just look at it. ^прагот на толеранција кај бебињата и кај малите деца е мал. Тие не се виновни ако во моментот почувстуват потреба да јадат. Сите чувстуваме таква потреба. Мајката е должна да го надои било каде зошто е бебе, не му се знае кога ќе му се пријади или ако е повозрасно да си носи некоја кашичка со неа. Јас лично, да забележам дека некоја дои, па дури и во јавност, се восхитувам. На еден начин секоја врска која ја гледам меѓу мајката и детето ми е многу природна, уба и онака слатка за гледање. Ретко која ја вади цела цицка и се рашетава, да ги има такви, ама таквите непристојни случаеви се преретки, факт е дека сите се затскриваат вака или така. И буквално цел ден денес ја пратам темава, па што не се изначитав. Како можи некоја мајка да привлеква внимание со тоа што дои? Таа не сака внимание, таа сака да задоволи потреба на нејзиното дете, а тоа што сите прво гледаат во туѓ двор или во нивни, па верувајте и неа ѝ е непријатно ама не ѝ е грижа се додека се работи за доброто на нејзиното дете.
Prizemjete se zhiv vi gospod. Ako nemate cicki ne vi e kriva doilkata shto ja gledate kako kompeticija. Ama ne. Ama ne. Ama ne. Ama da. Problemot E vo vas. Lutete se. Ama sredete se...
Мене искрено ми е незгодно да гледам како некоја мајка си го дои бебето во јавност. Знам дека таа не е виновна и не може да испланира кога ќе му се пријаде на бебето ама не знам едноставно глупо е за гледање. Исто како што ми смета и ми е незгодно кога некои се бакнуваат во јавност. Сите сме (биле) млади и заљубени ама преглупо е во парк, во автобус, на постоја, на кафе да се лигавиш.... Ми пекнува порано на една случка во парк една жена си го доеше бебето, а до неа двајца мажи постари седеа. На едниот кутриот незгодно му падна, демек читаше весник, виде не виде си стана...а тој другиот зјапа ли зјапа во градата на жената А мене преглупо ми беше.... Не знам, може вака размислувам дека уште не сум мајка...може кога, здравје боже, ќе имам еден ден деца поинаку ќе размислувам.
Јас веќе кажав во темава дека веќе доев во полициска станица и замислете не ме притворија . А кога ќе размислам поубаво, моја цицка што се не видела еееееееејјјјјјјјј, сум доела во парк, пред амбуланта, во ресторан (додуша на паркинг во кола), на автопат (пак во кола де), низ град (кога ќе размислам баш често сум доела во кола ). Никогаш не сум забележала дека на некого му смета тоа, можеби затоа што и баш треба да се загледаш за да видиш што правам, дали цица или само се гушкаме со бебе. Додуша и да му засметало, баш ми е гајле, што има било кој да зјапа во мене. Кога сум на гости се тргам настрана, дома кога сме со гости, исто одам во друга соба. Никогаш до сега не ми засметало мајка што дои (односно бебе кое цица). Дај Боже што повеќе да ги има што цицаат, па ако сакаат на коњот на Алексндар да се качат и нека ги дојат
Pa nikoj ne te ni tera da razmisluvas kako nas, ne mora ni da oslepuvas, samo zemi si ja metlata i odletaj podaleku koga ke vidis majka sto doi, za da ne ti bide nezgodno.
Ne mi e nezgodno, samo malku grozno. Zatoa ne sakam da mi se doi pred lice. I mislam da zavrshime so muabetot i da prekratat gluposti za letechki metli za da nema kavgi vekje, ok?
E dobro de, ja menuvam recenicata, zemi ja metlata i odletaj da ne gledas grozotii, moze vaka? Pozdrav!
Па и немаше да има толку муабет ако не употребуваш такви зборови за доење како грозно, невкусно, лошо итн. И ако не ти треба таков призор едноставно не гледај тоа ми беше муабетот. Мајката што доела имала приоритет да го нахрани или смири детето и што е грозното во тоа?
Ич не навалуваме. Нема тебе да те прашаме дали кога сме излезени може да си го надоиме детето. А тебе ако ти е невкусно со твојот перфектен ментален склоп можеш слободно да се грозиш и да ти стои. Едноставно не можеш да го смениш тоа.
Ништо лично према тебе. Сериозна сум. Јас многу работи не сакам да ми се прават пред лице бе... Далеку поневкусни, далеку побезобразни, кои ме тангираат и мене како човек на повеќе нивоа. Таквите како вас, што Ве тангира мајка што дои? Сврти поглед пријателке. Гледај во небото, гледај во кафето, гледај во мобилниот. Само кога ќе имаш дете, не знам како ќе го погледнеш ладнокрвно во очи кога ќе плаче од глад или жед.. Ах бре жениииии.... Ама што се чудам... Прометеј го облековме со златни гаќи, та цицките нема да ги прибереме в прслук....
A shto ve vas, ili da se izrazam po vashe, "takvite kako vas" tolku boli shto mene mi prechi? Da, ja pravite lichna rabotata, od ne znam koi prichini, vie si znaete. Ete mene mi prechi, ne deka neshto kje promenam, nikogash ne sum izreagirala ni nadvor na doilka, od kultura, no ovde se izjasniv deka mi prechi i povtorno bez da napadnam nekoja od vas. Koi ste sega vie da ja ogranichuvate slobodata na govor? Shto ne go spomna ovoj kich?
^^^^ Аууууу, како цицките на жеништава не им се покриени јас не знам!!! Башка нели децава ви личат дека големи ги направиле?? Не би требало да цицаат така големи.... Не ли ве вреѓа ова???? Мене да. Ама од друг аспект. Што мои пари се потрошени за оваа глупост. По цена на тоа да немам асално здравство, образование и слично... Ама тоа е друга тема. Прометеј душо беше спомнат како пример за тоа колку сме конзервативни во нашите мислења. Го извајаа со пенис и оп - жени се кренавме во бунт! Пенис бе! Страшно! .....Речиси страшно како цицка! Не мора да ми реплицираш, ок е што се гадиш од доење, имаш слобода на говор, денес па и кој стигне има слобода на говор кога ќе видиш... сепак, секакви нѐ има на светов. Па и вакви како мене што ќе дојат во јавност... Ноу џаџмент, нели.
"Dusho", mene doenjeto mi prechi od shto mi e grdo, a ne od konzervativnost. Taka da, obrati se na nekoj drug da mu gi spushtat gakjite na Prometej za koi ne me interesira, mene ostavi me raat, oti sekoj ima pravo na svoe mislenje. Nema da vi se pravdam zoshto doenjeto mi e grdo. Bezvrska me citirate cela vecher.
Imam predhodno pisano deka ama bas kadd ke pobara da cica tamu sum mu davala ne izlagavme kojznae kade ama i tamu kade sto sum bila bez pardon sum mu davala da cica. A dali site vie sto ste protiv doenjeto vo javnost ste rodile i dali imate izedeno bar eden sendvic na ulica.... pa ne nas sekoj saka da ve gleda kako cmatate..... Zemete sendvici i zatvorete se doma .....
a zosto nekoj ako ne e roditel pisuva na forum bebe?ne mi e jasno uste no ti si znaes. Sepak nadezno e deka koga ke stanes majka / roditel so drugi oci ke gledas na doenjeto ...kako potreba a ne kako na porno film
Можеби бидејќи неродителот, односно- немајката е оформена личност со свои ставови? Форумот е место каде секој може да си го каже своето мислење за некоја определена тематика и конкретно оваа тема се фокусира на тоа што мислат феминките за чинот на доење во јавност, дали се за или против. Си има друга тема „Доење“ која е наменета за совети и искуства околу самото доење и јас нормално дека таму не пишувам зошто нема што да барам во таа тема. Се знае која тема за што е
Многу полемика Многу навреди Секој нека си прави што сака и како му одговара Незнам само зошто сите си дозволивме да се навредуваме. Нормално дека различно ќе мислиме... Срам да ни е на сите
Јас сум апсолутно ЗА доење во јавност, детето мора да јаде. Меѓутоа вчера бев во ресторан во Охрид каде на масата до нас седеа 15тина луѓе а на чело на масата седеше мајка со дете и го доеше додека сите јадеа. Целата ситуација беше непријатна од причина што бебето цело време се тргаше и дури и кога веќе не цицаше жената седеше со извадена дојка на маса со храна. Истиов процес се повторуваше на неколку наврати во рок од саат ипол. За да биде побизарно на масата седа деца во пубертет. Повторно ќе кажам немам ништо против доење во јавност меѓутоа се треба да има граница и мерка. Не пишувам често на форумов меѓутоа останав фрапирана по оваа ситуација и буквално ми се згади од ручекот. Едно е да се најаде детето а друго да се иживуваш со цицката во тањир на тој до тебе (извинете на речник).
Лелелееее..случајно видов дека уште се надмудрувате во темава. Ај нека направи @RainBow анкета со гласање, нека стои јасно погоре, колку се за и колку против доење во јавност и нека ја затвори темава. Веќе сѐ кажавте и само се повторувате до бескрај.
Епа ете, тоа е тоа што на секого би му сметало. И јас доев, па вакво нешто стварно ми е безвезе да гледам. Ова е стварно однос "станав мајка па шо сакам ќе си праам". И не, не се ретки овие ситуации, и јас сум гледала како блиска личност прави нешто слично на ова иако апсолутно имала услови за да дои дискретно и достоинствено. Истата таа личност ме убедуваше да му ја сменам каканата пелена на син ми на сред ресторан (меѓу масите, во количка). Не споредувам цицање со менување пелена, да не изрипаме сега, ама сакам да кажам тоа е тој неосет што ме нервира. Не би и рекла на мајката што дои така апсолутно ништо, нејзина работа, ама факт е дека не бива таков однос