Фрчат, фрчат хормони по темава. Не мислам дека ерогена зона значи она што мислиш дека значи. Што има врска ако се градите ерогена зона? Да не ќе се возбуди жената од бебето што ќе цица? Фалбите за твоето дискретно зјапање по згодни мамички немаат врска со ова, ама зар мислиш дека жената и бебето ќе ти бараат дозвола кога и каде да се хранат? За топлес си има друга тема, гладта на бебето не е attention whoring, уште помалку пак заслужува да се најде во иста тема со мејнстрим порнографија, втф... По пишаново, испаѓа дека доилките ко на Симс застануваат кај им текне, ваѓаат цицка и дојат. Јас никаде немам сретнато такво нешто, т.е. дали 2-3 пати и сум видела доење во јавност, ама тие неколку пати биле сосема пристојни, покриено и без зјапање од страна и кревање галама. А и не мислам ни дека кај нас ова доење е толку застапено колку што се форсира на темава дека е, само колку да испадне дека една страна е во право. Манијаци фрчат насекаде, ако тоа е главното за загрижување, а не е, туку е сељачкиот менталитет што се исмева на гради извадени надвор поради нужна потреба, а се лигави по оние што без срам ги прчат за внимание...а некогаш и не се многу попокриени од голите. Оди, па најди логика. Манијакот може да го суши и на гола, во бурка, на оревче, или на града до папок, тоа врска нема. Сликите лично ми се глупост и сметам дека треба да си останат во приватни албуми за спомен и споделување само со најблиските, ама Боже мој, таму не верувам дека некој ја коментира градата, за разлика од соголените деколтиња што плачат за его-буст од простачки коментари.
Бејбиблонд,ај смири се и скулирај малку,не знам што толку се фрлате во оган за теми кои "као" богзнае колкаво влијание да имаат во живот на било кој од нас,освен на актуелните доилки.Не гледаш секој ден по 10 жени со градите на мегдан надвор,па колку сакаш убедувај во тоа.Една непријатна слика си видела во некој ресторан(деталите малку дубиозни се,ама ајде ,те држиме за збор),и тоа е тоа..Ке ти помине стресот,ду нот вори..Нервирањето штети на здравје.. Па ке се јават и машки примероци "опседнути сексом",па ке кажуваат како делува згодна жена што дои ,а како "незгодна" на неговото либидо,па поуки за идната сопруга како смеела а како не,па еден тон приказни за естетските критериуми и како тоа он ги игнорира тие што се грди.Што па тоа има врска со било што од оваа тема?На убава жена полесно ќе и простиш на индискрецијата? Џабе другите објаснуваме и аргументираме,инаетот е посилен.Некои работи на форумот мислам дека се должат на премалку секс во реалниот живот,пардон мај френч.
Значи зависи кој дои и кој гледа. Се сложувам со ова. Ако доилката колку и да се труди да биде дискретна, падне во нечии оговарачки очи ќе и најдат Триста замерки.Но во некои очи истата таа ќе биде . Не знам како некои гледаат на тоа.Но мајка и дете , има ли поубава глетка од тоа?
Мислам дека треба да се превземе нешто со темава, се претера!. Од совети и искуства дојде до врегање на мајките, да има мака некоја мајка неможе да пиши тука дури и машки дошло ред да пишуват Модератори
Темата е таква каде сите би требало да можат да си го искажат своето мислење. Не е ова како останатите теми каде секако слободно си пишувате и барате совети и мислам дека не е фер само затоа што не ви се допаѓаат размислувањата на другите, да се повикува модераторот да ја заклучи темата или слично.
Да во право си,Темата е за мислења и совети и сл... ама ова е претеризам се направија мајките и курви и незнам што веке,па дури тоа и машки почна да пишуват зарем и тие дојат? Ајде се видело еден случај на 1000 и сега сите се така,е па не!. Ајде доста е веке,бидете разумни и оставетеја темата на мајките доилки да си прашат и кажат што им тррба.
Пак ќе речам, темата не е создадена за да мајките овде прашуваат за совет или како да решат соодветен проблем, не ги мешајте работите. Овде се работи за тема на која се изразуваат ставови и мислења. И зошто да не коментираат припадниците на машкиот пол? Не доеле? Овде станува збор за доење во јавност, а под јавност се подразбираат и машкиот и женскиот пол. Јас знам дека според вас мајките најдобро е овде само вие да си коментирате, ама дискусијата се согледува од сите аспекти.
Спојлер E to e!napaleni decista, ke se palat na se, pa i ovde po forumi javno kazuvaat.ne mu se majkite doilki krivi so cicka nemaat videno, pa vaka nekoja majka koga si go hrani deteto, na to ostana da se palat. Pa uste i ne bil toj kriv, bile zgodni i ubavi. E aj specialno za tebe zenite so imaat rodeno celosno ke se zapostavat, samo za da ne ti se zgodni i da ne se palis na niv.
Само на некој шо не видел цицка, к*р или п*тка може да добива сексуални нагони. Дај молам ти се да видиш бебе кај шо цица и да ти се крева треба да си или манијак или педофил. (Да не ми замерите) а што се гледа освен главчето на бебето кога мајката е покриена. Случка: Патував од Мк до Германија со авион, а позади мене седеше мајка со бебе од 5 месеци. Мајката го доеше бебето стално бидејќи плачеше па се смируваше на градата. Како да биде дискретна кога една куп мажи и жени имаше околу неа. Ни марама помага ни ништо. Тесно, збутано и некомотно. Никој не се заврте накај мајката и да ја зјапа, напротив сите си гледаа во облаци и си читаа списанија. Со еден збор на мајката и беше пријатно да го дои детето. Воопшто не се интеррсираше дали некој ја зјапа. Таа си го смируваше детето. И сега според вас таа мајка освен што е невоспитана, некултурна и проста за вас би била и мајка што не знае да си го смири детето. Здрави и живи отприлика за еден месец ќе патувам со бебето со авион до Мк. Како би го доела јас детето?? Нормално дека стално ќе ми биде на града и тоа ќе му биде храна и утеха а мене спас. Нема кај да станам во авионот и да шетам, да го друмкам бебето мое. Тесно и неудобно. Мора да ми е на цицка. Ќе носам и марама со Мене , а колку ќе успеам да се скријам тоа јас ќе си знам а ќе бидам најкомотно облечена да можам без проблем да вадам дојка. И до мене и пред мене и позади мене ќе седат луѓе. Каква дискреција ќе биде тоа. Ама мене баш ќе ме заболи увото тогаш дали некој ќе ми зјапа во дојката. Јас само ќе гледам детето да ми е смирено. Не верувам дека некому би му било интересно да ме зјапа оти во странство доењето во јавност е нормална појава и никој не крева врева во врска со тоа. Додека во Мк тоа е ретка појава и затоа ви е чудно. Не гледате често и затоа се буните. Затоа кога секој би си гледал пред својот нос опшетството би одело напред, не би стоело во место. Затоа оставете не нас мајките да си доиме на раат а вие гледајте си работата ваша. Ако веќе тоооооооооолку ви е непријатно гадно и сл.кога ќе видите доилка свртете се ба др страна и однесувајте ср како ништо да не било. Спојлер на муабетот 7 те мажи што отишле на госту ненајавени, кога виделе како мајката апла ја вади цицката им станало непријатно и сите почнале да се чешаат и да не гледат што се случува. Така драги мои чешајте се и вие кај што не ве чеша и не гледајте го тоа што ви е непријатно.
Се испотепавте овде на темава за една дојка покажана во јавност било случајно или намерно,дали ветрот ја дувнал марамата или намерно се сликала на ФБ.Ами да живеевте во Франција и уметниците да ви протестираа пиштол голи на улица,како што направија пред некој ден.. Гарант ќе падневте во несвест. Навистина се претера, не оставате простор за индивидуалност и не ги почитувате туѓите избори кои се различни од вашите.Вака не одиме далеку... Работава за никаде,секој друг ти се меша и ти кажува како најдобро да си го живееш сопствениот живот и како да си го одгледуваш детето.Ај бркајте работа!Најдете си друга занимација во животов!
Ве следам на темава, неколку пати се мислев да се вмешам, но се повлеков. Зошто? Затоа што не само на темава, туку овде на форумот сретнав луѓе на кои им пречи апсолутно се, па и деца и доенчиња. Не знам дали имам пишувано на темата пред да станам мајка, ако некoгаш сум била против доење во јавност, сега го променив мислењето. Детето е центарот, колку и да ви пречи тоа на форумот, а ви пречи. Исто и мајката. Да, мајките и децата се најбитни, затоа што тоа е најблагодарната работа на светот и секогаш на нив треба да се гледа со љубов и разбирање. Јас дојам, и ми се случи да син ми почна да плаче и буквално да бара да цица во саед трговски центар. Бев излезена, колата беше на паркинг, а малиот не разбира каде се наоѓа, па си седнав на една клупа и пробав да го хранам сим ми. Но за жал постојат секакви луѓе, особено млади жени/девојки, па една дури излезе од бутикот и упорно зјапаше во мене. Ја повика дури и пријателката. Е сега кажете која беше некултурната, јас која го хранев син ми, или девојката која упорно зјапеше во мене . Бев дискретна, се покрив, впрочем носев и таква облека, односно откако дојам секогаш сум облечена така да можам да ја извадам дојката и да го нахаранам син ми. Инаку дојам седум месеци, ве читам како вие ќе сте доеле само пред маж ви. Ахам ви поверував,освен ако по цена на тоа детето да ви биде гладно, ама вие од пуста култура нема да го надоете детето. Во овие седум и нешто месеци се случи да дојам пред татко ми, вујко ми, брат ми, и пред многу други мажи, и ете никој не ме зјапаше, туку се обидуваа да не гледаат во мене. Се случуваше да влезат во соба каде што дојам, ме фати зима, имаше милион ситуации кои ете доведоа да се случи да дојам и пред други мажи од фамилијата. На гости одам во друга соба нормално, кога немам услови, а во некоја просторија во која има други мажи или други жени, сеедно, се свртувам, ќе се покријам и ке го нахранам син ми. Дали ова ме прави некултурна, безобразна и уште што ли не, не ми е гајле. Јас едноставно се грижам дали син ми е најден или не. Вие грижете се како изгледа тоа . Доењето е најпрекрасната работа што една мајка може да му ја овозможи на едно дете, ама вие драги мои сте дежурни моралисти кои се знаат и не учат нас како да бидеме мајки. Јас ќе го гледам син ми како сакам, нема од вас да учам. Запрепастена сум се што ви предизвикува чинот доење и терминот дете.
Пред да станеш мајка си била против доењето во јавност ама сега бидејќи си мајка - дозволено е? Е тоа е целата поента на темава. Погоре напишав дека откако ќе видиш 100 цицки кога ќе се породиш (сите само дојат на гинекологија ), не ти е воопшто чудно да видиш мајка како дои дете, ама пред да го поминеш тоа и не ти е вообичаено. Плус, градите од татко ми ги кријам од 11 година зошто па сега на 30 да ги покажувам?
Покажување на гради и доење на дете не е исто. Градата ја вадиш за да го нахраниш детето, а не некому да ја покажиш.
Реков евентуално ако сум била против, затоа што не се сеќавам дали имам пишано на темата, ете толку сум се замарала со вакви работи пред да станам мајка, што не е случај со вас. Станав мајка, дојам и знам колку вреди тоа, така да и да сум го променила мислењето, тоа е заради тоа што сфатив што значи доењето. Инаку не ми вадете зборови од контекст, каде спомнав дека сум покажувалка гради на татко ми? Реков дека се случувало да дојам пред него, конкретно има влезено во просторијата во која дојам. Сигурно нема да му ја покажам, или тој да дојде и да ме гледа. Се читате што пишувате, на што целите?!
Абе како доите вие? Со двете гради извадени надвор? М? Јас лично искуство немам (кај и да е и тоа ќе биде), ама од искуството од двете сестри и четирите внучиња кои што беа доени пред мене, никогаш не сум видела гради на изволте како што вие тука опишувате. Се прашувам дали претерувате (а мислам да) колку само да си го поткрепите вашето тврдење. Ете ти градите на татко ти не ги покажуваш. Фино. Ама, со кој памет на другите им сугерираш што да прават? Аманте бре? Оставете ги другите да си го живеат животот како што сакаат. Или... не знаете што да правите со себе си, па сега ќе ги средувате туѓите животи.
Болдираното кажува се. Значи и покриена зјапала, не само што зјапала туку повикала и друштво и после упорно тука ќе пишуваат како не зјапале, туку мајките им ги бутаат голите гради во фаца. Истите тие што те зјапале тогаш да видат некого што му се слошило на улица ќе си продолжат ама мајка која покриена си го дои детето ееее тоа ќе си зјапаат како да виделе циркуско чудо, помалку запрепастени ќе биле да видат двајца како имаат секс пред нив. Само сексуални девијанти се палат на градите на ќерка, сестра, внука итн, јас за среќа не сум опкружена со такви личности. Ако ме начекале некогаш татко ми или брат ми кога сум доела, не се здткувале, не се црвенееле, ми правеле муабет гледајќи ме во очи исто како и кога не дојам, како нивна ќерка и сестра сигурно нема да ме зјапат во градата. Многу ми е смешно што тие тука што се најпротив доењето во јавност како нешто одвратно, не културно, примитивно итн а се за семејно насилство зошто дициплинирањето на дете со ќотек е семејно насилство е НЗС. Доењето во јавност=баук, тепање на мало дете=дициплина.
Според мене тоа е чин исклучиво помеѓу мајката и доенчето. Јас кога би доела не би сакала никој да биде во моја близина. Мајка ми има кажано дека кога ме доела чувствувала како се создава силна врска помеѓу мене и неа, и дека тоа било едно од најубавите чувства, кога сум цицала и кога сум ја гледала директно во очи уште повеќе и се зајакнувало мајчинското чувство и љубовта спрема мене. Па може затоа што ми останале овие зборови во глава, би кажала едно големо НЕ за доење во јавност.
Напишаново нема никаква врска со темава.Темата е доење во јавност а не дали ќе го доиме бебето или ќе му даваме ад млеко. Што ако се најдеш со бебето сама некаде надвор и ако ти плаче за млеко , тогаш што ќе правиш?