Е од вакви мислења се иритирам, значи седеле на маса до вас, не седела на твоја маса, меѓутоа синдромот да гледаме по туѓи маси е посилен од културата да си ја гледаш својата маса, јас кога седам во ресторан не гледам по туѓи маси, си ја гледам само својата да седи Бред Пит до мене не би примела. Бизарно е да врни снег во сред лето, не е бизарно да седат деца во пубертет на маса со 15 луѓе ама нели доилката е некултурна што доела а ти што си гледала колку луѓе, какви луѓе, колку пати доела, аааа да ти си културна. Немој жити се да се фрапираш од тоа што се случува по туѓи маси ако си ја гледаше својата маса немаше да ти се згади ручекот ама пошто саат и пол си ја гледала туѓата маса не си била толку фрапирана и загрозена како што сакаш да ни доловиш, ако ти се гадело или немало упорно да зјапаш или ќе си станела и отишла. Јас сум по природа срамежлива личност, не се облекувам провокативно, мислам дека сум пристојна меѓутоа кога има потреба си ги дојам децата надвор од домот, некогаш се покривам, некогаш не, гледам да сум облечена практично за доење, срамот сум го заборавила не затоа што сум мајка и ми се може туку затоа што сум генетски програмирана да се грижам за детето и тоа е на прво место, срамот на последно.
@bittersweet, интересно е како успеа да го игнорираш цело мислење и да се закачиш само за едно нешто за да си ја докажеш поентата. Секако дека не било културно да се гледа што се случува на таа маса од страна, ама еве да ја земеме и како имагинарна ситуација: Седиш со други луѓе на масата, на кои баш и не им е пријатно да јадат како нешто секојдневно да се случува, зашто ете не се навикнати да го гледаат чинот на доење секојдневно. Деца, тинејџери. Ќе доиш туку така пред нив? Абе треба да има граница. Никој не вели дека мајката не треба да си го нахрани детето, ама треба да се најде подискретен начин.
Види, нема потреба од напаѓање. 1. Никој во ресторан не седи и гледа само во тањир. Не сум ја осудена да гледам во тањир или во ѕид. Жената седеше точно карши мене и немаше опција да не ја погледнам, не ја зјапав зошто не ми беше пријатно. 2. Бизарно е зошто до неа седеше дете машко од 14 години, пак ќе кажам не е проблем доењето како чин туку тоа што кога детето се најаде жената сеуште седеше со извадена дојка, насочена кон мојата маса. 3. Зашто јас да си отидам кога сето тоа може многу поприкладно да се изведе, немаше никаква причина после доењето да седи со градата надвор. Доењето трае додека јаде детето, после тоа е жена која седи топлес во ресторан. А да седеше на мојата маса ќе ја замолев да стави прекривка или да си ја собере од кога ќе го надои детенцето или како опција 2, јас ке ја извадев мојата и двете ќе седевме така со цицки на маса виснати зошто нели тоа е нормалнo.
Ливинг ништо не игнорирав, како напишала така го толкував постот, 99% од постовите се на иста основа, видов таму на некоја маса мајка дои бебе, лелеее фуј ми се згади животот. Ако си гледала на своја маса немало да и се згади животот а од што ви се гади само тоа не ми е јасно, бебето кога дои само главата му се гледа и горниот дел од градата, повеќе од градите се гледа во деколте па не гледам никој да паѓа во несвест по улици од тоа. И да не испадне дека не одговарам на поставено прашање или се правам наудрена, дојам пред децата мои, пред внуците од брат ми, исто како што снаа ми дои пред децата, нормална глетка им е тоа, ако се кријам од децата за да дојам никогаш нема да ме видат. Кога одам кај на мм родителите исто дојам пред сите, ако дозволува малата се покривам ако не сака да е покриена си ја дојам без покривка, таму има и пубертетлии и мали деца, стари, млади ама никој не паднал во несвест, никој не застанал да ме гледа и дефинитивно никој не му се згадил животот затоа што јас ја дојам малата. Не ми ни дозволуваат да станам од маса и да одам во друга соба за да ја дојам малата, верувам дека ако им е непријатно ќе ми кажеле, така да и јас дојам на маса полна со луѓе, си продолжуваат со разговорот и ручекот и не зјапаат како да го виделе 10-то светско чудо, не знам може па тие се сите некултурни на чело со мене.
Различни ситуации се апсолутно, не Ве познавам и не знам зашто лично си го сфаќаш ова. Жената седеше во купачи пред мене точно и пак повторувам по трет пат дека мене не ме згрозува доењето напротив апсолутно го поддржувам дали било јавно или не. Проблемот е што од кога заврши целиот чин жената упорно седеше со дојката надвор. Не знам што не е сфатливо и не знам како мојата реакција е чудна. Чудно е тоа што бебето веќе спиеше а женава седеше така на мегдан тоа е чудно.
Па карши мене седеше жена со извадена цицка и без бебе на неа, мислам дека секој би приметил макар да погледнал на мили секунда.
Погоре не спомена дека бебето веќе не било со мајката. Небитно... Алал да ти е на фотографскава меморија. Во милисекунда ти успеа да приметиш толку многу работи, без притоа некултурно да зјапаш во туѓата маса. Браво! Да не се повторувам, убаво ти кажа @bittersweet ако си гледала на твоја маса не верувам дека ќе си го приметела сево ова што тука ни го раскажа. Арно ама... македонскиов синдром тешко се искоренува, туѓиот двор е секогаш поинтересен од сопствениот.
Да, во право си од сега превез на очи и готово. Инаку три пати го напишав истото, дека детето веќе е најаде, меѓутоа не го дочитувате постот и само напаѓате ако некој не се сложува, дека сум малограѓанка, деја зјапам итн. Е тоа е македонскиот синдром....
Кoгa беше пoмaл син ми,секoгaш кoгa излегувaвме спиеше вo кoличкa,и сaмo вo кoлa гo дoев aмa зaтoa пoсле 6,7 месеци сме се дoеле секaде дискретнo пoкриени,вooпштo не ми билo битнo дaли некoј зјaпa или не,битнo ми е дa ми е бебетo здрaвo среќнo и дa не плaче,сегa имaме три oбрoци и се дoиме кoгa сaкa кoлку сaкa вo јaвнoст дoмa,вo кoлa нa плaжa кaде ќе пoсaкa синкo,бидејќи кoгa си мaјкa цел свет е небитен,центaрoт нa мaјкaтa е дететo и негoвите пoтреби,и дaј oлaбaвете сo селскиoт ментaлитет oд тaкви немoже држaвaвa дa тргне нaпред,300 гoдини сме пoнaзaд oд сите еврoпски земји,прoшетaјте мaлку шпaнијa,итaлијa,шведскa прoширете ги видиците oтупевте тукa...и зaмислете вo Хрвaтскa сум виделa секс вo пaрк aмa тaму никoј не зјaпaше бидејќи зa нив е се нoрмaлнo,и ништo не е чуднo дoдекa кaј нaс е срaмoтa дa се дoи не пa другo...ееее oд тaкви си пaтиме...
А можете ли мене да ме научите т.е. мојот син за доење дискретно? Значи да го доам и да го покријам со марама тој веднаш прекинува со цицањето, ја трга марамата и почнува да си игра со неа и цела града на мегдан. И кога и да цица тој цицне па ќе разгледа, па пак ќе цицне и оп пак града на мегдан. Инаку од моите другарки само јас сум мажена и имам дете и Х пати ми се има случено да ми дојдат на гости и пред нив да си го доам детето и знам дека воопшто не и е било незгодно и никој не зјапал на мене во града туку сме си продолжувале со муабетот како и предходно и никој никој тоа не го сфакал како табу тема туку како нај нормално како да пие млеко од шише.
Генерално си патиме од такви што неможат да поднесат различно мислење од нивното, па макар било и погрешно. Конкретно од форумџики кои по 100 пати се огласуваат на темава, со цел да вреѓаат и убедуваат дека баш нивното мислење е најисправно. Е добро де мајки сте, па што? Чудо големо, и тоа само за Вас и за никој друг ( никој друг нема потреба да се оптоварува со вашето мајчинство )Тоа не Ви дава за право да се понашате како ќе Ви текне на секое можно место, во името на МАЈКА. Си има некои норми. А тоа што го потенцираш за секс на јавно место, многу убав пример за напредно општество даде. И дајте веќе и вие што пишувате тука по 100 пати почнете да си ја гледате вашата работа.Си кажавте ваше мислење, ако немате повеќе аргументи од тоа дека сте грижна мајка со квалитетно млеко стварно веќе е досадно за читање на едни те исти содржини.
Извини јaс не гo дaдoв тoa кaкo пример зa нaпреднo oпштествo,туку кaкo пример декa вo Хрвaтскa и другите земји се е нoрмaлнo и никoј не се зaмaрa, не пa дa зјaпa штo прaвaт другите,дoдекa кaј нaс глaвнa oкупaцијa е тoa нaместo секoј дa си јa гледa мaсaтa,и дa мaјки сме ни се мoже буквaлнo се тoa ти е...
Aј те молам кажи ми подетално за овие норми. Кажи ми каде пишува дека доењето во јавност е некултурно, неморално итн. Навистина сакам да знам. Можеби јас сум пропуштила нешто
Никаде не пишува, исто како што непишува дека е културно и за сите пријатно за гледање. Има и непишани правила и норми. Има луѓе што несакаат да го гледаат тој интимен чин помеѓу мајка и дете. Има и такви што несакаат да гледаат туѓи цицки. И што сега, Вие упорно ќе убедувате дека на сите мора да им е убава таа глетка. И да си пропуштила во делот да разбереш и поинакви мислења од твоите. Ете тоа во принцип пропуштате вие што толку настојувате дека Вашето мислење е секогаш во право.
Kako gi opisuvate situaciite, kako bozem zenata zemala i ja tresnala gradata od masa, naaaa videte ja site a i kade ziveete pa vakvi raboti gledate? Pak kje prasam kako jas ne sum videla zena sto doi javno? A ziveam vo Skopje i sekoj vtor den setam so maz mi, sednuvam na kafinja i nikogas ne sum videla zena sto doi, sigurno imalo nekade ama ne sum nenormalen zjapac kako vas vaka kako sto gi opisuvate situaciite da nekulturno e i ne e ubava gledkata, no seuste nemozam da zamislam kakva e taa zena sto gi vadi nadvor prvo site da gi vidat, pa posle doi... Sigurno ne e do tolku neskrieno kako sto vie opisuvate...
Ама поентата е што таа глетка не е за на некој да му биде убаво да гледа или уште полошо за некој да гледа цицка, туку е нормален чин на хранење на дете. И во ред е ако на некој му смета ама има и решение нека не гледа натаму воопшто.
Твоите норми не мора да се и мои норми. Тоа што за тебе е непристојно за мене е нормално. И? Јас би требало да се прилагодувам кон твоите правила? Па замисли си што ќе биде ако почнам да обрнувам внимание на секого поединечно? Не за џабе постојат пишани правила и норми чие непочитување се санкционира законски. Се останато се лични убедувања кои се обидувате тука да ни ги продадете како општоприфатени правила. А не се.
Епа во тој случај можеш слободно да си се сексаш со маж ти на сред кафиќ, како што посочуваше некој погоре, и еве обеќаваме нема да гледаме, ќе си гледаме во наш тањир. Но поентата е во тоа дека немој да ме убедуваш упорно дека ти си во право а јас не. Ако ти е толку фино, немој да се прибираш по дома додека ти е мало детето за да можеш почесто да го доиш во јавност. Немој да ме убедуваш дека мене мора да ми се бендисаат твоите голи цицки. Научете се да комуницирате по форуми, да читате и туѓи мислења. Си кажа што си кажа те сватифме дека си ПРО доење во јавност- слободно продужи даље ако сакаш и симултано со двете наеднаш. Твој проблем. Форумов е да си кажеме свое мислење, ако не сте способни да сватите дека има и различни мислења од Вашите непишувајте воопшто. Дружете се стрикно само со истомисленици.