Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    212 глас(а)
    51,8%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    143 глас(а)
    35,0%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Зошто инает?
    Ти ако мислиш дека не е во ред доењето во јавност, не значи дека сите треба да се сложуваат со тебе.
    Ако за тебе не е во ред, за мене е во ред, не значи дека се инаетам или дека ќе изедам кило сол за инает, како си го браниш ти твојот став така си го бранам јас мојот, plain and simple. :?:

    За вториот болд што да кажам, срамота како мајка што го споредуваш доењето со одење по нужда. :swear:
     
    На Lolo5, ph.orhideja, ozbilnazena и 3 други им се допаѓа ова.
  2. macy28102012

    macy28102012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сум за доење во јавност и сеуште ја дојам ќерка ми, иако има 15 месеци. :D А тоа дали некому му пречи или не, воопшто не ме засега мене, исто како што и мене не ми пречат девојчиња невкусно облечени, со градите 80% излезени од маиците, кадешто освен брадавиците, друго се е излезено во јавност. ;)
     
    На Moonglow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.330
    Пол:
    Женски
    Најбитно во муабетов е што цицката била покажана пред дури 7 мажи. Небитно што жената си била дома, бебето било гладно. Кој ги врти нив, цицка пред 7 мажи не се покажува и точка |(
    Па уште и ред во туѓа куќа ред ќе ставаме, во друга соба да одела. Зошто? Бидејќи тебе ти смета? Затоа е во ред да се крие по други соби ко да е најтежок криминалец? Или за мажите е? Да не гледаат голи цицки и да се палат ко млади недозреани мајмуни? Срамота е, што ли е?
    Не знам како досега не разбравте една работа: ако вам ви смета доењето во јавност не го практикувајте (ете ти не доиш, никој не ти рече зошто и како) арно ама оставете ги другите на кои тоа им е сосема нормална појава да си дојат во јавност, а ако вам ви смета не гледајте. И волкот сит и овците на број. Не знам само зошто е толку тешко? Навистина? :^)
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    По 100ти пат објаснувам дека јас немам ништо против тоа. Мене цицката не ми е поим кој означува секс или слични глупости. Ред не воведувам во ничива куќа ама кога истите луѓе ќе дојдат кај мене дома јас не ја дојам ќерка ми пред нив, туку се повлекувам настрана. Не го споредив доењето со нуждата буквално туку со физиолошките потреби. :fubar:
     
    На makedonkamak, babyblond и tessie им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.330
    Пол:
    Женски
    ^
    Е добро де, ти не доиш пред други луѓе. Така сметаш дека треба. Остави другите да прават како што тие мислат дека треба, а не на форум да се оцрнува мајка која само си го надоила бебето. Ти ги спомна мажите во муабетов, нели не се вадело цицка пред 7 мажи. Ти така гледаш на тоа, ама на некој друг на пример ни на крај памет нема да му падне дека има мажи, туку само дека треба да си го надои детето. Simple as that :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Чудна работа сите се фатија за фб а никој не ги искоментира другите две статии, очигледно е со кого се води дискусијата.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Ако било зима и само во таа соба имало греење, можела да седни на друго столче свртена со грбот и да го надои бебето. Јас не знам пред татко и пред брат,пред било кој машки член од семесјтвото како не би ѝ било срам туку така ноншалантно да извади града, камоли пред другари на сопругот. Ако било потопло можело да оди во друга соба. Единствено ја оправдувам бидејќи е кажано дека било пресно породена, ако била шиена, па не можела да се движи, ама и тогаш можела да го замоли сопругот да и донеси нешто да се покрие. Освен ако постои некое правило, штом одиш кај мајка која има бебе на гости, биди спремен/спремна да извади града пред тебе, тогаш добро да си знаеме. А за болдираниот дел имам да кажам дека баш тој делот дали на крај памет и паднало дека тоа ќе го направи пред седум мажи или ја фатило паника оти бебето плачи, е показател до каде е нејзината кутура и самоконтрола. Бебето и така ќе плаче се додека не почне да цица и дали ќе плаче 10 секунди плус или не , додека мајка му се потпокрие или отиде во друга соба нема ништо да му смени ништо, ама многу кажува за мајката како личност и како ќе биде поставена во однос на детето во иднина.Што утре истото дете, ако ја земе најскапата играчка во продавница и ќе се истреска од земја од плачење, веднаш ќе му ја купи, без разлика дали може да си дозволи толкав трошок? Или ако му се примочка каде било ќе го остава да се мочка или ќе го однеси зад најблиската грмушка(ако има грмушки во ред, ако нема никому ништо, не сакам да се отвора дискусија за ова)?
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Не беше толку таза породена :D 1 месец имаше сигурно. Јас се породив со царски рез а кога си заминав дома почнаа да идат еден куп луѓе уште истиот ден. Едвај станував и не можев да одам до спалната горе да си го дојам бебето ама барем ќе одев на другиот крај на собата или во кујничката па ќе се завртев со грб и плус ќе се покриев (иако ме болеше премногу раната) Јас истиов муабет и го велам на истата пријателка и и викам добро како можиш така не ти е непријатно? И таа ми вика „Е сега како да не ќе сум одела во друга соба, ми е гајле“ Муабетот ми е дека не му е на секого пријатно да доиш пред него. :)
     
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Од едно доење во јавност сте стигнале до секс и проституција.

    И баш тој интимен дел за кој се фативте ви смета и е гадно за око само кога е во гладната уста...
    А не ви смета истиот тој интимен дел кога ги пафтате и цел град ја знае големината на вашата пупка.
    Голотија има на секој чекор.
    Па кој курац бараш да гледаш мајка доилка - гледај во тој до тебе.

    Се пали, му се дига од една млечна дојка - јеботе, а тек кад видиш пиииии.
    Светско а не и наше- доењето е подржано во светот без дигање на курац или гадење.
    Било да е во домот или надвор од него. Но, ние далеку сме од светот...
    Ама на уста алапача сме на прво место.
    И, ич не ми чуе кој ќе превртува очи :)
    Не сум мајка доилка - моите пијат нешто пожестоко :)
     
    На Lolo5, mila25ve, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Епа сега , според тоа се гледа до каде и е воспитувањето и културата. А во вакви моменти и преку вакви работи се гледа.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.902
    Пол:
    Женски
    Многу ти е интересно името, иако не делуваш така. Прво и основно, најчесто на мајки доилки градите воопшто не им изгледаат привлечно, не се онака мазни и цврсти какви што се на девојките во магазините на кои вие мажите си го олеснувате сексуалниот нагон. И баш сакам да видам како тоа ти не се вртиш позади некоја млада теткица со голи гради на плажа, ендемски вид си, нема што, јас се вртам покрај такви а не па машко. И за крај, цицка воопшто не е сексуален дел од телото, очигледно Биологија не ти била најјака страна во основно/средно.
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Земја каде сончање топлес во Охрид е прва вест на сите портали и социјални мрежи е сосема нормално да има „проблем“ со доење во јавност осносно покажување женска града. Очигледно воспитувањето и менталитетот си одиграле улога а јавноста воопшто не е заинтересирана за темата така да останува на мајките да се снаоѓаат како знаат и умеат.

    Инаку во право си, другите две вести беа многу побитни за дискусија :)
     
    На Lolo5, calliope и An-na им се допаѓа ова.
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    И ајде, не се докажавте, со кого се води дискусијата? Другите две беа побитни, yet таа за Фејсбук прва. Добро. Еве јас, не гледам зошто би коментирале за доењето во јавност во странските земји, кога цело време дискусијата си се одвива за доењето во јавност овде, во оваа земја. И еве, јас конкретно си побарав одговор за првото, валјда штом е напишано, може и за него да се дискутира.
    А туку да, сега ќе го свртите муабетот накај тие две вести, бидејќи секако ни тој што го напиша постот, ни тие што му го лајкнаа одоздола сеуште не дадоа објаснување на моето првично прашање :)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    35.330
    Пол:
    Женски
    ^
    Дали навистина сметаш дека твоето прашање заслужува одговор? И дека некоја мајка сега ќе тргне тебе да ти објаснува зошто става слики на ФБ? Сериозно? А зошто би ти објаснувала на тебе, или на било кого друг? Дури и скроз гола да е на сликите, нејзино право бре, не знам како не сфаќате. Твое е дали ти ќе ја окарактеризираш како некултурна, вулгарна или како некој кој е желен за внимание и кој сака да се експонира |( :^) (смајлиштосекрсти)
    Еве Хман се потруди претходно да ти одговори, а твојата реакција беше навистина достојна за дебатава и за сериозна и возрасна личност.

    И џабе ви се сите овие хајки против доењето. Не верувам дека некого предомисливте или пак усрамивте. Вие продолжете да не доите во јавност, ние останатите кои сме ете некултурни ќе си продолжиме да доиме :rock:
     
    На Lolo5, bittersweet, junacinamama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас баш мислев и да си прашам, како годи од една страна да се мешаат англиските закони против дискриминација во темава, а од друга страна кога запнав на другата тема за деца по кафичи како не сум видела да прават пакост и беснеат неконтролирано а таму ескалирани примери до сто и едно, добив, ама ти не знаеш како е во Скопје. :!:

    Инаку досега во земјава немам забележано мајка да дои во јавност. И покрај тоа што еве и закон ги штити против дискриминација. Две доилки имам видено како дојат во јавност но не во земјава. Или тие ептен се дискретни и кога не мораат еве, или пак јас сум ќорава па не видам :^)

    Цицки на мегдани, пупки, оделе и доеле, млеко течело, се молзеле несовесни невести пред очите на премногу осетливи млади жени. Да не знам од каде доаѓам, и да бев малку повеќе љубопитна, ќе ме заинтересиравте да дојдам и видам што феномен се дешава на Балканот. :?:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Да не забега малку?
    Ова што почна да го пишуваш е ван контрола!!!
    Ајде сега како што знаеш да искоментираш најди ја статијата,заедно со сликата и сподели ја јавно да видиме
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.923
    Вчера бев на море, 50 посто од жените беа топлес, стари, млади, со виснати дојки збрчкани, убави, со вени испакнати, силикони, секакви. Бирај дали ќе ти се дигне патлакот или ќе ти дојде нагон на повраќање. Ако им се загледаш повеќе од потребно едно од тие секако ќе се случи. Но ако им фрлиш само еден брз поглед затоа што ти дошле во видик и продолжиш со твоите работи ниту ќе ти се згади ниту ќе ти се дигне. А после пар гради, веќе не ги ни регистрираш и пред нос да ти се.
    Затоа мислам дека толку е актуелна темава, затоа што многу ретко, ама вистина ретко гледате жени кои дојат пред вас, па нормално ви доаѓа како шок и веднаш профил за нив, прости, некултурни, необразовани, па бејбиблонд гледам до гомна на фб стигнала од што не знае веќе што да каже а сака упорно во дискусијава главна да е.
    Знам дека ако одиме на плажа полуголи не значи дека и на сред град или на гости треба така да одиме, ама ако си ставиш во глава дека доењето во јавност е нормално, како што е нормално да се оди на плажа по купаќи, тогаш полесно ќе е и за доилките и за останатите околу нив. Ти немој да доиш ако не ти е пријатно, но остави им избор на другите без да им судиш строго, затоа што не е работава за судење.
     
    На Lolo5, Silver.E, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Цицка е ерогена зона кај жените, не за џабе мажите се палат на истите цицки.

    Јас знам како изгледаат гради на мајки доилки, но убава и згодна мајка секако дека ќе привлече внимание, затоа што пред се е убава , а цицките се само вегета. Вие заборавате дека сите мажи не се исти. Некој тоа не го приметува, но повеќето го приметуваат, а има и такви што се прават дека не го приметуваат, но и те како го приметуваат. Испод мира триста вира.


    Јас се вртам на секоја убава и згодна жена, но тоа го правам на дискретен и културен начин, но не се вртам секогаш и секаде. Тоа зависи и од расположението. Уживам во убавината на жената, но не секоја жена е убава и згодна. Така да повеќето на плажите не ги ни приметувам воопшто. Дискретно доење на дете на јавно место оправдувам до некаде ако се нема избор, но да вадиш цицка на изволте само да покажеш дека си урбана и дека те боли дундата други што мислат мислам дека е невкусно и те како. Јас тоа на мојата жена нема да го дозволам сигурно. И тоа соблекување топлес на плажи е глумење лудило ништо повеќе attention whores како и носење прозирна облека со долна облека на изволте. Таа mainstream порнографска индустрија си го чини своето.
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.644
    Пол:
    Женски
    Ти psihologue ја премина границата во темава. Нема да и дозволел на жена му да дои бла бла, немаш бебе па незнаеш, дај Боже да дочекаш па да видиш како е да ти плаче бебе надвор за јадење па нема ни збор да кажеш
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    ај ти прво види доилка која јавно дои, па ќе правиме муабет!
    баш да ни раскажеш колку се попали по неа и нејзините цицки ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.