Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    213 глас(а)
    52,2%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    141 глас(а)
    34,6%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,7%
  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.366
    Допаѓања:
    200.747
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто го нема линкот, но веројатно е избришан. Ги има на http://www.mama.lamol.net.
     
  2. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Сум се згрозила во повеќе ситуации каде се случувало да бидам на родендени,гости и слично и сега гордата мајка на маса каде има храна ,повеќе собрани луѓе и свекор и свекрва и блиски роднини и деца ја вади и дои пред сите ...мислам дека навредено се чувствувавод појавата ,многу вулгарно,некултурно делуваше што не ми се пријади било каква храна два три дена на вода живеев после тоа ...Доколку се гордееш со тоа што си мајка не мора да ја извадиш и да ти ја гледаат сите колкави ти пораснале после пораѓајот ....Јас никогаш не би доела во јавност и доколку се мора тоа на најдискретен можен и најнезабележителен начин би го направила тоа, мене лично ме асоцира прво на порнографија и фетишизам ова покажувањето на гради пред сите останати ......Бљак...... :tmi:
     
    На oceangirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19
    Фала ти многу. Супер е 8)
     
  4. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Ако ти си тип на девојка/жена на која не и е проблем половина град да и ги види градите тогаш тоа е твоја работа. Цицките се интимни делови, во спротивно сите би оделе топлес по улица!!!
    Бебето не е посилно од тебе па да дозволиш да ти ја тргне марамата :!:
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Вакво нешто не можам да разберам.Како може доење на бебе на некого да му асоцира на порнографија ?
    Доењето е еден прекрасен чин ,возвишен ,во кој уживаат и мајката и бебето,притоа создавајќи една преубава нераскинлива врска.Што е тука порнографски?Каде тоа се случува? Не можеш бебето да го програмираш,да му дадеш да цица дома,а после ти да го шеташ.Поготово затоа што многу бебиња во непозната средина реагираат со плачење и ја бараат градата на мајката да се смират.И јас од претходно горе напишаното разбрав дека не треба да се дои на јавни места,затоа што се покажувале градите?Епа вака да ви кажам:Доењето не е покажување на гради,туку е ХРАНЕЊЕ НА БЕБЕ,мислам дека треба да се разграничи.
    Јас сум ги доела двете деца во јавност,тогаш немаше вакви марами,но секогаш сум имала наметка,ќебенце ,за да се подпокријам и да може бебето на раат на да си цица.
    Мислам дека има други начини жената да си ја покаже својата женственост и други места за еротика,но сигурна сум дека доењето не е еден од нив.
    Нема ништо срамно и непријатно да се дои бебе каде и да е,мислам дека повеќето мајки ќе се согласат со мене.
     
    На Lolo5, DeMelo, AngelGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Онака дискретно со марама или ќебенце е во ред. Сега неможе па жената да се затвори дома и да не мрда додека дои.Јас лично би шизнала од нервози. Нема шанси.Но уште помалце има па да им ги сервирам моите градите на танцна на светов. Мене тоа ми стои крајно непристојно, шо знам, бап сега градите од надвор и шибај мали.. :shake: Си има начин и места каде бебчето ќе си се напапа а никој нема да те гледа вака :^) или па недај боже вака ^_^ .
     
    На Offspring и sunnygirl им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    64.745
    Пол:
    Женски
    Е добро на основа на што заклучи каков тип на девојка сум,затоа што не ми смета нешто најнормално како доење во јавност испаднав и неморална девојка :rofl:
    Разликата помеѓу шетање во јавност топлес и доење во јавност е за првото може да бидеш приведена од полиција за недолично однесување(indecent exposure),а за второто можеш да добијеш само намрштени погледи од неуки луѓе!!!!!!!!
    Единствена причина зашто ние женските воопшто и имаме гради е за да еден ден кога и ако одлучиме да имаме дете е да можеме истото да го прехраниме,затоа служаат.
    Како и да е мене лично ни најмалку не ми смета доењето во јавност,и утре ако и самата станам мајка доколку има потреба од тоа ќе си го надојам детето каде и да сум.
    Добив впечаток од повеќето коментари дека мајка доилка е бетер од некоја со чума,треба да се затвори во четири ѕида и да не мрда од дома.
     
    На Lolo5, Annath и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Јас баш се разнежнувам кога ќе видам некоја мама како си седи во парк и го дои бебушот. :$
    Воопшто не ми делува перверзно или невкусно, бебе е му се јаде, зарем да се крие жената.
    Повеќе ме иритираат старци што си го трљаат меѓуножјето на се што има долга коса и две нозе, а мајките со извадена дојка воопшто не ги доживувам како сексуален објект.
     
    На Lolo5, Phyramide, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Зборот мама доаѓа од латинскиот збор mamma што значи града,дојка. :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ниту мене не ми смета. Баш напротив мило ми е и убаво кога гледам дека некоја мајка си го храни милото човече што го носела девет месеци во својот стомак. Јас имам неколку пати приметено и баш си викам леле и јас некогаш вака. Ама културно си ги хранат дечињата и се смешкаат и ги гушкаат. Навистина не знам како може некој тоа за порнографско да го смета. Па жената не игра стриптиз :lol: И во рамстор имам видено ... Толку беше мало и слатко човечето и се најаде и цело беше со млекце околу устето ... душа бе душа како да го остави мајката да плаче и да биде сиротото ненајадено а сите околу него џвакаат :D
    Сепак тоа си е мое мислење. Греота би било на ова време да се затворат мајките дома и да не ги прошетаат децата,бебињата. Па тие мали сонца немаат темпиран часовник. Сега сакаат сега неќат да јадат.
    А мајките мора да слушаат :D Да се знае кој е главен :rofl:
     
    На Lolo5, НаталиЛили, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  11. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Зборував за целосна изложеност на градите без прекривање и без респект кон другите тоа ми е неприродно ,а останатото е ок ..со марами и тн итн ......
     
  12. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Таман работа ако мајката не излегува од дома додека дететото цица, тоа е многу долг период, и јас не кажав такво нешто...не се разбираме.
    Јас подржувам доење во јавност ако се врши дискретно (со прекривка), ниту на мене да ми е незгодно некој да ме гледа, ниту пак на други да им правам да се чувствуваат непријатно и да тргаат поглед, или да зјапаат како да не виделе гради во живот.
    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Нема ништо срамно во доењето,... ама мислам дека е малку претерано без покривка и слично.... еднаш една жена доеше во воз,... бог да чува, возот преполн, во купе по 15 души.... она бап, си ја извади,... детево со заби, сигурно имаше 2-3 години :lol: сите мажи беа вакви :geek: ... еден дедо не престана да се облизнува,... кутриот... :rofl: така да.... иако мајките немаат задна намера, луѓето ќе си бидат луѓе ;)
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Никој не вика дека треба мајките да седат дома, нормално дека треба да шетаат, јас би полудела со месеци од дома да не мрднам.
    Ама решението не е да дојам на улица или насред трговски центар и сто луѓе да ме гледаат.Ќе се повлечам на страна или најубаво ќе си ставам ваква наметка и волкот сит и овците на број.
     
  15. petii

    petii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    да и јас сум за тоа дека иако е тоа храна за нашите деца не треба да се претерува со тоа да доиме во група на луѓе ќе се повлечам некаде на по мирно место .
     
  16. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.689
    Пол:
    Женски
    Не станува збор за демонстрација, може да се направи и дискретно, со шамија на пример. Најважно за мене е детето да добие она што има потреба. Мислам дека оние кои се възмущават од доењето надвор, покажуваат лажен морал и споредбата со сексот е апсолутно неудачно. Главната биолошка функција на градите е токму доењето. Парадоксално е тоа што овој дел од женското тело се користи често во реклами на различни производи, и тоа се прифаќа сосема нормално. Доењето е природниот начин на кој бебето може да биде нахранено и истовремено со тоа да му бидат обезбедени сите корисни материи, од кои има потреба за да се развива. За да избегнат непријатностите, многу мајки сакаат да се скријат, кога дојат надвор. Но такво место не секогаш се наоѓа. Од друга страна, сама мајка со бебе на раце и отскриена града, е потенцијална жртва на насилници.
    За да одлучите дали да доите на јавно место или не, најдобро е да го следите правилото - најважен е личниот комфор, не што ќе кажат луѓето...Тој дефинира мирот како на мајката така и а доенчето.Секоја нервоза и загриженост од страна на жената се пренесува и на детето. И наместо доењето да дејствува и како смирувачка терапија, се случува токму спротивното. Доењето е многу личено, посебна врска меѓу мајката и бебето. Убаво е да и уживате, без да се грижите од надворешни фактори. Одлуката дали ќе доите на јавно место или не, мора да биде донесена по детално запознавање со предностите и негативностите од него. Поддршката на семејството, педијатар, пријатели и познати исто така е особено важна.
    [​IMG]
     
    На Lolo5, tessie, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.809
    Допаѓања:
    110.691
    Пол:
    Женски
    не сум мајка, се надевам дека ќе станам наскоро, но мене ми е непријатно кога некоја бесрамно ќе ја извади дојката пред луѓе и дои. Имам другарки мајки, имам и внуци и ситекога долеме околу мене кога сме излегувале носеле издоено мајчино млеко во шише или пак оделе во кола за да ги надојат бебенцата. Јас лично не би можела да дојам во јавност зашто сметам дека на детето цица му реба мир а не гужви од улица и смог и чуда. Но не ги ни осудувам оние жени кои се оеќаат слободно да дојат во јавност. Сепак сметам дека доењето е интимен чин, кој ги поврзува мајката и детето а не е само обично хранење и као таков не требад а се изложува толку во јавност.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    jas sum si go doela bebeto vo javnost,no toa bilo diskretno ,nekade kade sto nema minuvaci ,duri mi se slucilo da moram da go nadojam i vo kafic no podzaskrieno znaci diskretno mislis bebeto spie zosto imam mali gradi pa ne se primetuvalo mnogu ahhaha, sum za doenje vo javnost zatoa sto toa e bebe nekogas e neizbezno no na vkusen i diskreten nacin,a ne sega so cickite na megdan site da te gledaat.

    [mod-kirilica:3ookktlj][/mod-kirilica:3ookktlj]
     
    На mamence му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mamence

    mamence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    45
    Јас во моментов дојам, и се согласувам со повеќето дека доењето во јавност треба да е дискретно...
    Истото го правам и јас,(за да си продолжам со прошетката или кафето на раат), задскриена од љубопитни погледи...
    Но тоа да доиш пред свекор и свекрва, или така да ги стаиш цицките на маса скроз разголени, ми е стварно несфатливо, и сепак мислам дека не е само до доење тука, туку дека мајката сака намерно да си ги покаже градите или сл...
     
  20. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    немам ништо против доење во јавност но сето тоа да биде во рамките на нормалата,дојката да биде скриена со беби сленг марама,или пак крај краева со обична шамија,да се биде на подискретно место или сл.Но сепак неможам да ги разберам оние мајки,кога ќе одат некаде на гости и сега дошло време за доење и оп вади цицката и пред сите тука си ги дојат децата.Па мајка му стара,кај секого ако не повеќе има барем 2 простории,па тргни се :envy: Искрено јас ги немам доено моите 2 девојчиња ( од здравствени причини) но имам снаа која има 4 машки деца и сите ги има доено,притоа изгледаше многу невкусно.Пример,ќе дојде кај нас на кафе и ќе си ја извади баш онака на сред маса,пред други луѓе или мажи и ќе си дои.Ај остај тоа па и уште и цигарата и е во уста и си дои :envy: Како ми се идеше да ја треснам од земја секој пат. :envy: