Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,0%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    143 глас(а)
    34,9%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,5%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    не сум против доење во јавност се разбира дискретно ама нема многу да дискутирам на темава само да прокоментирам нешто...
    ddevojce како не ти е срам да колнеш? ко стара баба си некоја со такви коментари и колнења, за срамота е , не доликува на една госпога и мајка да колне ама ти од километар се гледа дека си од некое село :worried: :x и доста си заостаната и без култура а и без оној осет за кој ти зборуваш
     
    На bubamara12345, andromedae, sajonaramucaca и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549



    Самата рече бе дете што уште зборуваш. Ај касни па порасни и стани мајка. Едно не ми е јасно. Ем не знаеш што значи да се биде мајка ем тропаш глупости. Абе и ти не си крива и ти не сакаш ама до тука можеш да размислуваш- понатака не. И да јас лично сум навредена, што си го ранам детето дискретно оти го споредувате доењето со разни безобразни работи. Ама ај нема да ти замерувам повеќе ниту тебе ниту на другите оти уште треба леб да јадете за да доите. БЛАГОСЛОВЕНИ СЕ МАЈКИТЕ КОИ ДОЈАТ било јавно или дома.
    bridetobept кај прочита дека колнам?? Потсетиме.
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Така де, покажи и ти градска култура. :wasntme:
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски

    Тоа што си станала мајка, не значи дека си созреала, за жал.
    И пред да ме наречеш дете :D , погледни си ги годините, па после ќе дискутираме ;).
     
    На baby-star, Emotional123 и Summerlover им се допаѓа ова.
  5. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Јас никаде во ниту еден единствен пост не сретнав дека некоја од мајките се залага за недискретно доење со кое се алудира на секс.Јас попрво би се прашала што не е во ред со главите на оние кое еден ваков примарен чин на опстанок го перцепираат низ призмата на сексот.Дефинитивно нешто не е во ред со нив а, не со мајките што дојат.Напротив сите до една потенцираа и јасно си кажаа дека се за доење во јавност на дискретен начин,културно покриени со марама,како што би сторила секоја совесна,разумна и нормална мајка.Епа во што е проблемот тогаш?.Поправете ме ако сум грешка... :?:
    Од друга страна имаше крајно негативни и абсурдни постови каде основниот примарен инстинкт доењето беше кфалификувано и оцрнето како дегутантно,примитивно и некултурно... :x Е ова е доказ за тоа кога Ајнштајн рекол дека човечката глупост нема граници.Во право бил човекот.. :D
    Друго, сите вие што солите памет овде,глумите дами од Лондон,(само уште да бевте) демек многу фини и културни,цивилизирани кога ќе станете мајки вратете се на темава,прочитајте си ги сопствените постови и доследно применете си ги вашите корисни совети.Ете тогаш може да правиме муабет!Само да не се правиме тогаш на Тошо... :lol:
    Лесно е да кажуваш за друг..Се надевам ќе си останете доследни на запишаното...па вашите теории како се одгледува дете спроведете си ги на дело.. :D
     
    На Moonglow, Serafima, Nova и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите треба малку да ги смират страстите.
    Невкусни се и клетвите ама невкусно е и да се нарекуваат мајките доилки со називи како примитивки, ненормални, некултурни итн.

    Се сложувам донекаде со напишаното, точно е дека ние мајките сме тие кои одлучуваме дали и каде ќе одиме со бебињата и така е додека имате само едно дете кога ќе дојде и второ веќе изборот е повеќе на детето а помалку на мајката.

    Првиот син многу помалку сум го доела во јавност отколку второто, првиот најчесто летото на плажа кога сме оделе и еднаш, двапати ако сме биле излезени некаде цел ден,не рачунам за доење во јавност кај неговите или кај моите.
    Со второто веќе почесто ми се случува да го дојам во јавност затоа што поголемиот сака да шета а и јас сакам да го шетам, да го едуцирам, да се социјализира итн.

    Марамата е решение само за скроз мало бебе, поголемо бебе веќе ја трга марамата, јас сум го решила тој проблем со слинг марама ама повторно ако некој толку ми се загледа ќе се види горниот дел од градата и пак ќе може да мрчи дека е некултурно, примитивно.

    Со третото веќе верувам дека ме чека истото,со две деца кои ќе сакаат да бидат надвор ќе бидам во ситуација почесто да дојам во јавност.
     
    На girl-miri и Ethrnity им се допаѓа ова.
  7. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Кај прочита дека колнам де просветли ме.
     
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски


    Ддевојче Ти има болдирано со црвено.

    ***
    Иначе вие мајките сте како шкорчиња, а кажи некој дека му е гадно дека е според него е некултурно, без да се покриеш да го доиш детето, вие одма му се нафрлате. Постојат луѓе како што им се гади од крв им се гади да видат на некоја жена каде што му течи млеко од градата. А вие како мајки верувам дека сте сфатиле без разлика колку години имате, откако ќе родите дете да бидете позрели и да прифатите мислење поинакво од вашето. И голем проблем кога го споредувате доењето во јавност спрема различни места и генерации што сепак придонесува до косења на мислењата. Поинаков е менталитетот, во странство, поинаков е во Скопје, поинаков е во другите градови, поинаков е на село. И не можете да се споредувате, со вашите мајки или баби не само поради тоа што тогаш важеле некои други норми на однесување, туку и верувам дека некои од бабите и мајките живееле на село или в град. И уште една работа, ниедна мајка не е спремна да го дои бебето каде ќе стигне, постојат јавни места каде на мајката ни на крај памет не би и било да земи да го дои бебето(како на пример. на сред супер маркет или градски автобус или машко ВЦ...итн итн ). Па како што не би ги доеле каде ќе стигнете, верувам не и пред било кој, посебно не на маса додека другите јадат и тоа без да се покриете.

    Морам да спомнам дека споредбата на разголени тинејџерки и мајки кои дојат во јавност покриени е како да споредувате баби и жаби. И како вас тие вам ве засегаат? Како да знаеме дека и вие пред да се омажите и родите дете не сте се облекувале така, па сега тука изигравате многу прибрани? Не можеме да знаеме така?

    А дали може да се споредуваат мајки кои дојат непокриени пред други луѓе и разголени тинејџерки? Па не знам разликата меѓу длабоко деколте и мајка која дои не покриена е што едните гради ги крие дел од фустанот, а оваа другава која е целосно извадена ја крие главата на бебето.

    Е сега да споредам некоја разголена тинејџерка и мајка која го има тргнато бебето, а и е извадена градата и ѝ тече млеко од неа, извинете ама во тој случај тинејџеркава е попристојна.

    Сепак не знам колку ќе ми верувате, ама јас не се облекувам со деколтеа и кратки миничи, прво мајка ми нема да ме пушти од дома таква да излезам, второ кога ќе излезам сакам да се изнаиграм, изнапеам и убаво да си поминам, а не да стојам в место со 15ка штикла и да се прегледувам со останатите која што облекла, со кој се смувала со кој се фатила итн. Колку ќе ми верувате тоа е ваша работа.

    Исто така, факт е дека и покрај тоа што сте на породилно или сте во странство па немате со кој да се дружите, не мора на секоја која ќе каже нешто негативно за недискретното доење во јавност одма да ја напаѓате па и да колните, како таа да ви рекла нешто лошо или ви ги исколнала децата.
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    До каде отиде работава :o се се помеша,разголени,доилки,вакви па такви :tmi:

    И јас сум мајка знам како е,ја доив малата само два месеци за жал ми прекина млекото потоа.
    Првиот месец бевме во болница а 2месец дома,не излегував често поради ова причина-доење во јавност.
    Пред да одам на кратко надвор ја доев малата и излегував а потоа кога имаше потреба пак ке одев до во колата и таму ке ја надоив и сменив памперс.
    Стварно не разбирам и јас,зарем мора да се оди во кафич и со се бебе?
    Па што ке биде ако почекаш барем додека зарасни бебето па потоа да се оди по такви работи.
    И тоа зарем кога сме надвор мора да ја извадеме цела цицка и сите да не гледат дека сме доеле :tmi: стварно е некултурно непристојно...

    Кога веке мора да се одди некаде со бебе и кога се дои барем гледај да бидеш на страна и покриена :!: ем чисто ем културно.
    Не мора да видат сите каква цицка се има и како сме доиле,сепак мајка сме а и за бебето треба чистота и приватност,на крај краева Бидете и Дама и мајка :)
    Не е наменето за никоја ова!

    Ова е само мој став,не мора да значи дека кај сите е taka!.
    На крај краева секој нека си прави како си сака,негова ствар
    :)
     
    На vaga95, baby-star, bubamara12345 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^^OMG............сега сериозно ќе се занимаваш и со приватниот животна форумџиките, која била на породилно, која била во странство па немала со кого да се дружи цццццццц, а ти зошто на секоја и враќаш, значи ли тоа и дека ти немаш со кого да се дружиш???
    Свашта значи. :x

    Ако е на породилно значи има мало бебе кое не се чува само туку некој треба да го чува а и тоа ако сме по странство не значи дека немаме со кој да се дружиме, јас сум тука родена, цело семејство ми е тука, другарки, пријатели, комшии, си имам сокој да се дружам, немој да се секираш и да се потресуваш, а ако бирам дел од моето слободно време да го поминам на форумот тоа е мој избор нема потреба било кому да се оправдувам. :*

    Споредбата со мајка што дои и некоја што е поразголена, повторно нејзин избор да излезе од дома како сака да биде облечена е дека мајката доилка нема избор дали ќе го дои или нема бебето кога е гладно, тоа е потреба а разголеноста е избор.
     
    На ph.orhideja, Serafima и Ethrnity им се допаѓа ова.
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Се дружам со многу луѓе и сите кога им ја отворив оваа тема ми рекоа што очекуваш од жени што седат по цел дома и секое излегување им е луксус, па фала Богу на секоја која ќе каже нешто против нив ќе ѝ се врекнат. И сите рекоа дека би им се згадило ако некоја туку така додека јадат пред нив неочекувани извади града без да се покрие земи да го дои бебето, некои дури и рекоа дека би реагирале, кај персоналот или домаќинот. И ми се благодарни што ги известувам со какви се жени, мајки , зрели, незрели, дораснати, недораснати го делат воздухот. Тоа што од цел пост само неколку реда ти фатиле око и одма земаш да се бунтоваш е одраз на твојата зрелост или не зрелост, зрелоста не се гледа со тоа колку деца си родила и израснала туку како се однесуваш. Исто така е избор дали ќе се покриеш или не додека го доиш детето. :!:
     
    На missfortuna и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^Луксуз ми е секое излегување :rofl: :rofl: :rofl:
    Цццццццццц
    А зошто ми е луксуз, дај жити се објасни ми, пошто јас седам цел ден дома и немам појма што се случува со светот надвор, јас сум само една неука мајка која си ги дои децата надвор, нели кога тој луксуз ми е дозволен. |(

    Ајде да се смириш да ти кажам дека не го делиш истиот воздух со мене, а ни јас со тебе, 20.000 километри сме одалечени. 8)

    И зрелоста не се мери со тоа колку или дали ќе родиш деца туку со тоа какво ти е воспитувањето, местото во општеството, реализираноста во професијата, семејството итн а јас лично ете да не си се фалам ама на сите тие полиња сум реализирана и доволно сум зрела. ;)

    Никаде не напишав дека дојам без да се покријам и дома сум покриена за да дои малиот на раат ама колку пати да го напишам истото повторно ти ќе пишуваш дека го правам тоа непокриена и се гордеам со тоа. |(

    Две деца сум доела и никогаш не ми течело млеко, кај сте виделе и тоа, не ми е јасно ама нели кога го пишувате мора да е вистина, бидејќи личното искуство нема врска со тоа што наводно сте го виделе, како го направивте доењето како да само што ќе ја извадиш градата одма млеко тече, камо да беше така како што вие го замислувате а не колку што знаеме ние дека е и тешко а и напати и болно.
     
    На Moonglow, kaja11 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  13. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Што беше тоа кафич? (рече една мајка на 5 месечно бебе).

    Ти тоа сериозно дека мајките се по цел ден дома? Можеби ни на тераса не излегуваат а? Од каде ова ти се молам?
    Ако не излегуваа впрочем немаше да биде дискусијава на темава.

    **
    Имам бебе, го дојам (до сега во јавност никогаш), но морав да напишам, ме изреволтира ова „луксузната прошетка на една мајка„. И секое слободно време го искористувам за да излезам. Дали обична прошетка, дали на кафе или кај другарка на гости не е битно. Можеби не сум излезена и прошетана како порано, но излегувам секако во денот ако времето е убаво нормално.

    И баш ме интересира дали тие на кои што му ја покажа темава и твоите постови дали ти рекоа БРАВО ! Ги растури неизживеаниве мајки со празни аргументи?
     
    На bubamara12345, Moonglow и girl-miri им се допаѓа ова.
  14. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Зборот арам=срам нема овде ништо проколнато :lol:
     
  15. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    Не си валда сериозна???? Тебе очигледно толку ти е интересен животот што на сите пријатели им ја отвараш фемина и им читаш кој што рекол???? Па дури си им направила анкета да го кажат нивниот став. Еј баш ти фала што не обавести дека се гаделе и дека дури ќе пријавеле кај сопственикот!!!! Па дури си добила и благодарница за тоа што си им отворила очи со какви се луѓе го делат воздухот.(мислиш топла вода си измислила). Извини ама ова твоиве пријатели да не живеат во планина? Кој знае колку се само среќни што имаат пријателка како тебе што им ги посочува работите и им го просветлува животот.
    Аман бе девојче, ти очигледно немаш попаметна работа , ова ептен сериозно си го сватила, уште на секој кој што има поинаков став од твојот, обавезно бре реплицираш. Во ред е, го кажа твоето мислење во однос на темата и тоа е доволно, како си тргнала мислиш дипломска браниш.
    И Незначи ако си мајка по цел ден си дома, мислиш во стаклено ѕвоно те ставиле и дека излегувањата се луксуз. Точно не се толку чести, меѓутоа далеку се од луксуз. А и да се луксуз подобро тоа отколку неквалитетно поминато време со пријатели и оговарање особи од виртуелниот свет бе!
    И сум за доење во јавност, ја имам неколку пати доено ќерка ми, дискретно со марама!
    И едно инфо за оние гадливите: утре планираме да одиме на Водно, може ќе падне и некое доење...да неиспадне дека сум некултурна и не сум ве известила!
    Поздрав!
     
    На mal.ecka, bittersweet, artemidis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Мислам дека претеравте со темава. И јас не ги дојам моите деца во јавност ама доењето не го споредувам ни малку со секс или проституција. Некој овде претера со напаѓањето на мајките без разлика дали ги покажуваме дојките во јавност или не.
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.720
    Допаѓања:
    35.706
    Пол:
    Женски
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Коментарите под статијата се огледало на темава.

    Што да каже човек, освен - жени |(
     
    На bubamara12345, Nausicaa и Daydream им се допаѓа ова.
  19. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Доењето е здраво за секое дете. Тоа е извор на здравје, но никако не оправдувам доење во јавност и вадење ЦИЦКА на изволте. Цицка е сексуален дел од телото коешто предизвикува ерекција и будење на еротски мисли кај секое машко колку и да изиграваме неутралност. Мене ми е сосема непријатно да гледам доење во јавност. Не би сакал утре пола град да знае каква цицка има жена ми. Јеби га Балканец сум и уживам во тоа.
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.720
    Допаѓања:
    35.706
    Пол:
    Женски
    Се супер друже, ама изгледа на часовите по Биологија не си присуствувал инаку немаше вакви глупости да пишуваш |(
     
    На nevesta му/ѝ се допаѓа ова.