Форумџика на годината

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    212 глас(а)
    51,8%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    143 глас(а)
    35,0%
  3. Не го поддржувам воопшто

    35 глас(а)
    8,6%
  4. Сеедно ми е

    19 глас(а)
    4,6%
  1. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Воопшто не ми се допаѓа.
    Незнам...
    И кај нас во нашиот парламент има мајки, ама вака не постапиле.
    Немора се што е пд страна да е исправно.
    Си постои породилно боледување и нека се користи.
    А ваков начин на привлекување внимание преку дете и стекнување публицитет ИЧ не личи, поготово не во политика.
     
    На tessie, Ketchup, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Пред некој ден и јас прв пат доев во јавност. И тоа на среде шопинг:$.

    Само неколку кг. плус ми останаа од бременоста, ама бидејќи сите фармерки ми беа и предходно ептен тесни...морав да набавам барем еден пар за во измеѓу фазава додека ги симнам и нив. Исто и со трењерките, повеќе не се растегаа :rofl:.
    Од дома се опремив со прслук за доење, маичка со копчиња и марама за доење во случај да огладне малата.


    За беља мојов се задржа на терминот и дојде да не зеде околу час покасно од планираното, па малата пушти глас.
    Барај барај некоја клупичка да седнам да ја надојам, ама немаше ниедна под сенка.

    Накрај влеговме со мама во еден бар/ресторан, седнавме на последната маса во градината, се свртев накај зидот, се покрив, и неприметно ја надоив малата.
    Иако поминавме добро, дали оти прв пат, мене ми беше многу стресно:sweat:.
     
    На ♡BuBaLe♡, CameliaMiller, tessie и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Алал да и е! Поддржувам, нормално поради целта што и била. Знам дека и во други западњачки држави породилното е кратко, некаде по 2-3 месеци. Ние сме среќни што имаме 9. На што личи тоа малтретирање, тоа права ли се?
     
    На ♡BuBaLe♡, Annath, pilenka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Женски
    Па и ако некој пријави слободно ќе си добие казна, за голотија во јавност. Мада во државичкава ништо не функционира па мислам дека нема ни ова. Иначе си има ред во цивилизирани општества. А тоа подразбира и непокажување на интимни делови од телото ( безразлика за која намена). А што се однесува до посебни простории за доење???? WTF??? Кафани се за јадење, а не за доење, за да се предвидат посебни простории за таа намена. И да додадам , до пред некое време скоро и да несум видела жени во јавност што дојат, освем по некоја циганка. Е сега гледам дека се променило, па и ова. А во која насока отишла работава само ќе си пресудиме, на арно ли е или не.
     
    На CameliaMiller и referentka им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:
    Чекај не можам да се соземам од смеење за болдираното.................пријави некоја доилка па да ти се утепаат од смеење во полиција а може и ти да си добиеш казна за лажно пријавување.
    Се знае што се подразбира под недолично однесување а доење е се само не е недолично однесување..Боже, Боже што не ќе прочиташ и тоа од женско напишано.(facepalm)(facepalm)
    Рестораните биле за јадење а не за доење а доењето што е?

    Во ред е да се има мислење за или против ама лупање вакви глупости без била каква смисла, вреѓање на сите мајки ставајќи ги на рамниште на циганки е срамота барем според мене.

    Инаку во цивилизирани општества каде секој си ја гледа својата работа и маса секаде има соби за доење, катче за доење и никаде не те гледаат попреку ако си го доиш бебето во јавност.
     
    На ♡BuBaLe♡, blackwave, Mama25 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Сум против доење во јавност, едноставно не ми се допаѓа, освен кога во екстремни случаи мораш да му дадеш на детето да цица меѓутоа на скришно место, дискретно и покриено.

    Сите со бебиња што можат да си дозволат влечење на торбици со триста рабти неопходни за бебето за да испијат кафе со некого или било што друго, да се разбереме идат со кола (повеќето зборам). Сигурно на 40+ или -10 нема да си дозволите со детето у раце и торбицата(ранче) по автобуси да се мкнете со пензионерите или по сонцево да го акате наваму натаму. Така да и за тоа кафе има решение, ќе отидеш во кола, ко човек ќе седнеш ќе го надоиш. Колку и да е, за 10 минути до паркинг нема да му се слоши па ти у момент да ја извадиш.

    Екстремизам од вадење цицка во кафич, парк, плажи, базени и ред други места полни со луѓе е крајно себично и некултурно па ако сака и мајка нека е. Ако е мајка, не го фатила (се извинувам на изразов стварно е недоличен ама) Господ за муда. Лупање у груди "Еве јас сум Мајка види ме дојам," или "Jас сум мајка, ќе праам што сакам и каде сакам" е стварно очаен потег за внимание.
     
    На CameliaMiller, tessie, m.i.g и 2 други им се допаѓа ова.
  8. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Женски
    Како што реков погоре, нито не функционира па најверојатно ни ова, доколку некој пријави вакво нешто. А да како тргнало може и со нокшири на сред кафана да се почне, па секој нека си ја гледа својата работа нели. И тоа е потреба на детето, не е хир.
     
    На CameliaMiller и srcence1607 им се допаѓа ова.
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Повторно со глупости.:x
    Како бре споредувате нокшири со доење, стварно не ми е јасно.:?:

    Не да не функционира туку доењето во јавност едноставно не спаѓа во недолично однесување, значи има разлика во шетање гола и доење или не ја разбирате разликата или така ви одговара.

    Кога ќе имаш бебе ти оди надој го во кола на +40 степени, ееееееее дека може да дехидрира и да му пукне срцето на бебето нема врска, зошто ако надвор е плус +40 степени во кола е +60, што е битно дека може да умре бебето битно е да не доиме во јавност.(facepalm)(facepalm)
     
    На ♡BuBaLe♡, Mama25, green.eyes и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сечиј став го поддржувам, но едноставно на едно нешто сепак не останувам имуна и морам да потенцирам.
    Жената мајка, доилка, сфатете ја како сакате, но доењето во никој случај не е тоа чин и жед за внимание. Тоа е потреба на некој друг, тоа е потреба на едно бебенце на кое единствен извор на храна е неговата мајка.

    Ако сакала жената да биде центар на внимание, нема сигурно да се подзаскрива од преостанатите кога дои, туку фино ќе си ги извади градите (извинете на израз) „на меган“ и нема да и биде потребно бебето да и биде причината на нејзиното разголување.

    Убаво кажаа и другите феминки, па и на почетокот кога се отвори оваа тема го кажав истото.
    Ако на некој не му е убава таа глетка, едноставно нека не гледа. Ама пустото, секогаш е попривлечно она што му се случува на другиот, отколку она што ни се случува нам. Не на сите, но психологија на поединци. Тоа е |(.
     
    На ♡BuBaLe♡, Mama25, green.eyes и 18 други им се допаѓа ова.
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Отвори прозор бе златна, пушти малце клима има решение за се ако сакате само не се прајте дека у 18ти век живеете Ви се молам!! , али така ви одговара. Зашо да го испуштите трачот на денот дур отидете до паркинг, кога може се у исто време на маса?? Гледам сите што сум била сведок дека доеле у кола на темвературиве децата им умреле, не лупајте глупости и не ги плaшете другите со вакви работи |(
    И да, ќе се снајдам некако и ќе го надојам и во кола, ама сигурно нема да извадам цицка пред сите зашто сум "мајка"
     
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    А таман ќе помисли човек дека темата не може повеќе да забега, они ќе пријавуваат доилки во полиција за голотија :x:clap: Се мислев и кое смајли да го употребам, пошто ни да се смее човек не е. Како се понашате да помисли човек дека од друг вид и раса сте па вас не ве родила мајка и не ве доела што толку ви е гаден чинот и го споредувате со што се не тука што прочитавме у темава.

    Да не се повторувам по сто пати се сложувам во целост со све што кажала Сесилија, не сум против доење во јавност се додека мајката се обидува колку што може поинтимно да го направи тоа, не само поради околината туку и поради неа и нејзиното бебе затоа што самиот чин е и многу повеќе од хранење. Не мора да го угуши мотајќи го во триста паравани и чаршави, но нека е подискретно.
    Факт е дека луѓето совршени не се, во околина ќе се најдат и луѓе што се гадат и луѓе на кои ќе им се развиваат сексуални фантазии и тн, па колку и да ви звучело забегано на вас. Тие работи и перцепции споро се менуваат и е невозможно да се искоренат. Затоа колку помалку внимание, толку помирен подој ќе си имате и чинот ќе помине помирно и без ничиво вознемирување.
     
    На ♡BuBaLe♡, blackwave, Mama25 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Златната таа.:*
    Колку време и треба на колата да се олади откако ќе пуштиш клима, а за отварње прозор, не знаев дека такво нешто постои, пошто голем ефект ќе има тоа на +40 степени, очигледно живеам во 18 век.:worried:
    Знаеш ли колку време му треба на бебе до година да дехидрира во кола и да дојде до смрт, помалку од 10 тина минути, секоја година умираат илјадници бебиња ради лупање на глупости и плашење на другите.:x(facepalm)
    Ако не си го знаела ово не ги охрабрувај другите мајки да дојат во кола кога е тоа многу опасно на такви температури, ти нема да плачеш ако нешто му се случи на тоа бебе туку мајката, битно ти ќе бидеш ослободена од глетката на мајка која дои, што е човечкиот живот во однос на твојот комфор.:fubar:
     
    На ♡BuBaLe♡, Mama25, TIGARCE86 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски

    ќе искоментирав.. ама доволно е ова |( |( |( |( |( |( |(
     
  15. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не знам дали живееме во ист град, во иста земја.... Или не знам кај се движите вие што сте толку навредени од доењето...

    Пред се, да дефинираме - кога викам доење во јавност, мислам на мајка која своето дете го дои подзатскриена со марама, или свртена некако, да за да ѝ се види нешто треба стварно некултурно да блееш во неа. Ако тоа за вас е некултурно и треба да се викне полиција, стварно не живееме ние во иста земја која е преплавена од некултура и безобразие!

    Затоа што работата ја правите како мајките да ги извадија цицките, и така, тешки и полни млеко ве акнаа едно пет шест пати по фаца со нив, па вие дубоко се увреџавте...

    Јас досега немам видено мајка да си ја извади невкусно цицката пред мене на јавно место.

    Така да сериозно не туку рипајте на темава. Невкусно е и неблагодарно према целиот човечки род на цицачи.
     
    На ♡BuBaLe♡, tessie, Mama25 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Абе од што срам. Извади ја и дај му на човекот да се напие.
     
    На CameliaMiller и stefanija70 им се допаѓа ова.
  17. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Срцка поверојатно е дека ти ќе добиеш казна за дискриминацијата - ромка, а не циганка ;) Еј јас пред некој ден доев јавно и тоа значи дека сум ромка? И да доев големо бебе од 8 месеци што некој ќе рече дека е година.
     
    На ♡BuBaLe♡, TIGARCE86, pilenka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Below is a summary of the information KidsAndCars.org has been gathering for over a decade.

    • Child vehicular heat stroke deaths for 2015: 10 (as of 7/20/15)

    • Child vehicular heat stroke deaths for 2014: 32

    • Child vehicular heat stroke deaths for 2013: 44

    • Child vehicular heat stroke deaths for 2012: 33
    • Child vehicular heat stroke deaths for 2011 : 33
    • Child vehicular heat stroke deaths for 2010: 49
    • Child vehicular heat stroke deaths for 2009: 33
    • Child vehicular heat stroke deaths through 2013: well over 719
    • Average number of child vehicular heat stroke deaths per year since 1998: 38 (one every 9 days)
    • The highest number of fatalities for a one-year time period took place in 2010: 49

    Ти продолжи си да си превртуваш очите, зошто тоа е најсоодветна реакција за смрт на бебе. :fubar::fubar:
    Ово е бројка само во Америка, сега замисли си колку е тоа во целиот свет.
     
    На ♡BuBaLe♡, Mama25, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    96.948
    Јас да бидам искрена, многу ретко скоро ич не сум налетала на мајка што дои во јавност. Ама стварно не се стресирам за моментот ако ми се случи тоа. Како многу работи во животот кои не би ве оптеретувале доколку ги игнорирате, па така и ова бе луѓе...ако ви пречи, игнорирајте! Не знам што мора 40 страници за ова... Нејзина цицка, нејзино дете. Ако нејзе не и е незгодно да ја опрчи, мене ич нема да ми биде незгодно да не ја приметувам па не знам колку да ми е блиску. Одраз на нејзината простоќа и неумереност, тоа е тоа.

    Меѓутоа ако станува збор за жена која што си дои културно, покриена и со сите мерки превземени самиот чин да изгледа во ред, јас сум ЗА! Значи на нас возрасните додека сме во град по работа или на прошетка, ни се пријадува од нигде никаде и брзаме некаде да зграбаме нешто и да апнеме, а бебето што треба да прави? Нека издржи, кој го прашува...има луѓе кои се многу културни околу него:^). Па мене многу повеќе би ме вознемирило бебе кое рика во сред локал или било каде во моја близина од глад , отколку глетката каде мајката културно ќе го надои.
     
    На Annath, victoria, pilenka и 8 други им се допаѓа ова.
  20. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Женски
    Препрочитај уште еднаш ! Реков дека до пред некое време тоа беше воглавно појава. Е сега гледам дека појавава се проширува и кај пошироките маси, односно тренд на јавно доење стана и меѓу неромската популација што искрено ме радува, бидејќи идеме во насока на задоволување на потребите на децата, па макар тие биле и непристојни во некоја смисла. А може и си ромка , кој би знаел на форумов, се е анонимно нели?