Ја гледа маж ми денеска анкетата на Фемина и ми вика: Значи женски сајт и форум е ова, така? Јас му викам- Да. Тој продолжува: Како може анкетата дали поддржуваш доење на јавно место да има 70% негативни гласови? Едноставно неможам да сфатам како може да гласаат против себе си!
Тоа е точно - Се задоволува една од основните потреби на детето и јасно е дека има ситуации кога тоа треба да се дои во јавност. Доволно е само да се префрли една пелена преку рамо (со цел да се покрие градата) и на тој начин и бебето ќе е задоволено, а и ќе бидат избегнати и другите непријатности и погледи.
По неубава ми е сликата кога плаче гладно бебе,отколку кога мајката дискретно го дои бебето. И што запнале по тоа ,,доење во јавност,, чиниш рамно е на одзимање човечки живот во јавност. Та цицки на изволте има на сите страни и таму гледајте, а не во дојката на некоја мајка која си го храни бебето. Не значи дека ако сме мајки кои дојат не треба да мрднеме од дома зошто бебето кое е со нас можеби ќе посака да цице. Водиме нормален живот, функционираме како цел нормален свет плус задоволуваме една основна потреба на нашето бебе-го храниме. Не гледам ништо страшно во тоа. Сум за подискретно доење, покриена со марама или некако подзакриена но факт е дека штом јавно го правиш тоа не можеш целосно да си заштитена од нечии очи. И пак ќе кажам-не гледам ништо лошо во тоа. Ми се има случено да дојам во јавност и би го повторила истото ако морам... Бебето ми плачеше за храна, седнав на една клупа во паркот, се свртев со грб кон минувачите и го нацицав бебулето. Искрено гајле ми е што мислат другите, потребата на моето бебе ми е поважна.
Па незнам како лугето воопшто го замислуват животот на една мајка ? Или да седи дома нонстоп или да го земе бебето но да му даде шише со вештачко млеко бидејки некому му е гадно доењето?За туг кејф ни едното ни другото И ке си шетам и ке си дојам.Не ми може никој ништо.
Пишав едно вρеме,но бев бρемена,сег κога станав мајκа,ништо не може да ми го смени мислењето. И κога имаме гости аκо бебуш посаκа јас само се вρтам на стρана и го дојам. Па луѓе,ние гρадите не ги поκажуваме за мода,туκу за да задоволиме потρеба на нашите најмили. П.С κаде ќе биде собиρот за κафе?
Исто и јас κога имаме гости или одиме ние на гости, се вρтам на стρана и го дојам аκо сме излезени неκаде, пρед повеќе наρод носам маρама и се поκρивам
Јас марама не ставам. Од бебушка ништо не се гледа, а плус и со блузата одозгора се припокривам. Треба ептен да се загледаш, за да видиш нешто А и да се гледа, да ви кажам право ич не ми е гајле, најбитно ми е детето. Кога дома ми доаѓаат гости, си дојам слободно пред нив т.е јас на кауч тие на трпезариска маса и си правиме муабет. Таман работа до сега да се криев на секој подој во спална, ко што цицаше бебево првите месеци по цел ден... Кога одам на гости, си прашувам дали им смета. До сега никому не сметало
Nema somnevanje deka nekogas mora vo javnost da se napravi toa, ako place bebeto nema izbor. Mene cesto mi placea koga bea gladni i nemav sto da pravam, nemav izbor. Ti sto ne se vo taa uloga mislat deka sme bile nekulturni, no neka sednat na nase mesto pa da vidime dali bi mu dale mleko na bebeto koga place i dali ke krutikuvaat. Sramota e taka da velat, majcinskata kultura uste ni e mnogu slaba, vo drugi zemji doilkata e visoko pocituvana, a tuka seuste navreduva koga go hrani javno.
Ама и немаме никакви услови за тоа. Кога бевме на вакцина последниот пат имаше многу гужва. Се чекаше со часови. Сите со мали бебиња кои огладнуваат брзо, некои од нив требаше да бидат јадени пред вакцината. Чекалната мала, а внатре сите мајки си беа со нивните мажи (како и јас). Некои прашуваа дали може во собата на сестрата да дојат. Една мајка беше дрско одбиена од сестрата со образложение дека таму ќе пијат кафе. Искрено, мене ми беше непријатно да дојам во толку гужва па си отидов во кола...ама не се сите со (свои) возила дојдени. И покрај тоа што немам ништо против доење во јавност, сум доела и јас, сепак сметам дека на некои места задолжително треба да има простории за доење. И ние мајките би се чувствувале покомотно.