Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    212 глас(а)
    51,8%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    143 глас(а)
    35,0%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Три (битни) статии во склоп на темата:

    1) Фејсбук ја ревидира политиката на забрана, отсега фотографии со природно хранење на бебињата нема да бидат бришани и мајките ќе можат слободно да објавуваат фотографии на доење.

    http://www.independent.co.uk/life-s...to-nudity-and-pornography-policy-9532695.html

    2) Мајка добива масовна подршка заради доење на бебето. Интересно е дека во Англија постои закон којшто забранува дискриминација на мајките што дојат во јавност:

    http://www.independent.co.uk/news/u...breastfeeding-daughter-in-public-9184587.html

    3) Папата Франциск ги охрабрува мајките да ги дојат бебињата за време на крштевање во Систинската Капела:

    http://www.independent.co.uk/news/peopl ... 55379.html
     
    На cecilia, Moonglow, Ethrnity и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    За среќа сум присуствувал на часови по биологија и сум сфатил дека цицка е сексуален дел од женско тело коешто предизвикува машка ерекција и внимание т.е. предизвикува желба за секс. Јас многу добро знам дека дете треба да цица, али не на изволте во сред ресторан или парк.
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    Значи ти штом видис цицка- к*рот оп горе!!! И на мртва баба цицките, ќе ти створат ерекција? Е па друже имаш проблем со контрола на сексуален нагон. Се е до психа, како може глетка на доење да ти создаде желба за е*ење?? Имаш проблем дефинитивно! Видел цицка и одма се палел?
    И на крај краева на нас мајките ни е гајле за вашите ерекции! Бог да чува, вие луѓе бре не сте нормални! Не ми се верува за што се дискутира во темава!!!!!!!
     
    На Lolo5, mila25ve, calliope и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Јас не сум СИТЕ. Така да јас ако се контролирам и не гледам не значи дека друг нема да гледа. Денес е полно со педофили и демначи од сите страни така да не си давајте за право секаде да вадите цицка на изволте.

    Не се јас палам на тоа, туку кажувам каква реакција предизвикува ерогена зона кај мажите. И која е потребата жена да стави слики на социјални мрежи како дои? Себе презентација, привлекување внимание?

    Тоа е интимен дел на секоја жена, не мора сите да знаат и сите да гледаат кратко и јасно. Мене ми е одвратно и на плажа кога ќе видам така.
     
  5. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Psihologue да не бараш ти жена со златни цицки?!
    Како што знам сите се исти :)
    Баш ме насмеа со тоа да не знаат сите каква и е на жена ти. :D

    ***

    И навистина мислиш дека жена дои во јавност со цел да привлечи нечие внимание?! Неа бебето гладно и вришти таа се рассоблекла да привлечи внимание. Паметна теорија.
    Имаш голема смисла за хумор браво :D :D :D
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас ти ја сфатив логиката. Многу неизд*кани, суштества постојат, се палат на се што е женско, ама да те прашам тебе лично: би се запалил на една обична мајка која си го дои детето ? Привлечна слика ти е ?

    Второ е болдираното, прво ПРОЧИТАЈ погоре, во сите мислења, никој нема речено мајката да ја истави градата на изволте !
    Секоја нормална жена, при дадените услови се труди за што поинтимно доење.
     
    На Lolo5 и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    35.520
    Пол:
    Женски
    http://mk.wikipedia.org/wiki/Дојка
    Повели, просветли се.
     
  8. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    јас сум мајка на 3 деца и од лочно искуство ќе кажам дека не е пријатно доењето во јавност јас секогаш сум се снаогала или ке измолзам млекце во шише или ке дојам во кола во соба за пресоблекување но никогаш во јавно се согласувам дека градата не треба секој да ти ја види тоа е интимен дел од телото.и јас не сакам да гледам туги гради ни во кафич а уште помалку во ресторан додека јадам
     
    На DirtyQueen, baby-star, calliope и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    И ајде сега објасни ми ти или оние кои тоа го подржуваат, зошто додека го дои детето би ставала слики на фејсбук? Нели беше важно само детето да не било гладно? Или што сега? Тоа според мене е само една очајна желба за внимание и жално е што сакајќи да се експонираат ги искористуваат децата.
     
    На baby-star, bubamara12345, Emotional123 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Donna17
    Не барам жена со златни цицки, но барам жена со достоинство и која што знае како да се однесува во јавност. Не би сакал утре цел мој комшилук, другари, пола населба да знае како изгледаат цицките на мојата жена, затоа што тоа е интимен дел.

    Има такви жени што нормално не привлекуваат внимание, но има и те како такви што привлекуваат со се и сешто. Доење на јавно место пред куп луѓе е исто како рекламирање долен веш во сред град.

    Silver.Е
    Постојат неиздркани суштества, а постојат и такви коишто се прават дека не ги приметуваат таквите работи, но дома мастурбираат на тоа или едното око секогаш им забегува. Немој надворешната слика на човекот никогаш да те залажува.

    Дали би се запалил на некоја мајка која го дои своето дете? На секоја нема нормално, но некоја ако е убава, згодна и женствена секако дека би се запалил, но тоа е пред се затоа што е убава и згодна, а цицката е само вегета, зачин. Не секоја девојка во танга и цицки на изволте те привлекува на плажа, туку таа што е згодна и убава.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Пре, предлаку се замина. Навистина немаше потреба од вакви невкусни коментари. Можеби навистина некој бил сведок на доење кога мајката била непокриена, но дали тука е крајот на светот?! Дали е тоа една и единствена града која се видела гола во јавност?! Можеби веќе кажаа синоќа на вестите, а не слушнавме?! :wasntme:

    Што ако марамата падне од ветер, од самото тргање со рачињата на бебето, или можеби нема соодветно место за да се надои детенцето?!
    Да бидеме јасни, бебенцето навистина нема просторна ориентација дали се наоѓа надвор или внатре, него му треба храна или едноставно утеха, доколку би се исплашило од нешто или е едноставно нервозно. Е сега фактот, дека мајката е таа која ја има таа просторна ориентација, но да бидеме релани од искуство и од искуства на други кажувам дека тие движења на луксуз се лимитирани.
    Во овој период ( во периодот на доење) тие стануваат насушна потреба, кога треба да се отиде до маркет, до пазар, до лекар, да се земе свеж воздух макар и на пет минутки во парк... Пример јас не сум возач. Немам кола, па затоа морам да си ја стартувам количката и да отидам секаде со него. Свекрва ми е правена операција и не може да крева тешко (па да и го оставам на неа), сопругот на пат... кој мене ќе ми ги изврши основните потреби?! Треба да се отиде до банка, треба да се чека ред, треба да се отиде до лекар и таму треба да се чека ред, а бебето јаде на секои 2 часа пред да заспие. И навистина премногу се генерализираше, бидејќи не е секогаш она како што на прв впечаток изгледа.
    Додека седењто во кафич ( да ми простите на изразот) не само за доилките, туку за сите е луксуз. И во суштина јас искрено со моите можеби старомодни сфаќања, мислам дека кога поминувам покрај некој кафич буквално се чувствувам како да поминувам на рентген. Сите до еден ќе те измерат од глава до пети, сите ќе те искоментираат. Но, мал е бројот на личности на кои тоа не им е гајле, не им е гајле за соседната маса или за оној кој поминува, туку си го гледаат муабетот пред себе и му посветуваат вистинско внимание и почит на соговорникот. Целта на муабетот ми беше дека, ако секој си го гледа патот пред себе и му оддаде почит на соговорникот во кафич и го гледа во очи само него, а очите не му шараат лево - десно, тој сигуно нема да ја забележи доилката до себе, ни нејзината града, а ни онаа која е во парк и таму дои, ни онаа која е на лекар и таму дои...
    Навистина очите ни се дадени за гледање, ама простете и не за „зјапање’’ , така да секој нека си ја брка работичката ;) .

    Она што мене ми е јасно е дека искуството ја игра најголемата улога во серијава :wasntme: . Не дека станавме позрели со мајчинството и дека само ние сме во право, ама кога еден ќе бидете мајки сите ќе сфатите што сме зборувале. Бидејќи тогаш не вие, туку бебето ви го диригира темпото на живот.

    Од сопствено искуство...
    Измината недела поради потреба бев излезена и премногу време поминавме надвор, па на бебето му се јадеше и спиеше. Избезумена каде да го нахранам, на сред центар помеѓу сите продавнички и народ, дали знаете каде најдов разбирање?! Најдов разбирање, почит и внимание кај еден МАЖ, продавач. Ме засолни во својата продавничка, стоеше буквално на вратата додека го хранев тие 5-10 минутки. Сакам да потенцирам, дека кога еден маж најде разбирање дека доењето е насушна потреба за едно невино душиче, дека доењето не е нешто провактивно, „гадливо“ , навистина што можеме да кажеме друго. Навистина ми е жал кога читам коментари од ваков тип. Кога еден ден повеќето или сите ќе бидат мајки, а ние доилките понекогаш наоѓаме повеќе разбирање од мажи, од нашиот спротивен пол, а нашиот сопствен пол тоа не го сфаќа :( ...

    Градите како сексуален атрибут во самиот чин на доење...
    Никој не ни е крив, верувајте до мозокот ни е. Ние си ги извртивме (човекот) перцепциите конкретно за градите дека ти се еден вид на “важен „ сексуален атрибут и оттука излегуваат сите овие коментари. Само не за џабе само жената ги има и затоа точно се знае нивното значење. Затоа и Господ ги создал кај нас, да родиме, а потоа да храниме со нив.
    И на крај на краиштата се знаат (да ми простите на изразот) кои се вистинските делови на телесно соединување на жената и мажот, а овие не мислите дека некако се одвишок во ситуацијава?! :$
    И кога порелно би анализирала, сфаќам дека ние поеманципираните сме многу далеку и од оние во Африка што се племињата. Тие можеби повеќе од нас го сфатиле значењето на женската дојка. Дека тие служат како извор на храна, па и затоа не му посветуваат многу внимание на покривање на истите.
    Ова не значи дека и ние не треба да се покриваме, но го споменав ова бидејќи ние ги сметаме за заостаната цивилизација, а тие ја сфатиле нивната вистинска суштина и повеќе од нас. Да не бидам погрешно сфатена, ова го кажувам како пример на вистинската суштина зошто ни се градите.
    Во ред е и сфаќам, сепак секој си знае. Ако така си ги перцепира истите, нека продолжи. Нивен став и размислување, не им се мешам, само не можам да разберам што има толку провокативно во тоа да се види мајка која дои кога тоа веќе е насушна потреба на едно бебе. Само најсигурен е фактот дека некои личности не си го гледаат патот пред себе и не си се занимаваат толку со себе колку со другите, па оттука излегуваат оние т.н. „зјапачи’’ од ништо друго верувајте ;) .

    п.с. Да бидам јасна, овде се зборува за можеби еден и единствен пат на невозможност на снаоѓање на мајката за на мир да си го нахрани своето дете. Сигурно не излеговме сите во паркови и на јавни места да вадиме гради за сите да ни ги видат. Господ да чува |( :x !
     
    На Lolo5, Srekicka, vinozito1 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ваљда од иста причина што ставаат слики кога детето скока, оди, трча, игра со другарчиња, јаде итн :).
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Епа не е убаво ова да се гледа ама ич, ама и не може да се осуди секоја жена што го прави тоа. Ама има многу безосетни жени. Пример што сум го видела јас: Жена искача од кола и во одење си го дои детето. Тоа ок е?
    Не можеше да почека да си го најаде детето?
    Не можеше да се покрие?
    И ај не правете 1000 сценарија ова може да се случи, она може да се случи.
    Точно, не е крај на свет ако некоја мајка дои дете и ако жената се обидела да се покрие, а детето ја повлече марамата или некои такви сценарија, ок ај да кажеме се дешава.
    Ама сеа без да се обиде да се тргне некаде на некое место каде нема апла ци*ки на мегдан да вади, не е ок.
    А за тоа на фб, Самерка убаво кажа. На тие не им е целта само да си го најадат детето, туку се очајни за внимание, а тоа не е исто како кога од мерак ставаш слика од детето како си игра или во некоја слатка поза.
    Секој со свој памет, на тие што не им е гајле како им е на другите додека тие седат со извадена, и после оваа тема нема да им биде гајле, како на пример на тие што дојат по автобуси или на отворено каде има многу народ.
    Воглавно муабетот ми беше, зависи од ситуација и од услови. Кога ептен нема услови, сеа, што е- тука е, детето навистина неможе да седи гладно, ама треба да се побара барем малце подискретно место за тоа да се прави.
     
    На babyblond и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    [​IMG]
     
    На babyblond, sajonaramucaca и feminium им се допаѓа ова.
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Пред да станам мајка имав едно непријатно искуство со доењето во јавност. Со мм бевме дечко и девојка и со неговото друштво (6 машки и едно женско) одлучивме да одиме кај еден негов пријател чија жена беше тазе породена. На сред муабет бебчето почна да плаче и жената ни пет ни шест си го истрга прслукот и си ја истаде градата да дои. Другарите на мм не изреагираа јавно ама се виде дека им е крајно непријатно, кој се помести, кој се накашла, едниот го чеша увото , другиот носот... И сега како мајка на две деца не го оправдувам тоа. Е тоа е според мене невкусно доење во јавност кое мислам дека на ни еден од форумов нема да му се добадне
     
    На mila25ve, babyblond и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Кое црно доење во јавност кога жената си била дома, Бог да чува и да брани. :x
    Кај сте им отишле цело друштво дома кај тазе породена жена па уште ја оговараш што замисли во сопствениот дом си доела, што очекувавте вие дека тазе породена жена ќе прави освен што ќе дои, ќе ви пее песни, ќе ве двори 7 души. :x
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    А зар било толку тешко да отиде во друга соба? И како го напиша дека божем тие отишле сами на врата, им упаднале туку така, да, сигурно не ги поканиле..И да, доење дома е, ама доење пред гости е.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Прочитај и го постот на анина, пишува одлучиле а не бевме поканети, а самото искуство ми кажува дека ниту една тазе породена жена не поканува 7 души друштво на сопругот.

    И да во сопствениот дом ќе си дои каде и е пријатно а на тие што не им одговара не мораат да идаат на гости.
    Плус од знаеме дали имала и друга соба можеби само таа соба им била, да не требало да чека да си одат гостите па да си го надои бебето?
     
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    И мене некако ми е чудно тоа со објавувањето на фб. Факт е дека и да е покриена и да не е нема да и се гледа цела града на мајката, зависи како е сликана, од кој агол. Ама сепак повеќе би сфатила ако тие слики се постираат на некоја група, која ги поддржува и потикнува мајките да ги дојат бебињата или воопшто за доењето.

    Не заради нешто друго туку, како тргнала работата, некои мајки имаа пишувано на форумов или во некоја колумна прочитав дека некои мајки до толку си зеле слобода што ги сликале употребените памперси, пелени на бебињата и пишувале коментари во стилот „Некој направи торта“, „Еве што каквме денес“ :puke: итн итн... Што е малку повеќе бизарно. Што би било следно, сликана града и коментар „Еве од каде папавме денес“, „Не ни треба млекце од кравичка оти има мамичка...“, „Ниедно млеко не е како тоа на мама“... Мислам стварно претерано. :fubar: :tmi:

    На крајот уште како излегува бебето од вагината слики да ставаат, што нема да биде новост кога почнаа цели видеа со пораѓаи во природа да постираат, што е претерано бидејќи има и малолетни на фб :x За тоа како го правеле има соодветни страни, и за среќа фб не можат да постираат такви работи.

    Не мора да важи ова за сите мајки, ама има секакви мајки и татковци по социјалниве мрежи. :!: Како што го сликале тестот за бременост, па мешето, па пред да останат бремени се сликале со секое парталче што ќе си го купеле, па што јаделе, па со кого биле, па каде биле, па како се чувствувале... Што стигнале дури и употребените пелени на бебињата да ги постираат. Сфаќам првите чекори на бебето, па првата играчка, па првата насмевка, па првите зборови да ги снимиле на бебето, ама некои работи се навистина претеризам.

    И штом се одобри една работа како доењето, сигурна сум дека ќе се ослободат некои мајки со фикс идеи и ќе го преплават интернетот со колку пријатни со толку и бизарни работи. Се надевам не сум во право.
     
  20. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Аман па мислам дека од инает за да докажете дека доењето во јавнот е во ред би ја оправдале секоја ситуација и би изеле кило сол. Пак нагласувам дека не ги осудувам тие кои дојат ама сепак треба да се има граница. Одиш на половина час да однесиш поклон за детето и да направиш чест и на 7 мажи па да им ја покажеш цицката мислам стварно нема смисла. Од 50 соби може да се скриеш во една и да го надоиш детето дискретно. И што ако била дома, тоа јас го сметам за јавно доење. И јас кога дома ќе ми дојдат блиски пријателки или мајками и сестрами, дојам пред нив ама кога доаѓаат пријателите на мм или неговите колеги не ни помислувам да ја извадам градата. Да доењето е физиолошка потреба за бебето ама па и вршењето нужда е физиолошка потреба па не го превиме пред 100 души
     
    На Isabel, baby-star, calliope и 8 други им се допаѓа ова.