1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    167 глас(а)
    53,2%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    99 глас(а)
    31,5%
  3. Не го поддржувам воопшто

    34 глас(а)
    10,8%
  4. Сеедно ми е

    14 глас(а)
    4,5%
  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.036
    Пол:
    Женски
    И јас моето дете си го дојам надвор кога сум далеку од дома , ми се кине срцето кога плаче и неможам да ја оставам гладна секако. Кога одам некаде близу ја дојам дома и 2 саата спие во количка , но ако се задржам некаде повеке огладнува и застанувам во некој парк да ја надојам , гледам прво да нема луѓе , седнувам на клупа си ставам кебенце и ништо не се познава :) За мене не е ништо срамно ова , сега не да се `растресеш` со градите надвор пред сите ама па и од друга страна неможеш да го оставиш детето хистерично да плаче :*
     
    На Lolo5, girl1985 и meruska им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Во контекст на темава, луѓе што сум видела завчера.
    Си одиме со колегите од на факултет, кога гледаме една циганка седната на скаличките кога од паркингот се оди кон деканат (Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), бебето в раце, ци*ка на дело и го дои.
    Ауууу :tmi:
     
  3. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Мислам дека нема ништо срамно во тоа да се дои детето во јавност, нормално е дека е бебе и му треба мајчиното млеко, само да не е премногу апла и до негде вулгарно, јас кога би се нашла во таква ситуација сигурно попрво би гледала да си го надојам детето одколку дали некој ќе помисли нешто, само би избрала некоја позатворена средина, би се тргнала малце на страна, сигурно нема во сред кафич да ја извадам
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ми изгледа вулгарно кога жена дои дете , па макар цела града да и се гледа. Тоа во моите очи е благодет.
     
    На Lolo5, girl1985 и blond им се допаѓа ова.
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    251.458
    Пол:
    Женски
    Нормално дека доењето е убав чин кој велат создава нераскинлива врска помеѓу мајката и бебенцето но јас имам против кога мајките тоа си го земаат баш здраво за готово па чинот го изведуваат апла пред очите на сите. Како и многу што напишаа на темава немам ништо против, ниту имам право да имам нешто против доењето во јавност но негледам што е тешко да се префрли една марама, крпа, или што и да е врз градата. Чинот ќе биде извршен јас сум само за мала интима, ова го пишувам познавајќи мои пријателки со бебенца кај кои кога одиме го чуствувам мажот ми како му е непријатно и чека на штрек мајкава да спомене дека бебнцето ќе цица и веднаш скока, вика јас надвор цигара да испушам :) останувам најчесто јас сама со мајките кои најверојатно понесени од фактот двете сме жени нема никакво покривање :tmi: Можеби и јас претерувам незнам, но не ми е најпријатно да ја гледам пријателкава вака и да пијам кафе
     
    На AIT, BoaVista и wolf4e им се допаѓа ова.
  6. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    зошто да биде срамно да се дои бебето на јавно место? според мене не е , иако го немав овој проблем со лјубопитни заскитани погледи, ние бевме на адаптирано млекце
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    мене и не ми изгледа баш убаво кога ке видам такво нешто во јавност...
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Да, ако баш мора тогаш да се нахрани бебенцето, ама да биде заскриено, со блуза, со ќебенце, а не циц*ата на мегдан цела.
    Што е природно, не е срамно, нели?
    Но, сепак градите се дел од интимноста на самата жена, и нема оправдување за презентирање во јавност.
    Тоа е мое мислење. :)
    Мене лично, не ми е пријатно кога ќе видам вакво нешто надвор.
     
  9. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Го дојам бебушот и сум многу срекна што можам да го дадам најдоброто од мене.
    Како што кажаа повекето мајки доењето создава една посебна блискот и нераскинлива врска помегу мајката и бебушот.
    Таа мајка која би го оставила бебушот гладен поради срам или непријатност за мене не е вистински родител.Пред да излезам секогаш убаво го надојувам, а ако има потреба ако е гладен го дојам и надвор, најчесто во кола или поинтимно место и секако покиреана со кебенце.
     
    На bittersweet и MacenceEna им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Постигнувајте вие врски на виши нивоа со универзумот,детето и све тоа,мајчинство е света ствар и нереализација ко родител ми е страшен страв и сето тоа,имам разбирање до мајките и ги почитувам и само заради фактот што се херои на своите деца,НО...немојте да очекувате дека нема да ве гледаат :o ,без отварање на устата се разбира. Не дека е тоа уоу,ама самата ситуација влече поглед,ама не манијачки и рака на срце,има секакви луѓе.
    Колку што е света ствар,толку е и интимна,па на јавни места,не! Затскриено од немај каде ,се разбира,детето не смее да гладува,ама има опција измолзување дома,специјални шишенца и 1001 опција. Ама луѓе мои, не само циганка ко што кажа Хипи и во ресторан го имам видено ова. Сите на ручек и бебево на ручек,бап тука,у тањир. Е сега...не е пријатно,да бидеме искрени. Нема смисла.
    Ми се деси, ми беше незгодно... а другаркава вика,е не можам да не ја гледам бе,не можам,ме тера да ја гледам,ама не од манијачки побуди туку ...не знам,ме тера! :D А јас подзатрепкувам ко епилептичар пред напад, неа да не и биде непријатно,гледам некаде во некој незгоден и неприроден агол за мојот врат и све тоа,непријатно сечкам,јадам,џвакам. И така... би ценела ако не го гледам оброкот на бебето,директно од *фабриката* освен ако не е мое и мојата така културно наречена,града!
    Мамички,без увреда,сугестија.
     
    На tessie и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.449
    Допаѓања:
    34.366
    Пол:
    Женски
    ^ ^тотално се слозувам .... И јас ја дојам керками и сум горда на тоа. Нема нешто што би го заменила мајЧиното млеко. имам контакт со други мајки и ниту една од нив не го дои своето дете , дури едната од нив се изјасни дека од прв ден на детето му дава млеко од шише од приЧина што доењето ја замарало.
    Себи.ни би било да го ускратам мајЧиното млеко и сите витамини со него ...

    За доењето во јавност ... Не ја дојам пред народ гледам сепак на поинтимно место да сум ,а да го оставам детето да плаЧе од глад Е Не ... пр ако сум излезено во трговски центар во секој од нив има посебно место за пресоблекување на бебето и за доење. Но гледам пред секое искаЧање од дома да ја надојам убаво керками после немаме проблем наредните 3, 4 саата .... :$
     
    На ph.orhideja, bittersweet, SamovilkaH и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Јас по природа сум многу страмежлива и јас го доев моето малечко ама далеко од тоа каде ќе ми дојде одма да давам цице,имав специјален градник за доење и плус си носев такви маиички да не сега ептен ми се познава цицето на раскопчување и обавезно кебенце или поголема крпичка се покривав ,ама гледав да избегнувам било какви ситуаации му давав чајче кога беше гладно,па јас дома се криев од свекорот и свекрвата,кога идеа и мајка ми и атко ми одев во другата соба,па незгодно прво им е на нив па и исто и на мене
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Не сум за доење во јавност, кој како сака нека си прави, ама за мене ци*ката на мегдан макар и при доење е вулгарно.
    Минатиот викенд бевме во Луна парк и на една клупа си седеа три мајки (не беа ромки да не се разбереме погрешно :!: ) сите со децата во скут и со ци*ките на мегдан....ниту една од нив не беше подзатскиена ниту со марама, пелена, ништо... си седеа, си правеа муабет и си ги доеја бебињата најнормално, како ништо чудно да не се случува. |( Искрено не ми се допадна глетката, ама ич.

    Не сум доела надвор и нема ни да дојам. Секогаш пред излегување сме си завршувале со цицање и после мирна глава. Само еднаш сум ја доела малата во кола, на паркинг, бев затскриена, а мм надвор стоеше и чуваше стража и цело време ми беше непријатно и само гледав некој да не налета и да не` види.
    Доењето е интимна работа, за мене е интимно и ако бебето ми биде гладно попрво ќе станам и ќе си одам од "јавноста" отколку да ме гледаат со зината уста или пак на некого да му се згади од мене и мојата слободна хранлива зона.
     
    На anastasijaki и wolf4e им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Глупост на векот, ај сеа ц*цката ќе ја рекламирам, неам попаметна работа...еве и да е покриена градата, сепак мое мислење е дека тоа е интимен момент меѓу мајката и детето. Стрина ми кога ја доеше братучетка ми, стрико ми одма излегуваше од соба, а така и мене ме учеше и знам ми викаше „тоа е момент во кој мајката и детето се сосем доволни“.

    Па животните имаат повеќе осет за интима од нас. Мачката кога се гали со своето малечко па не сака никој да ја гледа.


    Ова болдираното 2 лекари ми го имаат кажано, така што, поточно здравје.

    Ко шо рекоа Нена и Лилит, барем денес за хранење на детето со мајчино млеко постојат триста опции
     
  15. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Јас предлагам сите мајки доилки да се затворат дома во четири ѕида и никако бел ден да не видат, бидејќи и покриени со марама се вулгарни |(
    Уште подобро воопшто да не ги дојаат бебињата туку директно на прашак и шишиња за да никој не се згрозува од доењето во јавност.
    А за опциите, баш ме интересира каде кога се излезени ќе го загреат измолзеното млеко за да му го дадат на бебето, ај во странство насекаде има фамилијарни соби ама во Мк, и башка скоро ниедно бебе кое се дое не прифаќа цуцла или вие во случајов со сила ќе му пикате цуцла во уста само да не се згрозува јавноста.
    Интересно е што сите што се против доење во јавност со една, два исклучока сеуште не се мајки, кои не знаат како изгледа да ти плаче бебе кога е гладно :?:

    Сум го доела син ми неколку пати во јавност, покриена со марама, кога сум на гости или имам гости дома се повлекувам во друга соба, не ја вадам градата пред свекорот, татко ми итн.
    Сум се изјаснила и пред да знам дека сум бремена дека немам ништо против доење во јавност а сега како мајка сфаќам дека повремено и ќе имаш потреба од доење и не гледам никаков баук во тоа.
     
    На Lolo5, DeMelo, ph.orhideja и 2 други им се допаѓа ова.
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Да бидат работите уште потрагични, илјадници луѓе кај нас, а низ светот милиони, јадат на улица, во парк, воз... перверзија невидена. Ете некни едни деца седнале на клупа и си јадат сендвичи како да е тоа нешто најнормално, ни срам ни перде... :@ А една бабичка пак во парк пред сите минувачи се напи вода од фонтана, а фонтаната ќе се согласите личи на вибратор или метален пенис кој нон стоп моча безбојна мочка... и си пие бабата гајле нема што сите можат да ја забележат, наместо уште дома пред да излезе да си се напила вода (скришум да не ја види мажот и внуците - срамота е).

    За жал од женските цицки благодарејќи на медиумите, секс-индустријата и сл. направен е фетиш. Па сега нешто што е најнорманло и најприродно - потребата од храна и хранење - се претвора во нешто вулгарно.
     
    На Lolo5, sweet25, ph.orhideja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Сакам да кажам дека доењето во јавност е одвратно! :fubar:
    И плус тоа е интимен дел на жената,ајде утре и на природа да се пораѓаме,па што! :x
    Срамота.И мене ми се гади кога ќе видам ромки со детето во скут и го дои во автобус или парк. |( Тоа го прават за да испросат повеќе пари изгледа,ама сега што читам дека и наши така правеле.. :x :x Но комент.Срамота за жените на 21 век.Наместо напред да одиме како искултурени цивилизирани луѓе :x
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Што е перверзно во слика да гледаш дечиња да си јадат на улица?Па на клупа сендвичиња? :x Баба да пие вода од фонтана? Студентка на брзање за предавање да касне на пат до факс со воз? Изгледа немаш излезено подалеку од широко распространетата малограѓанштина кога си земаш за слобода да пишуваш вакави непромислени работи. Провери во речник пред да употребиш некој збор. Во големиве метрополи, на сред центар на скалички, на страна до фонтани, на пат, си седат луѓе и си јадат, одмараат, си гасат жед и никаква чудна глетка. Или да почнам да ги сметам за глупави возовиве кога фино лепо ставиле масиче и корпа за отпадоци чисто во слуај да ти се припие-пријаде. Занчи цел свет греши. А тој е оној кој оди напред, а од такви луѓе со мислења на твоите тапка Македонија в место. Алал ти немам коментар до каде се распростанува ....не знам ова твоево како да го наречам.
    Деца што јаделе сендвичиња, тие невини суштества перверзија. Ццццц Срамота.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Извини дали ти тоа мене ми се потсмеваш :^) ....мене најде сарказам да ми маваш :D
    Јас си пишав мое мислење и никого поединечно не навредив, плус ако тебе ти е нормално и природно доењето во јавност мене не ми е.
    Пиши си мислење и толку, ама не мора да се правите паметни....туф, туф, туф....што си пишал, еве сега ќе се расплачам колку сум навредена. |(

    Стварно не ми е јасно зошто не знаете нормално да комуницирате и да се изјасните.
    Ај пријатно :hai:
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Не ги прочитав сите мислења,видов само дека неколку се против и морам да ви кажам: вие не сте нормални!!!!!! греота на бебињата што мораат да трпат за јадење ,на мајката ако не и е удобно во јавност да го надои бебето,таква мајка треба ДА СЕ ЗАСРАМИ!!!
    Не мора да се гледа целата града,има маички за доење и таа може да се носи надвор,не мора 100 такви маички да се купат. Кај мене,и кај моите 8 другарки-доилки,не се гледа ништо,само глава на бебе.
    позаостанато мислење здравје,алал да ти е,како можеш да споредиш доење со пораѓање?доењето е пријатна работа,жената се опушта и убаво и е,на пораѓај е мааалкуцка поразлично. А може таа Ромка нема дом да седне да го надои бебето. Тука во Германија,каде што луѓето се далеку поцивилизирани од кај нас,СИТЕ доилки дојат во јавност. и тоа е нешто најнормално и најприродно.ако си во кафич,ти носат келнерките вода ако видат дека доиш,во природа може некој ќе погледне ама ќе си продолжи,што е страшно тука?
    А ако на некоја мајка и е срам,тогаш не треба да излегува подолго од саат-два или да смисли друга алтернатива,а гладно бебе ради мој срам НИКАКО!!! А тоа што е пишано подоле,на бебето му треба мир,па не го дојам јас само во јавност,ама ако е гладно сигурно нема да го оставам така,Бог да чува,мислиш ја пред секое доење излегувам надвор,сакам да ме гледаат -.- И во парк е баш убаво,чист воздух,мир,природа,не мора на автобуска станица да се дои.
    Значи фацит,ама воопшто не се сложувам со тоа дека не треба да се дои во јавност, мајчиното млеко е најдобро за бебето,кој сака нека ми објаснува колку сака,моето беше на ексклузивно доење 5 месеци,и ете го 9 наполни уште го дојам(а не многу успеваат толку),и баш поради тоа што си го слушам инстинктот и што не дозволувам вакви малограѓански и прости работи да направат да се сомневам во моите способности како мајка.
     
    На Lolo5, maca99, Li0ness и 5 други им се допаѓа ова.