неподнесување деца се гледа дека се уште немате контрола врз истата кога луѓето ви посочуваат дека треба да внимавате на детето, да не оди по маси, да не истури, скрши нешто, да не се изгори... Вие возвраќате со дека и вие плаќате коклу и останатите и не ви се битни останатите, отприлика го имате истиот став кога форумџијките ви укажуваат дека според нив не е во ред да се дои недискретно во јавност. Контролата на чувствата па макар и кон сопственото дете е знак на зрелост. И самиот факт дека сте станале мајки, без разлика колку сте биле спремни и зрели за тоа пред да станите или не, вие мора да покажите зрелост. Доењето може да се толерира, ама некои други работи не, бидејќи вие треба да бидете авторитет за вашето дете колку и таткото. Вашата самоконтрола над таа мајчинска љубов е голем фактор при вашето воспитување на дето. И почнете да работите совреме да работите на таа ваша самоконтрола, бидејќи еден ден ќе ви се удри од глава ако не ја совладате навреме.
Секако дека бебињата треба да јадат,па дали ќе е надвор или внатре не е воопшто битно,ама се сложувам дека кога се прави тоа надвор би требало да биде подискретно. Има многу начини и места каде може тоа да се прави без да примети некој. Не сакам многу да навлегувам во дискусија,само ќе кажам пример за мајка-жена без осет и култура. Кај дечко ми дојде стрина му и чичо му со бебенцето.Во собата седевме татко му,мајка му,брат му,снаа му,баба му,дечко ми,јас и гостите секако.На бебето најверојатно му се пријало и мајка му наместо да излезе во друга соба или барем да се тргне на страна,на сред маса си ја извади цицката без барем да се потруди да се потскрие.Машките кои седеа на масата занемеа си ги завртеа главите,гледаа тв и буквално беше штама пола саат. Сепак треба да се има осет и култура,сепак цицка е цицка и не им е пријатно на мажите Разбирам дека треба бебето да се надои,ама ако се сака може да се направи тоа,а др дури и да не забележат што правите.
Зошто порано немале толку провокативна облека, жените изгледале многу поинаку од денес. Зошто определена облека е забранета по храмови, држави, итн.? Поради провокативноста која ја буди. Имам баби кои кажувале, што ли не правеле по шталите, точно е тоа. Но, исто така дека со селска носија и опинци не предизвикувале како сега со миничи, длабоки деколтеа, штикли или тесни фармерки каде цел газ е оцртан. Повеќето со кои разговарам кажуваат дека денес како никогаш досега врие од сексуалност, и се е во знак на сексот.
И на крај... сите кажавме исто, ама со други зборови . Се испишаа многу страници, но кога вистински ќе ги анализираме сите постови ќе видиме, дека во суштина се борат само две страни, теоријата и практиката. Секој во животот формира своја теорија, ама сите и знаеме дека таа теорија, а воопшто и целата теорија е многу поразлична од реланата пракса. И јас колку пати само сум кажала, дека еден ден кога ќе имам пород, ќе правам вака и вака, ама не било така. Бев цврста во теоријата дека бебето треба да си лежи без да биде постојано во раце, ама денес дома не е така. Не дека не е мирен, премирен е и збор и плач не му се слуша (освен кога е гладен да каже), ама сега кога потрезвено размислувам сфаќам дека овој период е еден. Може нема да бидам средена баш најдобро надворешно и дома нема да ми беде екстра средено се’ да свети, но овој период од неколку месеци и година никогаш нема да се врати. Никогаш нема да можам да го гушкам и милувам како сега. Ќе порасне за миг, ќе почне да оди сам и толку, се осамостоил. Потоа и да сакам да го кренам или помилувам како сега, не ќе можам. Но и од друга страна тука е блискоста, топлината помеѓу мајката и бебето и не само помеѓу нив, колку што таа топлина понатаму ќе се рефлектира во животот да детенцето. Нема да биде детенцето диво, туку ќе биде подружељубиво. Навистина тука се крие една цела психологија за која ние многу малку размислуваме. Сакав да кажам, дека многу лесно во практиката се дават сите теории. Не се сите дечиња исти или пак не на сите можеме да им наметнеме нешто и тоа само затоа што нас би ни било подобро вака или онака. Мила babyblond, прашањето кое го постави е веќе одговорено не еднаш, туку безброј пати . Да ги разлистаме мила сите постови и тоа до еден на мајките, ќе видиме дека сите се за доење, ама дискретно. Ниедна не пиша дека буквално ќе ја извади градата, сите да ја видат и ќе го дои бебето помеѓу целиот народ така непокриена, кога сите до една пишаа дека тоа би го направиле дискретно (како и јас што би постапила без разлика каде би се наоѓала). Факт е дека постојат исклучоци кои многу, многу не му ја мислат и тоа би го направиле без грам срам, ама тие се многу малку. Како што секогаш и секаде има исклучоци, така и сега, но генерално земено навистина грешиме ако мислиме дека сите така прават, кога навистина најголемиот процент на мајки тоа го прават дискретно. Додека тензијата овде настана во оној миг кога некои феминки пишаа дека тоа доење било непотребно или доењето можело да се одложи или замени со ад млеко. Затоа и мајките од свое искуство пишаа дека тоа во практика не се носи баш најдобро со теоријата. Тука настанаа конфузијата и се замешаа работи и тоа што биле или не биле. Се согласувам со Силвер, дека денес перцепцијата на доењето е фокусирана премногу на сексуалноста и затоа настануваат овие тензии.
Јас како идна мајка ( сега бремена сум) би го доела детето на подискретно место и на подискретен начин. Сигурно не би ја извадила градата у сред трговски или на Улица Македонија или во кафич. Точно е дека неможат да се одложат потребите на детето и никогаш не би дозволила да му дадам адаптирано млеко во замена за мајчино само за да не кажат луѓето лошо,но сепак постои начин за да го надојам детето а притоа да не паѓам во очи на никого. ова лично мој став, познавајќисе себеси би ми било срам да го правам тоа. Но сепак секој е со свое мислење и убедување и никој никого нетреба да го нападне зошто изразил различно мислење од своето. Форумов стана место за истурање на фрустрации и проблеми, никој несмее да изрази став, на било која тема не само на оваа, одма како оси сите напаѓаат, не ве разбирам......
Се претера со навредите и нападите во темава, а всушност во право е Серафима. Во ред е да кажеш дека си бил сведок на нешто недолично, ама таман работа дека на секој чекор гледаш некоја која си ги вади дојките на мегдан Дефинитвно се согласувам со ова: и ова: Да не бидам оф топик, сум се изјаснала во темава и еве сега, и покрај што се изначитав за секакви недискретни случаи пак истото ќе го кажам: И за крај: навистина има решение ако сакате да избегнете глетка што не ви се допаѓа, не гледаш натака и готово, не е дека доилките ви се ставаат пред фаца па мора да ги гледате.